Иако не ги сакаа изборите, тие ќе се случат во Април! Тогаш ќе биде готово! Народот победува!, напиша на својот ФБ профил Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва истакна дека е договорено да има избори, без да прецизира кога тие ќе се одржат. Сепак тој нагласи дека е постигнат договор кој ќе значи напредок на Македонија. „Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи“ – рече меѓу другото еврокомесарот.
повеќе...Tag: вмро
Нелоски: Ние младите треба да бидеме предводници на економскиот напредок на нашата држава
Сите ние сме борци на нашата генрација за промена на нашето општество, за промена на светот, за да го направиме подобро место за живеење каде што сите ќе се чувствуваме доволно мотивирани за сите наши идеи, желби, амбиции, иновации, креации и јасна визија ги преточиме во реализација, истакна во своето обраќање претседетлот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. „Сплотените различни карактери, возрасти, таленти, кративни умови, професии се успешната приказна на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Токму овие особини ги гледам денеска…
повеќе...Груевски: Одиме во голема победа која ќе се памети
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски ги повика граѓаните да излезат масовно на предвремените избори следната година и да дадат масовна поддршка за уште една нова победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тоа го рече вечерва на плоштадот „ВМРО-ДПМНЕ“ пред новиот објект на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, изграден на местото на поранешниот, каде што владејачката партија одбележува 25 години од основањето. Зградата е именувана „Палата д-р Христо Татарчев“ по првиот претседател на Централниот комиет на Македонската револуционерна организација и еден од нејзините основачи. Роденденот на партијата-наследничка на историското ВМРО, Груевски им го…
повеќе...Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со нов состав
На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Охрид, беше избран новиот состав на Извршниот Комитет. Оваа постапка е согласно Статутот на Партија и се очекуваше по оддржување на редовниот Конгрес во Куманово на која беше реизбран лидерот Никола Груевски. На вчерашната седница беше избран и Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ. На ваа функција по втор пат беше избран досегашниот Генерален секретар, Емил Димитриев. Во новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња од кои дел и досега и се познати на македонската јавност,…
повеќе...Димовски: ВМРО – ДПМНЕ е подготвена за избори во било кој термин до април
Подготвени сме за избори во кој било термин до април како што беше договорено и потпишано на 2-ри јуни. ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се базира и ги темели своите активности на поддршката од граѓаните. Ова го изјави синоќа координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред почетокот на седницата на Централниот комитет во Охрид. Димовски истакна дека на седницата ќе бидат разгледани сите аспекти на политичката состојба во државата и оти ќе бидат донесени заклучоци за кои јавноста ќе биде дополнително информирана. „Ние сме доведени до ситуација како држава, една партија која…
повеќе...Седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид
Вечерва во Охрид седница ќе одржи ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почетокот е закажан за во 19:30 часот. На седница ќе се дискусија од страна на сите членови на Централниот комитет за актуелната состојба во државата, како и за одржувањето на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат најдоцна до април идната година. Се очекуваат да бидат донесени и конкретни заклучоци и насоки како партијата ќе дејствува во идниот период по однос на актуелните прашања, како и договорот од 2 јуни.
повеќе...Груевски: Народот повторно ќе го одбере ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Никола Груевски во изјава за Сител, а по средба со еврокомесарот Јоханес Хан вели дека истата ја гледа како позитивен импулс. „Не би додал ништо повеќе од она што вчера го кажа комесарот Хан во неговата изјава.Мислам дека е потребна максимална конструктивност без шпекулации, без лажни силења или ширења на лажни изјави. Да се продолжи и да се постигне она што е важно за државата и она што и е потребно на државата, стабилност и сигурност. Ги повикувам сите кои и сакаат добро на државата да се однесуваат позитивино…
повеќе...ВМРО-НП: Охрид не е град на палмите
ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија не се согласува со поставувањето на новите палми во Охрид. Во недостиг на проекти, власта сака да ја замајува јавноста со вакви непромислени потези и постапки. Охрид не е препознатлив по палми. Ваков сличен експеримент и самите власти видоа дека не успева уште пред две години кога се поставуваа и други палми во градот кои за брзо време самите се уништија. Залудно потрошените пари за палмите ќе останат како една од многуте лоши постапки на…
повеќе...Груевски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да дозволи промена на уставот со цел промена на уставното име
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Република Македонија е јасен, цврст и непроменет. За било какво можно решение, народот ќе биде прашан на референдум. Премиерот Никола Груевски на масовниот народен собир пред македонското Собрание истакна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име. „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози кои ќе ги нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволи какво било решение и компромис да бидат прифатени без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум“, рече Груевски.…
повеќе...Груевски: СДСМ и Заев се минливи, а ВМРО има план како да се надмине кризата
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат овој залет на правење штета на Македонија, порача премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани под мотото: МАКЕДОНИЈА СИЛНА! Први во тој правец, додаде тој, презедоа чекор Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои иако без докажана вина, покажаа одлука во интерес на државата да се повлечат. СДСМ и Заев постепено ќе станат изолирани, подвлече Груевски и продолжи: „Ние имаме план да ја надминеме кризата создадена од СДСМ и ќе го реализираме тоа што го ветивме. Нема да дозволиме на Заев да тоа…
повеќе...