Токму во 00:03 часот во ноќта спроти 22-ри декември настапува зимската краткодневица, со што календарски започнува зимата. Со доаѓањето нејзиниот е и најкраткиот ден во годината и најдолгата ноќ. Зимата ќе трае до 20 март, кога почнува пролетта. Дотогаш ќе поминат 88 дена, 23 часа и 42 минути. За првиот ден од зимата, метеоролозите најавуваат сончево и ведро време, со температура која ќе достигне 6 степени целзиусови.
повеќе...Tag: време
Декемвриски сончев викенд
Убавото сончево време денес го раздвижи Охрид. Охриѓани, но и бројните посетители го искористија времето за прошетка низ охридската чаршија, покрај кејот, кафулињата и рестораните. Според метеоролозите, сончево време ќе имаме и утре со максимална температура до 11 степени. WebOhrid
повеќе...Од понеделник не очекуваат обилни врнежи
Во Македонија во наредните денови се очекува нов влажен бран кој може да придонесе за благ пораст на водотеците без опасност од посериозни излевања, информираат од УХМР. Оттаму велат дека од понеделник попладне се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен кој може да придонесе до забрзано покачување на водостоите на сите водотеци во Македонија и можност за појава на местимични излевања. Во изминатите денови стабилното време придонесе за намалување на водостоите на сите водотеци во…
повеќе...Облачно време со врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени. Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по…
повеќе...Од ноќеска почнува зимското сметање на времето
Ноќта меѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се поместат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува…
повеќе...Од недела зимско сметање на времето
Летното сметање на времето ќе заврши ноќта помеќу 25 и 26 октомври. Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад. Во недела, 26 октомври во 3 часот часовникот треба да го вратите на два. Истото започнува да се пресметува последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.
повеќе...Облачно и магловито време
Времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од јужен правец. Претпладне долж Повардарието и по одделни котлини во источните делови со појава на магла и ниска облачност. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 23 до 27 степени. Во следните денови ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок поради продор…
повеќе...Започнува есента
Календарски денес започнува есента во Македонија и на целата северна хемисфера. Новото годишно време ќе започне точно во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Денот ќе трае 12 часа и седум минути. Според метеоролозите, со стартот на есента нè очекуваат и вистински есенски температури, се очекува значително заладување на времето и пад на температурите за 10-тина степени. Во текот денешниот ден ќе има значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои на…
повеќе...Водена маса ќе ја зафати Македонија
Поради продор на постудена воздушна маса од северозапад денес попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен, на повисоките места и силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 км/час. Утре претпладне сеуште ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарето, а ќе има и повремен локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а поради намалувањето на облачноста…
повеќе...Врнежи, грмежи и посвежо време во текот на целата недела
Во текот на неделата, во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, изолирана појава на град, а се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог (над 30л/м2). Во текот денешниот ден ќе се задржи облачно, свежо и врнежливо време, со ретки грмежи и умерен југоисточен ветер, а на места повторно ќе наврнат над 30л/м2 воден талог. Температурата…
повеќе...