Груевски: Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа

Македонија, според податокот на Европската канцеларија за статистија – Евростат, е четврта најниско задолжена држава во Европа, што е најдобар одговор на обвинувањата од СДСМ дека ние сме ја презадолжиле државата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски. Пред Македонија, како што додаде Груевски, се само Естонија, Луксембург и Бугарија. „Тоа што Македонија е четврто најниско задолжена држава во Европа не коресподира со бројките и обидите на СДСМ да го дискредитира нашето работење и да не прикаже како Влада која премногу ја задолжила државата“, рече Груевски и додаде дека Европската комисија…

повеќе...

Груевски: Од денес уште 16.000 земјоделци ќе добијат субвенции

Денес почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели. „Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони…

повеќе...

Достапни бесплатни проекти за изградба на куќи

Бесплатни проекти за изградба на куќа од денеска можат да се подигнат од Министерството за транспорт и врски и од веб страницата www.mtc.gov.mk. Со владината мерка се овозможува субвенционирање од 900 до 2.000 евра преку обезбедување бесплатен проект за изградба на објекти за домување. – Проект ќе добие секој кој е заинтерсиран и нема ограничување на локацијата за градење, информира денеска на прес-конференција ресорниот министер Владо Мисајловски. Преку јавен конкурс Министерството за транспорт избрало идејни решенија со изработен проект за шест типа објекти со различна површина. – Се работи за…

повеќе...

Груевски – Ли: Кина е заинтересирана и ја поддржува соработката со Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денес во Пекинг оствари средба со премиерот на Народна Република Кина, г-дин Кечијанг Ли. На средбата соговорниците го поздравија позитивниот развој на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои се одликуваат со пријателство, взаемно разбирање и меѓусебна поддршка. Соговорниците ги истакнаа и економските односи кои што бележат нагорен тренд и позитивен развој. Премиерот Груевски посочи дека Република Македонија ја поддржува иницијативата на НР Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во рамките на процесот 16 плус 1,…

повеќе...

Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи, презентрани можностите за инвестирање

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на посетата на Кина, освен средбите на политичко ниво во Пекинг оствари и повеќе средби со компании, меѓу која е и посетата на седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија Хуавеи. Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune. Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев остварија средба со раководството на компанија и генералните менаџери Џим Лу и Џорџ…

повеќе...

Политички и бизнис средби на премиерот Груевски во Суџоу

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу, оствари поголем број на билатерални средби и разговори со политичките претставници на другите присутни држави, како и средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја. Премиерот Груевски оствари средба со претседателот на Владата на Република Естонија, Тави Роивас. Двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна…

повеќе...

Груевски: Македонија е отворена за кинески инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и заменик министерот за економија, Христијан Делев, учествуваше на 4-тиот Самит на шефови на влади на земјите на Централна и Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум што се одржува во градот Суџоу, Народна Република Кина. Премиерот Груевски имаше свое обраќање на Самитот на шефови на влади каде се присутни 16 делегации од држави од Источна и Централна Европа и домаќинот, кинескиот премиер…

повеќе...

Премиерот Груевски во работна посета на Кина

Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик министерот за економија Христијан Делев се во неколкудневна посета на Народна Република Кина. Претседателот на македонската Влада ќе учествува на 4-тиот Самит на шефови на Влади на земјите на Централно Источна Европа и НР Кина (16+1) и 5-тиот Економско-трговски форум во Суџоу, кој ќе се отвори денес, а на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 1.000 претставници од бизнис секторите на 16-те земји…

повеќе...

Донација од Владата на Чешката Република

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија претставувано од страна на Државниот секретар во Министерството, Анастасија Илиеска и Амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Рамеш денес потпишаа Декларација за донација од Владата на Чешката Република во насока на обезбедување на соодветен хуманитарен третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија. Донираната материјалната помош се состои од 2 генератори за струја, 10.000 ќебиња, 5000 мантили за дожд, 4880 изотермални фолии, 500 термални подлоги за вреќи за спиење, 500 навлаки од вреќи за спиење, 500 вреќи за спиење, и…

повеќе...

Груевски: Почнуваме заедно со граѓаните да ја пишуваме новата програма

Денес почнуваме заедно со граѓаните да ја пишуваме новата програма. Посакувам бомбардирање со идеи на кои силно ќе се посветиме и ќе се фатиме во костец да ги реализираме истите. Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Нашата програма граѓаните ја чувствуваат како своја бидејќи знаат дека се што во неа ќе биде реализирано. Како резултат на барањата и идеите на граѓаните досега се реализирани многу проекти во сите градови во Македонија. Денес треба да се стремиме кон напредок“, додаде Груевски кој денес побара граѓаните…

повеќе...