Флаер со препораки за заштита на здравјето во поплавените подрачја

Во моментот нема појава на заразни заболувања во сите поплавени региони во државата. Во моментов, водата за пиење не е безбедна во Штип, Пробиштип, Неготино, како и во селските подрачја каде поради заматување и физичко-хемиска неисправност, по препорака на центрите за јавно здравје е забранета од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните во поплавените подрачја се снабдени со спакувана вода, а има и донации. Во местата каде е забранета водата за пиење има цистерни за вода за пиење. Исто така, флаери со препораки за населението во поплавените подрачја…

повеќе...

Нема пријави за заразни болести во поплавените региони во Чешиново-Облешево

Кризниот штаб денеска одржа состанок во општината Чешиново-Облешево по настанатите поплави во подрачјето, на кој присуствуваше и министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со професори, доктори-епидемиолози и специјалисти по хигиена од Институтот за јавно здравје и Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството, како и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. На состанокот е констатирано дека досега нема пријави за заразни заболувања на ова подрачје, а Центарот за јавно здравје будно ја следи состојбата во однос на безбедноста на водата за пиење и евентуална појава на заразни…

повеќе...

Тодоров: Реформите во македонскиот здравствен систем не застануваат

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска во Брисел одржа говор на тема “Што е тајната зад рапидниот напредок на македонските здравствени перформанси”, во рамки на презентацијата на европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2014 година, на кој, како што објави еврокомесарот за здравство, Витенис Андриукатис, Македонија има најголем напредок во Европа и од 27. место во 2013 година, на минатогодишното рангирање заврши на високото 16-то место. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, министерот Тодоров во своето обраќање пред европската здравствена елита посочи дека реформите во македонскиот здравствен систем не…

повеќе...

BSC систем: Пет скопски клиники, болници и здравствени домови во РМ со најдобри постигнувања

Клиниките за гастроентерохепатологија, уво, нос и грло, торакална и васкуларна хирургија, за хируршки болести „Св.Наум Охридски”, за психијатрија, како и Клиничката болница во Штип и општите болници во Гевгелија, Струга, Велес и Кочани, се јавни здравствени установи со најдобри постигнувања во 2013 година. Oва го покажуваат од резултатите од имплементацијата на системот за Избалансиран приказ на постигнувањата на јавните здравствени установи (Balanced Score Card), кој почна да се применува во 2013 година, како една од најсовремените стратешки алатки за следење на работата на јавните здравствени установи во Република Македонија. Станува…

повеќе...

Ефекти од Скрининг-програмата за рано откривање на рак на грло на матка во Македонија по повод „Неделата за превенција на цервикалниот канцер“

Со цел намалување на инциденцата и смртноста на жените од рак на грло на матка во Република Македонија преку превентивни активности на институционално ниво, Владата на Република Македонија секоја година донесува Програма за рана детекција на малигни заболувања во Република Македонија што ја изготвува Министерството за здравство, во која посебен дел претставува Програмата за рано откривање и спречување на ракот на грлото на матката преку која последниве неколку години се спроведуваат неколку активности за превенција на ракот на грло на матка. Активностите за оваа цел ги спроведуваат Министерството за здравство,…

повеќе...

Бремените жени бесплатно ќе добиваат таблети фолна киселина и јод

Бесплатни таблети фолна киселна и јод за секоја бремена жена за периодот од утврдување на бременоста до завршување на 13. гестациска недела, почнувајќи од првата половина на март ќе обезбедува секоја година Министерството за здравство. Станува збор за многу значајна превентивна мерка за унапредување на здравјето и здравствената заштита на бремените жени. За таа намена, Министерството за здравство одвои 12 милиони денари од сопствени средства во рамки на превентивните програми со кои ќе се обезбедат потребните таблети за околу 23 илјади бремени жени годишно. Со средства од Програма на Министерството…

повеќе...

Девојче е првото бебе родено во 2015 година

Девојче тешко 3,5 килограми е првото родено дете во 2015 година. Мајката Оливера Лазаревска од Кавадарци, се породила веднаш по полноќ, со царски рез на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и е во добра здравствена состојба. „Првото бебе родено оваа година е трето дете на семејството Лазаревски. Му посакуваме многу здравје и среќа“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети гинеколошката Клиника. Тодоров, Спасов и Трајановски на мајката традиционално и подарија…

повеќе...

Педијатриски пункт во Поликлиниката „Јане Сандански“

На 9 јануари ќе почне со работа педијатриски пункт во Поликлиниката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром со цел зголемување на достапноста на педијатриските здравствени услуги во кој било дел од денот. Пунктот ќе работи секој ден од 19:30 до 23 часот, а во недела од 8 до 23 часот и ќе бидат ангажирани околу 70 доктори педијатри и 70 медицински сестри. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека се одлучиле за овој проект затоа што во текот на вечерните часови од 19:30 часот…

повеќе...

Предупредувачка жолта фаза во три региони во државата

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден (вторник, 30 декември) три региони од државата се зафатени со пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза. Станува збор за охридско-преспанскиот, полошкиот и осоговско–малешевскиот регион, каде температурите ќе се движат од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови. Се очекува до крајот на неделата да преовладуваат пониски температури во овие региони. Граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово, и др., треба да…

повеќе...

Тодоров: Со руралните доктори подостапна здравствена заштита на ниво на целата држава

Вкупно 73.820 прегледи се реализирани во периодот од март до ноември, годинава, во рамки на проектот Рурален доктор чија цел е да овозможи континуитет во обезбедувањето примарна здравствена заштита на жителите од руралните средини, информираше на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. „Од вкупно реализираните прегледи во овој период, во скопскиот регион има најголем број, 7.316 прегледи. Во кумановскиот регион се реализирани 4.837, а во тетовскиот вкупно 4.303 прегледи. Со имплементирањето на проектот Рурален доктор, медицинските тимови обезбедуваат примарна здравствена заштита за вкупно 359.283 лица во рамки на отворените 309…

повеќе...