Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески

По повод празнувањето на најголемиот христијански празник, „Христовото воскресение- Велигден“, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид од православна вероисповед. „Со особена радост и задоволство, на сите граѓани од православна вероисповед и на илјадниците туристи кои ќе престојуваат во Охрид им ги честитам Велигденските празници и им посакувам здравје, среќа,благосостојба, Христова љубов и спокој во секој дом и секое срце. „Христовото Воскресение- Велигден“ е возвишен ден, торжествена радост од која бликаат љубовта и надежта. За да го доживееме воскресението Христово“, од кое се роди богоугодната радост, ние треба…

повеќе...

Воскресение Христово – Велигден

Велигден или Ден на Воскресението Христово е најзначајниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела после Велики петок. Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“. Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист…

повеќе...

Утре бесплатен паркинг во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден, донесе одлука утре користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности.“- велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и…

повеќе...

СВР Охрид со превентивни мерки во текот на празничниот продолжен викенд

Во текот на празничниот продолжен викенд, СВР Охрид ќе презема ефективни, пред се превентивни мерки, со цел зачувување на јавниот ред и мир и подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот. Мерките на полициските службеници ќе се насочат кон учесниците во сообраќајот што ги кршат сообраќајните правила и прописи и не ги почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај. Мерки, посебно ќе се преземаат кон сторителите на казнени дела, со цел елиминирање на можностите за нарушувања и загрозување на јавниот ред и мир и вршење имотни деликти.…

повеќе...

Велика Сабота

Велика Сабота, е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј симбол е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото…

повеќе...

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот со апел да се почитуваат сообраќајните правила

Со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид, во пресрет на Велигденските и првомајски празници, од  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи. „Во услови кога во Охрид веќе бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, да се користи безбедносниот појас,…

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ Охрид дел од Велигденскиот саем 2016

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа на Велигденскиот саем 2016, кој е во организација на Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид. Штандовите на ОУ „Христо Узунов“ беа посетени и од Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески. На просторот на плоштадот „Крушевска Република“ на повеќе штандови е изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот.

повеќе...

Отслужени Царските часови во Каменско по повод Велики петок

Во Великиот и свет Петок, утрово во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беа отслужени Царските часови, заедно со Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба, според црковниот типик, се изнесе и светата плаштаница, со која се симболизира положувањето на Спасителот Христос во гробот.

повеќе...

Фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод верскиот празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организира фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел во просториите на КУД „Илинден” од Велгошти. Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 02.05.2016 (Втор ден Велигден) на фудбалското игралиште во Велгошти.

повеќе...

Започна Велигденскиот саем

Во организација на локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, денеска на плоштадот „ Крушевска република“ започна дводневниот „Велигденски саем“. Оваа манифестација има хуманитарен карактер и предвидено е со средствата од продажбата на изложените предмети и храна, да им се помогне на социјално загрозените семејства. „Организирањето на саемот кој има хуманитарен карактер е почеток на славењето на најголемиот христијански празник „ Велигден“ . На поставените штандови, околу 25 учесници ќе продаваат ракотворби, слатки , украси, сувенири, накит и други рачноизработени предмети. За тоа им изразуваме благодарност на општествено…

повеќе...