Во Македонија викендов не очекува сончево и топло време. Максималната темература ќе достигне до 22 степени. Во Охрид, денес, во сабота и во недела времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од минимални 5 до максимални 18 степени. Сончево и топло време ќе преовладува и во текот на наредната недела со температура до 17 степени. WebOhrid
повеќе...Tag: време
Охриѓани го искористија за прошетка убавиот сончев ден
Пролетните температури ги намамија охриѓани да го искористат денот за прошетка. Нашите сограѓани уживаа на пријатното сонце, најчесто на клупите покрај кејот, каналот, Биљанините извори. За денес метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд и мал пад на температурата, но веќе од наредните денови следува постабилно време, каде што нашите сограѓани, а и гостите ќе може повторно да го искористат убавото и сончево време. WebOhrid
повеќе...Утре дожд и умерен северен ветер
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на циклонска активност и постудена воздушна маса, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со услови за врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат до 30 литри на метри квадратни. Утре ќе дува умерен северен ветер, што ќе придонесе и мал пад на температурата, која ќе се движи од 3 до 10 степени во Охрид. Во текот на следната недела ќе преовладува претежно сончево време со умерена локална…
повеќе...Врнежите не дозволуваат намалување на нивото на вода во Охридското Езеро
Новите врнежи од дожд како и топењето на снегот предизвикано од високите температури во изминатиов период, значително го зголемија дотокот на вода, а тоа влијаеше на порастот на водостојот на Охридското Езеро и останатите природни и вештачки езера во Македонија. Од АД ЕЛЕМ информираат дека секојдневно внимателно ја следат состојбата на хидроакумулациите, а со цел стабилизирање на порастот на нивото на акумулациите, прават соодветни прилагодувања на режимите на истекот на вода, особено на истекот на Охридското Езеро и истекот од акумулацијата Шпилје. Исто така и понатаму континуирано ќе ја следат состојбата…
повеќе...Започна летното сметање на времето
Летното сметање на времето започна утрово во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред стрелките означија 03:00 часот по полноќ. Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава. Целта на поместување на времето е најмногу заштеда на електрична енергија. Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат…
повеќе...Во недела почнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето почнува во недела наутро на 31 Март во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред ќе се смета дека е 03:00 часот по полноќ. Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава. Целта на поместување на времето е најмногу заштеда на електрична енергија. Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден…
повеќе...Викендов врнежи од дожд
Според метеоролозите во текот на денешниот ден ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Во сабота ќе имаме мало стабилизирање на времето, а веќе во недела се очекуваат обилни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 16 степени. Како што информираат од УХМР, и во текот на наредната недела се очекуваат врнежи од дожд. WebOhrid
повеќе...Денес започнува пролетта
Денес, на северната полутопка на Земјата, во 12 часот и две минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски ќе започне есента. Пролетта ќе трае 92 дена односно до 21 јуни во 7 часот и 4 минути кога календарски ќе почне летото. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и пет минути.
повеќе...Топлото време ја раздвижи чаршијата
Променливото и облачно време, не ги спречи охриѓани, ниту викендашите да го искористат слободното време за прошетка низ охридската чаршија и на кејот покрај Охридското Езеро. Поради топлото време кое достигна температура од 12 °С, во објектите на градскиот плоштад викендов се бараше место повеќе за да се испие попладневното кафе. Според метеоролозите, променливо облачно време со услови за врнежи од дожд ќе преовладува и во наредните денови, но сепак температурата ќе се задржи до 11 °С. Од четврток не очекува намалување на температурата. WebOhrid
повеќе...Денес сонце, викендов променливо
Според Управата за Хидрометеоролошки работи, времето денес во Охрид ќе биде сончево со умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Во сабота ќе имаме облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северен правец, додека во недела ќе преовладува променливо облачно време. Во текот на викендот температурите ќе се движат од -1 до максимални 10 степени, а тие температури ќе останат и во текот на целата недела, најавуваат од УХМР. WebOhrid
повеќе...