Во текот на изминатата недела (21.10 – 27.10.2017) регистрирани се два нови случаи на мали сипаници во Р. Македонија, со што вкупниот број на заболени, заклучно со 27.10.2017 изнесува 19 случаи. Во однос на местото на живеење, 10 (52,6%) лица од заболените живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано од с. Кондово, општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел. Две лица се со место на живеење во Прилеп односно Струга, но привремено престојуваат и работат во Скопје. Едно од пријавените заболени…
повеќе...Tag: здравство
Утре на охридскиот плоштад ќе се вршат здравствено-превентивни прегледи
Во рамки на одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, Црвен крст Охрид во текот на целиот ден на 8 август 2017 година, на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 – 23 ч. во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ Охрид ќе врши здравствено-превентивни прегледи. Медицинските екипи на Црвен крст Охрид, Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението Мозочен удар ќе бидат на…
повеќе...Црвен крст Охрид денес ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи во рамки на Неделата на срцево-садови заболувања
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид со своите медицински тимови, денес од 13:30 до 15:00 часот на плоштадот Крушевска република (Чинар) ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ, а стручните тимови ќе даваат корисни совети за превенција и заштита од срцево-садови заболувања. Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу…
повеќе...ПЗУ НИКОДАМ-МЕДИКА има потреба од доктор по општа медицина
ПЗУ НИКОДАМ-МЕДИКА има потреба од доктор по општа медицина тел: 071/338-806 e-mail: nikodam_med@yahoo.com
повеќе...Тунтев: Состојбите во охридското здравство се катастрофални, посебно во Општата болница
Состојбите во охридското здравство се катастрофални, а тоа посебно важи за охридската Општа болница. Условите во охридската болница се очајни, поразителни и под секакво човечко достоинство, како за пациентите, така и за медицинскиот персонал. Болницата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што нестручни и несовесни кадри од власта секојдневно практикуваат партиско осветољубие и реваншизам врз политичките неистомисленици. Во болничките одделенија секојдневно се води политика и се врши хајка врз сите што не се партиски послушници на власта, па дури и се суспендираат најдобрите здравствени работници, кои имаат 2…
повеќе...Василевски: Еден од најзначајните проекти од здравствената област за Охрид е унапредување на условите на „Св. Еразмо“
ВМРО -ДПМНЕ посветено работи на унапредувањето на здравствениот систем, при што врвен приориет претставува подигнување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ како сериозна политичка партија продолжува да инвестира во секој сегмент од здравството, затоа што секоја инвестиција во здравството е инвестиција е за сегашните и идни генерации, инвестиции за здравствената нација и здравството во општеството. Ова го истакна кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски, на денешната прес-конференција која се одржа во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, каде што во завршни фази…
повеќе...Европски здравствени експерти во посета на Охрид
Здравствените експерти Барбара Кинрос и Грахам Форејсер од Европската комисија и Европскиот центар за контрола на болести, денеска имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев. На средбата на која присуствуваа и претставници на Регионалниот центар за управување со кризи, се разговараше за функционирањето на здраствениот систем при појава на заразни болести, функционирањето на ЦУК и поврзаноста со другите субјекти, особено со здраствените институции. Европските експерти ги посетија Центарот за јавно здравје и Општата болница во Охрид.
повеќе...Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ
Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот. Фондот има склучено договор со 173 приватни специјалисти по медицина за кои годишно за исплата се предвидени 201 милион денари. Новите шест специјалисти кои склучуваат договор со Фондот за здравство ќе почнат со работа од 1 ноември 2016 година. За нив до крајот на годината за два месеци Фондот…
повеќе...Од 5-ти октомври двојно ќе се намали чекањето за уролог
Од 5 октомври ќе се скрати постапката за преглед кај уролог. По посетата на матичен лекар пациентите најпрвин ќе треба да направат простата специфичен антиген тест (ПСА) и ултразвук, а потоа со резултатите од направените анализи матичниот лекар ќе ги упати кај уролог. Наместо двапати како што беше досега, пациентот кај урологот ќе доаѓаат еднаш. Од Министерството за здравство велат дека со воведувањето на системот „Мој термин“ лесно можат да се воочат недостатоците во здравствениот систем и да се интервенира со сет на нови мерки. Од таму е препознаен и…
повеќе...Повеќе лекови на рецепт за граѓаните: За 80 милиони денари зголемени квотите за аптеките
Од вчера осигурениците имаат повеќе лекови на рецепт во аптеките низ целата држава. Средствата наменети за аптеките се зголемени за дополнителни 80 милиони денари за лековите на рецепт до крајот на годинава. Тоа значи од досегашни 2,46 милијарди денари, новиот буџет за лекови на рецепт за 2016 година ќе изнесува 2,55 милијарди денари. Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување на линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов…
повеќе...