Отворен фестивалот на вино и сирење

По неколкугодишна пауза, Охрид повторно е домаќин на Фестивалот на вино и сирење. Свеченото отворање беше синоќа на плоштадот Чинар. Пред многубројните посетители во пријатна атмосфера фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески. „Вкусовите и мирисот на сирењата кои ќе се понудат денес овде, постарите ќе ги вратат во времето на нивните баби и дедовци, кога сирењето се правело во домовите и во секој дом имало поинаков вкус, додека помладите генерации ќе имаат можност да ја пробаат ова здрава храна произведена на традиционален начин, таква како што…

повеќе...

Утре започнува фестивалот на вино и сирење

Утре вечер со почеток во 20 часот на плоштадот “Чинар“ односно некогашниот “Крушевска Република“ свечено ќе биде отворен Фестивалот на вино и сирење. Целта на случувањето е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи.  „По неколку годишниот прекин на манифестацијата истата годинава е обновена со внесување повеќе иновации со намера да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југо западниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија , годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и Корча – Албанја. Со…

повеќе...

Општина Охрид – град партнер на третиот меѓународен саем за вино и туризам „Жупа 2014“ во Александровац – Р.Србија

Во рамките на третиот Меѓународен саем за вино кој се одржа на втори и трети мај, во организација на Оштина Александровац, и оваа година Општина Охрид учествуваше како град партнер.   На саемот Општина Охрид ja претстави богатата туристичка понуда,  квалитетните вина на локалните винарии, како и дел од вкусните и мајсторски приготвени специјалитети на домашните производители на прехрамбени производи. Претставниците на Општина Охрид со претставници на Општина Александровац, разменаа Меморандум за соработка и партнерство, со цел поттикнување на меѓусебнатапромоција на туризмот и услугите како и унапредување на деловната соработка…

повеќе...

Владата ќе кофинансира отворање продавници за вино

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека, со цел дополнителна поддршка на винскиот стопански сектор, зголемување на промоцијата на македонското вино произведено од 81 регистрирана винарија во нашата земја, зголемување на внатрешната потрошувачка на македонски вина, збогатување на туристичката понуда, но и поддршката на економскиот развој, условите за водење на бизнис и отворањето на нови работни места, Владата на Република Македонија започна со спроведување на проектот за отворање и работа на унифицирани и специјализирани продавници за вино. „Идејата за овој проект потекна од бизнис…

повеќе...

Промовиран Водич за македонските вина, наменет за странските пазари

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промовираше луксузно издание посветено на македонските вина и винарии. Книгата насловена како „Вината од Македонија – краток водич за македонските вина и винарии“ е напишана на аглиски јазик на над 200 илустрирани страници и е наменета за странските трговци и компании, кои се потенцијални купувачи на македонското вино. На почетокот содржи лирски воведен текст, а потоа следуваат осум клучни поглавја посветени на историјата на виното, традицијата и обичаите, винската култура и производството, како и врстите грозје кои успеваат на територијата на Македонија во 16-те…

повеќе...

Ставрески: Целосно исплатени субвенциите за лозарите

Субвенциите за лозарството се во целост исплатени, а според планот тече исплатата на субвенциите и за останатите гранки во земјоделство, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на виновата лоза во Неготино по повод празникот свети Трифун. „Во изминатиот период се исплаќаа субвенциите за лозарите. Исплатени се 386 милиони денари на 12.615 лозари. Започнаа да се исплаќаат и оние за тутун и преку 27 илјади производители на тутун веќе ги добија своите пари за субвенционирање на производството. Оние кои допрва ќе го…

повеќе...

24-годишниот Петар Рупески прв доплива до бурето со црвено вино

Илјадници верници на новоизградениот мал плоштад во Охрид денеска, на Денот на рибарите, со топла ракија и вино си посакуваа здравје и среќа во годината што е пред нас. Се јадеше вкусна рибина чорба, пача, но и плашици, а по традиција, охриѓани скокаа и по бурето со црвено вино. Најсреќен годинава се чини дека е 24-годишниот Петар Рупески кој прв доплива до бурето со црвено вино. „Оваа година ми е најсреќна зашто го фатив и Светиот крст. Еве сега и го фатив и бурето со црвено вино. Се надевам дека…

повеќе...

„Функционер“ го лапна бурето со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби

Импресиите во јавноста и низ социјалните мрежи од овогодишниот Вевчански карневал и по една недела не стивнуваат. Се уште се зборува за рекордната посетеност, музичките гости, детското катче, за гостопримливоста на Вевчанци и, секако, пред се, за василичарската поворка со маски, која беше вистински театар на улица. Субрата Рој, пензионери на скии, функционер, Глупи Август, Есма, младоженец и невеста… беа само дел од маските со кои Долна и Горна Маала на сатиричен начин ја поздравија и ја насмеаја толпата дојдена да го доживее Вевчанскиот карневал. Претставниците на седмата сила беа…

повеќе...

Брендирани вински продавници во девет македонски градови

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе кофинансира отворање на 10 специјални вински продавници со површина од 30 до 100 метри квадратни во кои ќе се продаваат македонски вина и ќе бидат препознатливи дека се брендирани од државата. За таа намена ќе одвои 10 милиони денари од Програмата за рурален развој. Огласот наскоро ќе биде објавен, а првите продавници ќе се отворат во Скопје две и по една во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево, градовите во кои има најмногу туристи. Ќе се кофинансира опремување на продавницата…

повеќе...

Министерот Димовски учествуваше на „Фестивалот на младо вино“

Љубителите на доброто вино имаа уникатна можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинашната берба и да го дегустираат младото вино од 2013-та. Пред министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, бизнис заедницата и останатите почитувачи на виното, винарската визба „Тиквеш“ ги претстави вината произведени од новата реколта на грозје. Целта на Фестивалот на младо вино, кој годинава се одржува по четврти пат, е да се оцени потенцијалот на младите вина, но и да се подигне винската култура во земјава. „Организирањето на вакви манифестации претставува вистинска можност за…

повеќе...