Министерот за здравство Никола Тодоров, кој придружуван од директорката на Универзитетската клиника за детски болести д-р Аспазија Софијанова, е во еднодневна посета на Израел, потпиша Меморандум за соработка со реномираниот Детски медицински центар Шнајдер, со седиште во Тел Авив. Детскиот медицински центар Шнајдер, соопшти Министерството за здравство, од своето основање во 1991 година е претпознатлив како институција за медицински и академски достигнувања. Меморандумот е со важност од пет години, со можност за продолжување и подразбира соработка во делот на медицинската едукација и обука во следните области: педијатриска кардиологија и кардиохирургија,…
повеќе...Tag: здравје
„Домашна визита“, нов проект на Министерството за здравство
„Домашна визита“ е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илијади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Проектот, како што информира на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември. „Ова е моќна јавно – здравствена мерка, препорачана…
повеќе...ФЗОМ: Од вторник стапуваат на сила новите права за ортопедски и други помагала
Фондот за здравствено осигурување на Македонија интензивно работеше на остварување на поквалитетни права за ортопедски помагала. Измените кои Фондот ги направи се резултат на исцрпна соработка и барања кои ги имаа од националниот сојуз на инвалидизирани лица, здруженијата на пациенти, здравствените установи и од самите осигуреници. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од овие барања и направи измени на Правилникот за ортопедски и други помагала. Од вторник, 12 ноември стапуваат на сила новите права за ортопедските и други помагала, кои се објавени на 04 ноември 2013 во Службен Весник.Овие измени…
повеќе...Спречен обид за шверц на лекови
На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…
повеќе...Тодоров: Ќе бидеме посветени на унапредување на состојбите во Здравствениот дом во Вевчани
Министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето 50 години од отпочнувањето на рендгенската служба и десет години вршење мамографски услуги во Здравствениот дом во Вевчани. Тодоров во употреба ја пушти и потстаницата за парно греење со комплетно реновиран котел којшто беше застарен поради што имаше големи трошоци за енергија, а просториите на Здравствениот дом не беа доволно затоплени. „Како Министерство за здравство инвестиравме околу 3 милиони денари, инвестиција којашто се надополнува на претходната што ја имавме во изградба на настрешница, реконструкција на врати, на еден дел…
повеќе...Од утре започнува вакцинацијата против сезонски грип
Во рамки на својата програма за превентивна здравствена заштита на населението, Центарот за јавно здравје Охрид ќе започне со имунизација-вакцинација против сезонски грип, која ќе се врши секој работен ден почнувајќи од утре, 17-ти октомври (четврток) од 8:30 до 15:00 часот во амбулантата на Епидемиолошката служба при Центар за јавно здравје Охрид. Вакцината против сезонски грип е од производителот GlaxoSmithKline од Велика Британија, а цената чини 400 денари.
повеќе...Системска дератизација на улиците во општина Охрид
ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во соработка со Локалната самоуправа во периодот од 14-ти октомври до 17-ти октомври ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот како и по улиците Туристичка, Железничка, Питу Гули, Јане Сандански, 7миНоември, Кеј Маршал Тито, Димитар Влахов, Даме Груев, Партизанска и Живко Чинго. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дератизацијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања: отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Охрид 046 231 881; 046 230 231
повеќе...Градоначалникот – доктор Бакрачески го стави во употреба новиот апарат за срце
Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук IVUS (Intravascular ultrasound), која е набавена од Америка од средства на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, а во употеба го предаде градоначалникот Никола Бакрачески, долгогодишен директор на оваа здравствена институција, заедно со докторот Власис Нинос од клиниката во Солун. „Ќе имаме можност да ги подобриме не само дијагностичките перформанси во насока на подобро откривање на стеснувањата на крвните садови на срцето, туку и да ја утврдиме природата на наслагите во тие…
повеќе...Во Македонија има над 200.000 пациенти со ревматолошки заболувања, голем дел од нив можат да бидат лекувани поуспешно!
Од 02 до 05 октомври 2013 година, во Охрид се одржа Вториот македонски конгрес со меѓународно учество. Меѓународните учесници на Конгресот се воедно долгогодишни партнери и поддржувачи на НВО НОРА. Врз основа на ова партнерство, а и поради недоволна медиумска покриеност на Конгресот, НОРА доби ексклузивно право нив да ги интервјуира со цел да ги сподели нивните ставови со пошироката јавност во РМ. Др. Владимир Огненовски–Директор на Амбулантниот оддел за ревматологија при Универзитетот од Мичиген посочи дека третманот на пациентите во РМ не е на ниво со стандардите кои се…
повеќе...Македонски доктори во странство можат да се вратат во јавното здравство
Доктори од Република Македонија кои повеќе од пет години континуирано работат во странство, во земјите-членки на ОЕЦД, ќе може да склучат договор со Министерството за здравство и да работат во јавните здравствени установи во државата. За таа цел, Министерството денес ќе објави оглас во медиумите и на веб страницата. Ова на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за уште една значајна новина која Министерството ја презема и е продолжување на мерката со која досега 80 доктори од приватни здравствени установи се вратиле во…
повеќе...