Во пресрет на новогодишните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, покрај редовните, почнаа со спроведување на вонредни, засилени контроли на специјализираните продавници за храна од животинско потекло (месарници, рибарници, и сл. ) и во угостителски објекти (хотели, ресторани). Контролите се спроведуваат на целата територија на државата и со нив ќе бидат опфатени и туристичките места Маврово, Попова Шапка, Охрид, Струга, Берово и Дојран. Целта на контролите е елиминирање на можнста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на здравјето…
повеќе...Tag: ветеринарство
Извршена превентивна вакцинација од антракс на добитокот во село Раовиќ
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство, во почетокот на минатиот месец, изрече мерка за превентивна вакцинација против болеста антракс, на сите приемчиви видови животни (говеда, овци, кози и коњи ) во селото Раовиќ во општина Сарај. Таму, во едно одгледувалиште, само кај едно угинато животно (говедо), со лабораториски анализи на земените мостри потврдено е присуството на оваа болест. Од страна на официјален ветеринар и овластеното ветеринарно друштво извршен е преглед и кај останатите животни во одгледувалиштето и кај другиот добиток кој се одгледува во ова село, при што…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство дел од Советодавниот форум на ЕФСА
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски на 8 и 9 декември, во Луксембург, учествуваше на состанок на Советодавниот форум на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА). Советодавниот форум на ЕФСА претставува собир на челните лица на националните агенции одговорни за безбедноста на храната. Форумот помага во креирање на работните програми на ЕФСА и се грижи за новите ризици во синџирот на храната, осигурувајќи дека потрошувачите сe заштитени на најдобар можен начин.Со ова учество на директорот Поповски, во Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на…
повеќе...АХВ потпиша протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, со претставници од Генералната администрација за надзор на квалитет, инспекција и карантин на Народна Република Кина, потпиша Протокол за извоз на замрзнато јагнешко месо на кинескиот пазар. Потпишувањето на протоколот се реализира во рамки на бизнис форумот, кој вчера се одржа во Пекинг, како дел од активностите на Владата на Република Македонија за презентација на бизнис можностите за инвестирање во земјава. Официјализирањето на оваа соработка, како што беше истакнато, ќе биде основа за интензивирање на бизнис релациите и продлабочување на трговската…
повеќе...АХВ дел од фестивалот за органска храна
Македонија последниве години во континуитет го зголемува органското производство. Владините политики во овој сегмент и проектираната дополнителна поддршка даваат резултат, беше речено на Фестивалот на органска храна што под мотото „Вкусот на минатото, сегашноста и иднината“ се одржува денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна. Но, не само што е зголемено производството, беше посочено дека полека се менуваат и навиките на потрошувачите, нивниот вкус. Тие се повеќе бараат и знаат да препознаат домашни, органски земјоделски производи. „Фестивалот е уште една потврда дека храната е грижа на сите нас и…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година со евидентен напредок во евроинтеграциите
Европската Комисија и оваа година и даде висока оценка на Агенцијата за храна и ветеринарство во поглед на напредокот во евроинтегративните процеси содржани во Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, нотирајќи дополнителен напредок постигнат во периодот октомври 2014 – септември 2015 година. Со оглед на тоа дека во изминатиот период, од формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство е постигнат напредок во скоро сите области, што беше нотирано до страна на Комисијата во претходните Извештаи, годинава, единствена препорака за подобрување во наредниот период, која е содржана…
повеќе...Почна есенската вакцинална кампања против беснило
Со авионско фрлање 500.000 мамки, Агенцијата за храна и ветеринарство, денеска ја почна осмата кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило. Кампањата стартуваше од спортскиот аеродром Стенковец, а ќе трае наредните неколку дена. Целта е прекинување на пренесувањето на вирусот од едно на друго животно и негово елиминирање од носителите, т.н. резервоари на болеста. Вакциналните мамки имаат кафена боја, а се направени од рибино брашно. Во нив се наоѓа капсула во која е сместена течната вакцина против беснило. Според планот, ќе се исфрла по 21 мамка на километар квадратен.…
повеќе...Јајцата од узвоз и од домашно производство се безбедни
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија најостро ги демантира објавите во дневните весници Вест и Утрински весник од 02.11.2015 година со наслови „Во Македонија се увезуваат небезбедни српски јајца“ и „ Небезбедни и препакувани јајца од Србија се продаваат во Македонија“. Агенцијата за храна и ветеринарство одговорно и аргументирано тврди дека на македонскиот пазар нема небезбедни јајца, ниту од Република Србија ниту од домашно производство. Јајцата кои што се увезуваат од Република Србија ги исполнуваат сите безбедносни критериуми, а тоа е потврдено со взаемно признатите ветеринарни сертификати за…
повеќе...АХВ и македонско-руската Стопанска комора ја официјализираа соработката
Развој на трговските и економските врски меѓу Република Македонија и Руската Федерација преку разменување на информации од областа на трговијата, индустријата и услугите, со цел унапредување на билатералната соработка, се основите на Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонско- Руската стопанска комора. Со овој документ, се официјализира досегашната плодна соработка на Агенцијата со ова коморско здружение, која, како што истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски на денешниот семинар за законската регулатива, правилата и прописите за извоз на млеко…
повеќе...Едукативни работилници за HACCP и за новините во означувањето и во Охрид, Струга и Битола
По вчера одржаната регионална работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти и за новините во означувањето на храната, која за операторите со храна од Струга и Кичево се одржа во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија, денес, едукативна работилница се одржува и во Охрид. Со серијата едукативни работилници за новините кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и за интензивирање на HACCP системот за безбедност на храната во угостителските објекти во Република Македонија, денес се одржува едукативна работилница и за…
повеќе...