Со оглед на ситуацијата, реалноста и сериозноста на коридорот југ-север преку кој сите мигранти влегуваат во Грција од Турција и го продолжуваат својот пат кон север, морам да кажам дека во 2016 напредувавме во ситуација во која имаме соработка, додека во 2015 немавме никаква соработка, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. На прес-конференцијата по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија во Солун, Попоски нагласи дека годинава со Грција се воспоставени канали за комуникација, има сериозно подобрување на двете страни кај…
повеќе...Tag: влада
Средба Попоски-Коѕиас во Солун
Билатералните и економските односи меѓу Македонија и Грција, напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба и проблемите во регионот беа главните теми за кои денеска во Солун разговараа министрите за надворешни работи Никола Попоски и Никос Коѕиас. Ова за МИА го потврди и претставник на грчкото Министерство за надворешни работи, кој додаде дека средбата помина во многу добра атмосфера. Коѕиас пред средбата изјави дека со Попоски нема да разговараат за прашањето за името. Во врска со мерките за градење доверба Коѕиас потсети дека досега имаше две рунди средби и…
повеќе...До јуни обнова на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција од 1,1 милион евра
До јуни годинава се очекува да завршат градежните работи за обнова на регионалниот пат Дојран – Николиќ, во должина од 5,5 километри, инвестиција од 1,1 милион евра. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности, истакна дека е задоволен од динамиката на изградбата на регионалниот пат како значајна врска за двете населени места. – Овој пат пат беше едно од ветувањата пред граѓаните на општина Дојран. Според динамиката на работа, задоволен сум како се одвива реконструкцијата и очекувам дека градежните работи ќе завршат и…
повеќе...„Агро бизнис зоната“ ќе се гради по теркот на најсовремените зони во Европа
Агро бизнис зоната ќе се гради по теркот на најсовремените зони во Европа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера промовираше нов проект за земјоделците наречен Агро бизнис зона Македонија што подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот за набавка на свежи и преработени земјоделски производи. Агро бизнис зоната ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата. Главните бизнис активности што ќе се нудат…
повеќе...Сала со шалтери за 36 услуги од 11 институции до крајот на годинава
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) до крајот на годинава планира да воспостави единствена точка за услуги првично од 11 институции. За сала за јавни услуги во просториите на Управата за матична евиденција е добиен простор за 15-ина шалтери за кои веќе е направено идејно решение. „Во следните шест месеци ќе се направи изведбено решение за подготовка на овие 15 шалтери да примаат шалтери од 11 институции кои ќе можат да ги даваат своите услуги на едно место. Засега со оглед на системите на институциите предложени се над 36…
повеќе...Попоски во Брисел се сретна со Даниелсон
Пред утрешната посета на Македонија на генералниот директор на директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон, денеска во Брисел со него се состана министерот за надворешни работи Никола Попоски. „,Разговаравме околу актуелната ситуација во Република Македонија и процесот на подготовка на изборниот процес. Во овој дел очекувањата на Европската комисија се дека можеме да се надеваме на спроведување на успешни избори на 5 јуни со што ќе се отворат вратите за излегување од оној циклус на политичка криза и на определен начин да се отвори вратата кон отпочнување преговори на…
повеќе...Попоски-Хан: Избори на 5 јуни се најдобар пат за враќање на ЕУ агендата
Избори на 5 јуни се најдобар пат за Македонија да ја врати агендата и да почне со преговори за членство во ЕУ, заклучиле македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот Јоханес Хан на денешната средба во Драч одржана на маргините на министерска конференција за Западен Балкан, соопшти МНР. Попоски имаше средба и со државниот секретар за европски прашања на Франција Арлем Дезир, кој по разговорот со шефот на македонската дипломатија на Твитер напиша дека Париз ја поддржува реализацијата на договорот од Пржино како клучен елемнт за приближувањето на…
повеќе...Сочувство од Иванов до белгискиот крал Филип
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Брисел упати сочувство до Кралот на Белгијците, Н.В. Филип. „Ваше Величество, Со длабока загриженост ја примив веста за грозоморните напади во Брисел. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве поддржам и охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со тероризмот, насилството и злосторничките акти, без разлика од каде и од што се мотивирани. Најостро го осудувам овој терористички напад и ја споделувам големата…
повеќе...Препораки за развој на живинарството во Македонија
Изградба на нови и обнова на постоечките капацитети за бројлерско производство (фарми), создавање препознатлив домашен производ, константно производство и снабдување на пазарот со пилешко месо, добра промоција која е клуч на успехот, но и многу подобра организација, односно заеднички настап на пазарот. Такви препораки се изнесени на денешната презентација на резултатите од „Проектот за развој на живинарството во Република Македонија“, спроведен со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО, соопшти ресорното Министерство. Според соопштението, за препораките се согласиле учесниците на завршната работилница за проектот охрабрени…
повеќе...Мисајловски: Милијарда евра во патната инфраструктура во Македонија
По 40-на години се рехабилитира регионалниот пат Лажани-Ропотово-Црнилиште во должина од 17 километри, за што од државниот буџет се одвоени 1,8 милинони евра, изјави министерот за транспор и врски Владо Мисајловски. Тој денеска ја посета општина Долнени каде веќе 10-ина дена се изведуваат работи за рехабилитацијата на регионалниот патен правец. „Започнавме многу регионални и магистрални патишта и овој е еден од оние кои ги ветивме во нашата програма. Интензивно се работи на рехабилитација на овој регионален пат Лажани -Ропотово, – Црнилиште и се очекува до крајот на летото да завршат…
повеќе...