WebOhrid: Нашиот медиум, WebOhrid се појави точно пред една година, речиси во исто време кога името на д-р Никола Бакрачески беше објавено како кандидат за градоначалник на Охрид. Година дена политичка активност се зад Вас. Предизборна набиена агенда од најмалку 100 дена турбо агенда и уште побогато работно секојдневие на градоначалничката функција од првиот ден до денешниот ден. Кога ќе погледнете во календарот на изминатава година, господине Бакрачески: колку и зошто посакакувавте да го промените Охрид, колку тоа Ви успеа и колку Охрид Ве промени Вас и Вашиот модус вивенди?!…
повеќе...Tag: веб охрид
СДСМ Дебарца: Тешко на образованието во Дебарца, кога најголемиот успех на Директорот е коктелот за патронатот!
Во врска со интервјуто на директорот на ЦОУ „Дебарца“ Иван Димоски за WebOhrid, ОО на СДСМ Дебарца излезе со реакција во која стои: „Од интервјуто на Директорот на ЦОУ Дебрца –Белчишта дадено по повод неговите сто дена од доаѓањето на директорското место недвосмислено произлегува дека неговиот најголем успех била приредбата и коктелот по повод патронатот на училиштето. Единствената црна дамка на овој настан било оправданото отсуство на градоначалникот на општината. Е, браво Директоре, многу голем успех сте направиле! За неговото тврдење дека ги затекнал училиштата кои безмалку се распаѓале, па…
повеќе...Интервју со проф. Иван Димоски, директор на ЦОУ „Дебрца“: „Да создадеме млади луѓе способни да се носат со новото време“
Општината Дебрца доживува промени на секој план. Речиси 7-8 месеци откако е променето општинското раководство и градоначалникот, а промена има и во централното училиште во општината со кое веќе 100 дена раководи проф. Иван Димоски, новиот директор на ЦОУ „Дебрца“. Го посетивме училиштето во с.Белчишта и разговаравме токму со новоизбраниот директор за состојбите, за плановите и за приоритетите… WebOhrid: Господине Димоски, Вие сте новоизбран директор на централното училиште во општина Дебрца кое опфаќа дури единаесет подрачни училишта. Успеавте ли во овие 100 дена да ги посетите сите и да се…
повеќе...Интервју со градоначалникот на Општина Дебарца – Игор Трајкоски
Управувањето со промените е храбра и машка работа. Особено кога тоа се прави со една општина која речиси сета независност ја помина во владеење и во владение на една сосема спротивна политичка опција за што и не беше баш во подемните и напредни општини. Денес, по само неколку месеци промени, состојбата со „борбена“ Дебрца е навистина поинаква. И навистина се води борба за брз напредок и за фаќање чекор со модерното време со современите барања. Овие позитивни промени во Дебрца се и наш повод да разговараме со првиот човек, со…
повеќе...Учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ задоволни од спроведената екскурзија во Прага
Ние учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ сакаме јавно да искажиме за шестдневната екскурзија која беше спроведена на 24 септември дека беше една од најдобрите кои до сега биле реализирани од страна на училиштето. Нема некој што не е задоволен и долго време ќе ги паметиме тие шест дена. Релацијата беше Будимпешта-Прага-Карлови Вари-Виена. Ние како ученици сакаме да се заблагодариме на директорот, професорите и агенцијата што ни ја направија оваа екскурзија да биде уште подобра од што самите мислевме дека ќе биде. Екскурзијата помина во најдобар ред, без никакви инциденти и…
повеќе...Не се нежни, ама се неизбежни „слатките пријателчиња“ – лутите пипериња
Кај и да ги посадиш и кај да не ги посадиш – ќе те изненадат секаде никнуваат: лути, ама корисни! И за побрзо уфрлање на исхраната и за побрзо исфрлање на негативната енергија: лути пиперчиња и тоа посебно вакви, посебо одгледани и во посебни услови: во „подвижна бавча“, во неизбежната количка чиј сопственик очигледно има посебна пасија кон овие лути, а „слатки пријателчиња“ – лутите пиперчиња! WebOhrid
повеќе...Интервју со директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ – Елена Скрческа
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има одлична можност во следниов период да го оправда претходно донесеното мото: „Охрид – препознатливо чист“. Причина повеќе за тоа не се само промените на Локалната власт, туку и промените на раководното место во ЈП „Охридски Комуналец“. Од оваа година прв човек на претпријатието е жена! Жена која повеќе од три децении е сврзана со ова јавно претпријатие од кое зависи и впечатокот за убавиот Охрид. Разговараме со госпоѓа Елена Скрческа, вршител на должноста директор на ЈП „Охридски Комуналец“… WebOhrid: Најпрво, како се чувствувате како прв човек…
повеќе...Кучињата – редовни капачи во Охридското Езеро
Капењето на кучињата во Охридско Езеро сеуште е дозволено. Најдобриот пријател на човекот можеме да го видиме насекаде во и околу езерото, без разлика дали се работи за посетени плажи, диви плажи или пак Кејот и пристаништето. WebOhrid
повеќе...Доста беше туризам, време е за земјоделие
Замре „лудилото“ наречено туризам. Со наближувањето на почетокот на учебната година, заминаа туристите, викендашите, сите оние кои секоја година прават гужва во Охрид особено една недела пред и по Илинден. Голем број од нашите сограѓани беа зафатени со туризам, а штом се послободни, време е да се зафатат и со земјоделските работи. WebOhrid
повеќе...Кај што има автобуси, има и туристи
Кога ќе погледнете голем број на паркирани автобуси сигурно би помислиле дека во градов почнала нова предизборна кампања и дека тоа се платени политички автобуси полни со партиски војници. Но, овојпат, за среќа не сте во право, ако така помисливте. Вистината, за среќа, е многу порадосна: веќе започнал шпицот на туристичката сезона во Охрид, а сите овие автобуси и многуте илјади возила низ градов се полни со туристи. Нека има полно вакви слики и нека ни трае подолго летото во Охрид! WebOhrid
повеќе...