Во рамките на одбележувањето на Неделата на забоздравствена заштита од 9-15 декември под мотото „Здрава насмевка среќно дете“, денес во училиштето „Живко Чинго“ во Велгошти се одржаа две предавања со учениците од I и IV одделение. Волонтер-стоматолог од Црвен Крст Охрид д-р Кристина Стојаноска Алоска пред првачињата зборуваше на тема : „Правилна нега на забите и квалитетна орална хигиена за здрави трајни заби“. Пред четвртоодделенците д-р Грација Бакраческа специјалист по детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ Охрид одржа предавање на тема: „Оралната хигиена и правилна исхрана со контрола на внес…
повеќе...Tag: заштита
Заштита на водомерите од мрзнење
Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите ќе се наплатуваат од страна на МЈП „Проаква“. Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).
повеќе...Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип
ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.
повеќе...Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО
Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување…
повеќе...Во петок дезинсекција против комарци
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 15.08.2014 (петок) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во, период од 21 до…
повеќе...Запрашување против комарци на 1-ви и 2-ри јуни – Пчеларите да ги заштитат пчелите
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 (недела) и 02.06.2014 (понеделник) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во,…
повеќе...Рано појавување на пожари на територијата на паркот Галичица
„Раното појавување на пожарите на територијата на паркот“, проблем со кој се соочуваат вработени во Националниот парк Галичица многу рано оваа година, беше темата на денешната прес-конференција, која се одржа во просториите на Јавната установа Национален парк „Галичица“. „Се собравме да упатиме апел, колку што можеме повеќе да влијаеме на народот, затоа што во четири дена имавме два пожари. Првиот пожар беше со површина од 2 хектари – приземна вегетација, а според првите индиции што ги имаме од терен собрано и разгледување на опожареното, се гледа дека е намерно палење, според…
повеќе...Се интензивираат активностите за заштита на Охридското Езеро и целосна реконструкција на колекторскиот систем
Сопственикот и извршниот директор на израелската компанија ТГВ Холдингс Харел Голст и Офер Гилад, денес беа примени од градоначалникот Никола Бакрачески. ТГВ Холдингс е една од водечките израелски компании во областа на градежништвото и менаџирање со отпадни води. Гостите од Израел покажаа интерес за инвестирање во колекторскиот систем, а покрај посетата на МЈП Проаква, направија и обиколка на постројките на меѓуопштинското претпријатие. На средбата градоначалникот Бакрачески, ги запозна израелските бизнисмени со досегашните активности, а за утре е закажана заедничка средба во Министерството за животна средина и просторно планирање. Заштита на…
повеќе...Од ОУ „Христо Узунов“ започна проектот „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“
Здружението за заштита и унапредување на животна средина и алтернативен туризам ЈАДРАНСКИ СЛИВ Охрид, од денес, во Основното училиште „Христо Узунов“ Охрид започна со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“. Целта на проектот е едукација на ученици од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилно развивање и потикнување на спортско–рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина.…
повеќе...Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридското Езеро
Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Како што вели македонскиот претставник, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро, работата на Студијата започнува во април/мај оваа година. „Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна. Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на…
повеќе...