Прекин во водоснабдувањето на улиците „Кленоец“ и „Српница“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул. „Кленоец“ и ул.„Српница“ во период од 09.00 до 14.00ч. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Прилепска“ поради дефект на водоводна цевка

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес во утринските часови настанал дефект на главна водоводна цефка ф125 мм. на ул.„Прилепска“, поради што дошло до прекин на водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид од раните утрински часови се на терен и работат на отстранување на дефектот, за кој велат дека се предвидува да биде отстранет до 13:00ч.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водаснабдувањето на дел од улиците: „Гоце Делчев“, „Бистрица“ и „Сатеска“ во период од 08:30 до 11:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Св.Стефан до хотел Гранит

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес, поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас. Св.Стефан до хотел Гранит, во период од 09.00ч до 11.00ч. Екипите на МЈП Проаква РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Воведено електронско плаќање на сметките од ЈП „Водовод“ Охрид

Од денес граѓаните на Охрид ќе можат електронски да ги плаќаат сметките од ЈП „Водовод“ Охрид. Ова електронско плаќање не е само плаќање, туку е и преглед на сите оние сметки кои се заостанати и кои се обврска на сите корисници да ги подмират кон ЈП „Водовод“ Охрид, рече денес на прес-конференција директорот Томе Паскалоски. „Од денеска воведуваме еден нов производ, еден нов пакет услуга према нашите потрошувачи, односно електронско плаќање на сметките за физичките лица кои на број се 20 илјади до 23 илјади коминтенти, вклучувајќи ги викендашите во летниот период достигнуваат бројка од 30 илјади коминтенти.…

повеќе...

Пуштена во употреба фонтаната во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид после повеќе од 12 години пуштна е во употреба училишната фонтана. „Радоста и кај учениците и вработените беше голема. Истата е значајна покрај за учениците, вработените и за туристите кои секојдневно поминуваат во овој дел на градот. Како училиште сакаме да изразиме голема благодарност до директорот на МЈП „Проаква“- Охрид Томе Паскалоски и вработените, кои наидоа на разбирање и конечно после една деценија се реши проблемот.“– велат од училиштето.

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на „Водовод“

Ученици од четврто одделение од ОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид, го посетија МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Децата се запознаа со работата и основните дејности на претпријатието како што се зафаќање, третман и дистрибуција на вода. Од страна на вработени од „Проаква“ им беше објаснет сложениот и долг пат на водата од изворите до потрошувачите преку водоснабдителниот систем.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Андон Дуков“, „Гоце Делчев“ и во стариот дел на градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Вододод“ Охрид, информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија односно поради реконструкција на водоводната линија на улица „Андон Дуков“ во нас. Кошишта, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Гоце Делчев” во период од 08.30ч до 13.00ч. како и во стариот дел на градот во период од 09.00ч до 13.00ч.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „ Водовод“, Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија односно изведба на нов приклучок за индивидуален објект, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ во период од 09.00 ч. до 11.00 часот.

повеќе...

Изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид отпочна со припреми за изведба на водоводна линија за системот за наводнување на пешачката патека Студенчишта. Проектот е финансиран од Општина Охрид и е во третата завршна фаза. „Водоводната линија која е со профил на цефки од 63мм ќе се протега во должина од 700м од Плажа Кадмо до Парк.“- информираат од претпријатието.

повеќе...