Политиките за привлекување странски инвестиции даваат резултат. Во Македонија влегуваат компании кои вложуваат во запуштените капацитети, во загубарите, во рудниците со затворени окна, работниците се враќаат на работа. За разлика од порано кога фабриките се затвораа и работниците остануваа на улица, сега се случува обратен тренд, се отвораат нови капацитети и се рестартираат постојните. „Порцеланка“ станува од мртвите! За разлика од времето на СДСМ, кога Велешани немо гледаа како пропаѓа „Порцеланка“, гордоста на нивниот град со над 3 илјади вработени, Владата на ВМРО-ДПМНЕ најде инвеститор за овој огромен капацитет. „Порцеланка“…
повеќе...Tag: вмро
Извештајот на Стандард и пурс е потврда дека добрата економска политика носи резултати
Извештајот на Стандард и пурс е еден многу добар извештај, во сложени политички услови на политичка криза и се чини дека за сега одличните економски политики ја победуваат политичката криза, иако таа сепак има мало влијание. Доколку не би била политчката криза, Македонија би имала уште подобар економски развој, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Стандард и пурс го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија ББ со стабилна перспектива на државата. Во извештајот се земени најзначајните економски параметри и истиот претставува најдобар демант на критиките од опозицијата кои обвинуваат…
повеќе...„Купи куќа за млади“: Иницијативата на Груевски со одлични резултати
Теренските посети на Никола Груески и редовните средби со жителите на општините ширум државата, го покажуваат огромниот интерес на граѓаните за проектот „Купи куќа за млади“. Со проектот „Купи куќа“ под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да си го решат стамбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа. Овој проект е надграден со дополнителна иницијатива која ја поведе Никола Груевски, општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да понудат парцели за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите…
повеќе...Невработените можат да се пријават за обука во компанија за дефицитарни занимања
Невработените евиденирани лица- активни баратели на работа, кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, имаат можност да се пријават најдоцна до 31 јули годинава во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица. Лицата вклучени во обуките ќе добиваат и месечен надомест од 6.200 денари. Искуствата покажуваат дека над 50% од лицата кои поминале обука потоа биле веднаш вработени. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки- приватни компании, стопански и занаетчиски комори, средни стручни учулишта…
повеќе...Ставрески: Oд јуни 2006 до декември 2015 година се креирани вкупно 150.000 нови работни места
Бројот на вработени од 566 илјади во 2006 година сега изнесува 716 илјади. Креирани се нови 150.000 работи места, а само во странските фирми кои работат во Македонија 16.000. Намалувањето на невработеноста останува наша долгорочна цел. Сите политики што ги презеде Владата во таа насока дадоа резултати и тие ќе продолжат и во иднина, а ќе се преземат и дополнителни. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска на прес-конференција во партиското седиште за сработеното во делот на намалување на невработеноста во изминатите 9,5 години. Намалувањето на…
повеќе...Груевски: Членството во НАТО и ЕУ се наша стратегиска определба
„Ние сме карактеристични по многу работи, особено по залагањето и трудот, по нашата посветеност и одговорен пристап. Многу значајно помеѓу сето тоа е една од нашите главни карактеристики а тоа е грижата, залагањето и бранењето на националниот и државен интерес.“ Ова вечерва го изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека секогаш во фокусот на владата е Република Македонија. „Секогаш, секаде сме се залагале и ќе се залагаме за оваа врвна вредност, секогаш во нашиот фокус е државата, нашата држава Македонија. Она за што се бореле генерации и генерации да…
повеќе...Груевски: Македонија е лидер во светот по најниска даночна стапка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потенцираше дека поддршката за компаниите дава резултати. „Силниот економски раст е директно поврзан и со поддршката за домашната економија, на македонските компании и со креирање на мерки кои се во насока на поддршка на домашните компании, во поддршка на инвестициите на домашните компании, на отворањето на нови работни места. Поддршката за компаниите дава резултати. Значајна поддршка посебно во изминатиот период беше намалувањето на даноците и царинските давачки, како и останатите сегменти поврзани со регистрацијата и правењето бизнис, што впрочем е евидентирано и во извештаите на…
повеќе...ВМРО-НП: Редно е Бакрачески и Спасески да сработат нешто
ОК на ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашана седница на Советот на Општина Охрид, Димитар Спасески во улога на секретар, а во името на градоначалникот Бакрачески, уште еднаш покажа дека Локалната самоуправа нема слух за образованието во Охрид. Имено, за информација на граѓаните, инвестициите на Бакрачески и Спасески во образованието во 2015 година изнесуваат вкупно цели 16.000 евра. Исто така, Владата на Република Македонија единствените средства вложени во образованието во Охрид ги вложи во реконструкција на мала училишна сала во Косел. За трагедијата…
повеќе...Решен статусот на војниците и пожарникарите
Се решаваат проблемите на граѓаните. За разлика од порано, кога министрите и директорите на јавните претпријатија седеа во своите удобни фотелји и не знаеја со какви предизвици се соочуваат луѓето, оваа Влада покажа дека може да се работи и на поинаков начин, преку директни средби и теренски посети да се воочат условите и отворените прашања, да се најде решение во рамки на можностите. Згрижување на поранешните професионални војници Се исправа неправдата кон поранешните професионални војници во АРМ. Владата донесе одлука – 112 поранешни припадници на професионалниот состав на Армијата ќе…
повеќе...Груевски: 46 милиони евра профит за домашни компании од соработка со странски инвеститори
Профитот на домашните компании од услугите што им ги нудат на странските инвеститори што имаат свои капацитети во слободните економски зони досега изнесува 46 милиони евра, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Според Груевски, има се повеќе нарачки од странските за домашните компании и се прават напори за што повеќе контакти меѓу нив и поголема соработка. Само странските компании што се во Технолошко индустриските развојни зони не сметајќи ги оние кои се надвор од овие зони купуваат од домашните компании услуги во вредност од 46 милиони евра. Тоа пред…
повеќе...