Честитка од Емил Димитриев по повод Богојавление-Водици

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по повод големиот христијански празник упатува честитка до сите граѓани на Македонија, до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. „Ваше Блаженство, Дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Водици. На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново…

повеќе...

Претседателот Иванов го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев.

повеќе...

Мисајловски: Изградени и реконструирани 404 локални патишта

Комплетно го завршивме проектот за изградба и реконструкција на локалната патна мрежа во Република Македонија, кој го спроведуваме од 2010 година до денес. Изградивме и реконструиравме 404 локални патишта со вкупна должина од околу 740 километри или во вредност од околу 65 милиони евра. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој заедно со градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски ја пуштија во употреба улицата „Горно Лисиче“, во должина од 1,6 километри. „Ќе продолжиме со реконструкција и рехабилитација на локални патни правци, на регионалните и магистралните,…

повеќе...

Нова странска инвестиција, ИКС Трејд влегува во Скопје, стотина вработувања

Меѓународна компанија која работи во делот на он-лајн тргување на светскиот девизен пазар од денеска е присутна во Македонија. Компанијата, која почнува со работа во Скопје, ќе ангажира стотина високообразовани млади лица. Официјалниот старт на активностите во Македонија денеска ги означија премиерот Никола Груевски, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и Шејла Кампањано, претставник на меѓународната компанија. „Веќе четврти ден по ред свечено одбележуваме нова инвестиција во Република Македонија. Ако во претходните три дена беа инвестицијата во велешка Порцеланка, германската Електро мехатроник систем со инвестиција во Скопје, германската Акомпласт…

повеќе...

Груевски: Рано е за изјави, сега одам да отворам фабрика

Премиерот Никола Груевски, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Пржино, не даде изјава за медиумите. Тој кусо рече: „Рано е за изјави од Пржино, сега одам да отворам нова фабрика“. Тој на средбата беше придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, и од шефот на кабинет, Мартин Протоѓер. Средбата траеше околу еден час, а Хан претходно се сретна и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Лидерот на…

повеќе...

Од утре ќе може да се аплицира за „Купи куќа за млади“

Од утре граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“. Денеска Собранието ги усвои измените на Законот за субвенционирани станбени кредити со кои се создадоа услови за спроведување на овој проект. „Со овој проект ќе се даде голема поддршка за младите луѓе во Република Македонија за решавање на едно од клучните прашања во животот, а тоа е стекнување на сопствен дом што е основа за натамошно формирање на семејство и напредок во животот. Затоа сметаме дека ваков проект е потребен и дека ќе наиде на голем интерес.…

повеќе...

Груевски за „Лидерс“: Предностите на Македонија

Премиерот Никола Груевски во интервју за американскиот магазин „Лидерс“ зборува за стратегиските приоритети на Владата, за странските инвестиции, можностите за развој и стабилност на земјата, бегалската криза… „Лидерс“ магазин е основан во 1978 и се занимава со светските лидери во политиката, дипломатијата, бизнисот, медиумите. „Лидерс“ е единствен светски магазин кој ги пренесува ставовите и визиите на лидерите и највлијателните луѓе во светот. „Лидерс“ е списание кое претставува форум на идеи и мислења на светските лидери за клучни актуелни прашања. Бевте доста сериозен во реализирањето на поголем број цели за вашата…

повеќе...

Малигно болните ќе ја добиваат терапијата во или блиску до местото на живеење

Почна спроведувањето на проектот на Министерството за здравство, кој ќе овозможи поголема грижа за лицата болни од малигни заболувања односно дисперзирано давање терапија на тие пациенти во нивното место на живеење или многу поблиску до нивното место на живеење, што ќе значи нивно растеретување од дополнителни трошоци, а ќе се овозможи и растеретување на Клиниката за онкологија во Скопје од зголемена фреквенција на пациенти. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција на која го образложи проектот, рече дека врз основа на темелна анализа на различните аспекти на лекувањето со…

повеќе...

Италијанската „Кондоте“ ќе гради хидроелектрани во Македонија

Вкупно 19 милиони евра е инвестицијата на италијанската градежна компанија „Кондоте“ која гради четири мали хидроелектрани во Македонија. Како што рече денеска на прес-конференција министерот за економија Беким Незири, електраната на Ештеричка река, над Пробиштип, е готова и ќе стартува со работа зимава, додека останатите три, две на Зрновска река во Кочанско и една на Кадина река во Скопско, се во различни фази од градба. „Инвестицијата на „Кондоте“ ангажира многу локални компании што придонесе за развој на регионалната економија, но посебно радува фактот што иако компанијата влегува со само 19…

повеќе...

Преку грантови за самовработување годинава ќе се отворат околу 1.000 работни места

Сите невработени лица кои имаат бизнис идеја до крајот на јануари можат да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен мал бизнис. За реализација на оваа мерка за самовработување годинава се предвидени средства од 207 милиони денари, со кои треба да се отворат 920 мали бизниси и да се остварат околу 1.000 вработувања. Годинава има одредено зголемување на висината на грантот и тој може да се движи од од 201 до 349 во зависност од тоа колку е бизнисот одржлив и иновативен, дали има план за развој на сопствената…

повеќе...