Во тек e постапката за аплицирање за земјоделски субвенции, за прв пат можност за електронско пополнување на барањата

Во тек е постапката за поднесување на барања за земјоделски субвенции. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите имаат право и можност најдоцна до 30 јуни оваа година да ги поднесат своите барања до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. На тој начин, исполнувајќи ја оваа законска обврска земјоделците се стекнуваат со право да ги добијат средствата од државата која за оваа година издвои над 140 милиони евра за поддршка на земјоделството и руралниот развој. По примерот на најразвиените држави, новина оваа година е можноста земјоделците да ги пополнат обрасците на…

повеќе...

Мисајловски: Се градат 123 социјални станови во Гостивар, Кочани и Македонски Брод

За две години во Гостивар ќе бидат изградени нови 70 социјални станови. Покрај во Гостивар, 43 станови за лица од социјални категории се градат во Кочани, а 10 во Македонски Брод, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Во тек на увид на градежните активности Мисајловски рече дека инвестицијата во новата зграда во Гостивар изнесува 84 милиони денари, како дел од Програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории граѓани. Како што рече Мисајловски, станува збор за зграда со две ламели со 70 станови што…

повеќе...

Аргировски: Пензионерите задоволни од владините проекти наменети за нив

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска заедно со претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов посети група корисници на пензија коишто се дел од проектот „Бесплатна бањска климатска рекреација“ во Негорски Бањи. „Овој проект што го реализира Владата на Република Македонија од 2010 година е еден од најпозитивните и најприфатените проекти од страна на корисниците на пензија. Проектот постигна голем успех, пример којшто почнаа да го следат и држави од нашето опкружување,“ рече Спасов. Информира дека со…

повеќе...

Нов ЕЕГ апарат за Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје

Набавен е нов ЕЕГ апарат за потребите на Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. „На овој апарат се прават испитувања и дијагностика на деца до 18 години. Такви испитувања се прават по пет пати во текот на еден ден и со новиот апарат сериозно се подобрува можноста за дијагностика, а особено во делот на резултатите, кои се целосно компјутеризирани“, речеТодоров. Посочи дека вредноста на набавката на овој апарат е околу 1,5 милион денари и дека такви апарати се набавени…

повеќе...

Владина делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод 113 годишнината од смртта на македонскиот великан и водач на македонската револуционерна борба за самостојност, Гоце Делчев, владина делегација предводена од претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска положи цвеќе во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети…

повеќе...

Димитриев: Исполнети се сите услови за одржување на изборите на 5 јуни

Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев е убеден дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни и оти Владата направила се што е во нејзина моќ за да се постигне тоа. Овај го посочи во одговор на новинарско прашање при посетата на касарната Илинден во Скопје, каде положи цвеќе на Споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ кај Вејце. Тој додаде дека Владата направи се максимум да помогне на институциите кои се одговорни за организирање на изборите. –…

повеќе...

СБ: Ги продолжуваме активностите во Македонија

Светска банка (СБ) денеска во соопштение наведува дека ги продолжува своите активности во Македонија и дека заедно со земјата работи на креирање подобар животен стандард на сите граѓани. „Од 1994 година Светска банка е силен партнер на Македонија, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија. Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост од над 2 милијарди долари. Светска банка ги…

повеќе...

Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во јануари 2017 година

Концертната сала на Македонската филхармонија ќе биде отворена во почетокот на идната година, најави денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по посетата на објектот во кој ќе биде сместена најстарата национална музичка институција во Македонија. Објектот има модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики по светски стандарди. Покрај двете сали (голема сала со 1041 места и мала сала со капацитет од 306 места), идниот дом на Филхармонијата ќе има и простории за вежбање и придружни и административни простории, сите функционално поврзани во три нивоа, голема влезна партија – главно фоаје,…

повеќе...

Стартуваат бесплатни обуки за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години

Од почетокот на следната недела стартуваат обуките за млади лица за изучување на англиски, германски и француски јазик. Првичните групи за обуки веќе се во фаза на формирање, а во следниот период лицата кои аплицираа ќе бидат известени за конкретната временска табела согласно која ќе треба да ги посетуваат обуките кои ќе се вршат од страна на специјализирани обучувачи. Обуките за млади лица до 29 години за изучување на странски јазици, но и за изучување на компјутерски вештини, се со цел подобрување на нивната стручна подготвеност, нивните стручни знаења и…

повеќе...

Македонија дел од глобалниот хакатон натпревар на НАСА

Сто и дваесет студенти од Македонија од денеска се вклучија во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge„. Студенти по програмирање и дизајн, биологија, хемија, физика, географија, …. во наредните 48 часа ќе креираат иновативни решенија и ќе бараат иновативни идеи за решавање проблеми на Земјата, како и решенија за живот во Вселената. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија. „Овој натпревар се разликува од останатите затоа што е глобален,…

повеќе...