Од Винарија Охрид соопштуваат дека заинтересираните правни и физички лица од Охридско – Струшкиот регион кои располагаат со лозови насади и истите се заинтересирани родот да го предадат во Винаријата Охрид тоа треба да го направат најкасно до 01.10. 2013 година. Прием на грозје се врши секој ден од 08 до 21 часот (работни се саботите и неделите). После овој рок грозје нема да се прима, информираат од Винарија Охрид.
повеќе...Tag: вино
Подготвителни активности за претстојната откупна сезона на винското грозје
Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна средба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија. На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето…
повеќе...Можноста за повторен упис на винарниците во Винскиот регистар е од корист и за лозарите и за винарниците
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за измени и дополнување на Законот за вино, чија суштина се состои од предвидување на можноста за повторен упис во Регистарот на вино за оние малку винарници кои биле избришани од него заради неисполнување на роковите за подмирување на обврските кон лозарите, а кои во меѓувреме ги исполниле истите тие обврски. Регистарот на производители на вино беше воспоставен со цел да бидат регулирани и ставени во правна рамка…
повеќе...Општина Охрид-град партнер на вториот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2013“ во Александровац
Во рамките на вториот меѓународен саем за вино кој се одржа на 7-ми и 8-ми јуни во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како проект партнер. На саемот Општина Охрид ја претстави богатата туристичка понуда, квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехранбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебната промоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка…
повеќе...Македонските вина промовирани на саем за вино во Кина
Саемот за промоција на вино и пијалоци Интервине се одржува во градот Гуанџоу, НР Кина во периодот од 30ти Мај до 1ви Јуни 2013 година. На десетото издание на Саемот ИНТЕРВИНЕ се презентираат 11 винарски визби од Македонија (Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула), на заеничкиот павиљон, а заедно со виното се презентираат и туристичките и инвестиционите потенцијали на Македонија. Ова е најголемиот саем во облата Гвандонг, јужна Кина на кој своите вина ги презентираат повеќе од 500 изложувачи од 20 земји од…
повеќе...Коњановски: Проектот „100 мали винарии“ одлична шанса за тиквешкиот регион
Само во првите три месеци од годинава е исполнета квотата за извоз на наливно вино во земјите од ЕУ. Заклучно со 4-ти февруари целосно е искористена договорената бесцаринска квота од 31.400.000 литри. Овие бројки говорат за подемот во секторот земјоделство кој е особено значаен за Тиквеш како најголем лозарски регион во Македонија. Ова го истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на трибина во Неготино. Лани, рече, е реализиран рекорден извоз, 1,15 милиони хектолитри, што е десеткратно зголемување. Досега 2011 година која се сметаше за најдобра во…
повеќе...Делегација од меѓународниот саем за вино „Жупа“ во посета на Охрид
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, денеска оствари работна средба со претставници на меѓународниот саем на вино Жупска Берба од Александровац, Република Србија. Делегацијата предводена од Г-динот Југослав Стајковец, директор на меѓународниот саем за вино, му ја честиташе функцијата на Градоначалникот Бакрачески со желба меѓусебната соработка помеѓу двата градови во иднина да се издигне на едно многу повисоко ниво. Градоначалникот на Охрид, Г-динот Бакрачески заблагодарувајки се на честитките го прифати ваквиот предлог со заеднички заклучок дека ваквите партнерски односи на меѓусебна соработка ќе ни овозможат бенефит во поголем број на…
повеќе...