Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија

Една година од воведувањето на поливалентните вакцини во Македонија ефектите се одлични, опфатот во првите шест месеци од годината е 48,55 проценти што значи дека за цела година тој ќе изнесува 97 отсто, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров при денешната посета на Поликлника „Букурешт“ во Скопје. Поливалентните вакцини во Република Македонија прв пат се воведоа на 1 септември 2015 година. „Вакцините се добро прифатени од населението и процентот на имунизација е одличен, што ја става Македонија во земјите со висок степен на имунизација на населението. Досега се дадени 54…

повеќе...

Тодоров: Во поплавените подрачја нема епидемија

Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува. ­ „Ако првите денови бил стотина, сега тој број е седум. На Клиниката за инфективни болести нема лица со заразни заболувања од тие подрачја. Имаме комплетна контрола над ситуацијата и за среќа немаме епидемија иако ги имаше сите предуслови да ја има. Она што експертите ми го сугерираа е…

повеќе...

Препораки за превенција на појава на заразни заболувања во поплавените реони

Министерството за здравство и релевантните здравствени установи, Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје извршија санитарно-хигиенски увиди на загрозените подрачја од поплавата во скопскиот регион (Ченто, Сингелиќ-Економија, Сингелиќ, Црешево, Стајковци и Смилковци). За превенција на појава на заразни заболувања, соопшти Министерството за здравство дадени се повеќе препораки за населението во поплавените подрачја: да се користат водоотпорни ракавици, гумени чизми, заштитни очила и маски за лице при чистење на куќите, темелно да се чисти мувлата и калта со топла вода и детергент, кај мувли со поголем интензитет да се…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓани поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д. (47) и М.Н. (45), двајцата од Охрид. Во пријавата, опфатен е и Л.Р. (60) од Охрид за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“. Во текот на 2013 и 2014 година, М.Д. во својство на службено лице-директор на јавната установа ЈЗУ„Здравствен дом“-Охрид заедно со второпријавената М.Н., која во тој период била раководител за економски работи, од повеќе фирми во Охрид и од други градови, набавиле техничка роба (лап-топ…

повеќе...

Груевски: Следната недела ќе почне објавувањето на огласите за прием на 350 здравствени работници

Првите огласи за вработување на 350 здравствени работници во јавните здравствени установи во Македонија ќе бидат објавени следната недела и ќе течат наредните две до три недели, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на општина Илинден. „Од она што сум информиран од министерот за здравство процедурата за 350-те нови вработувања во здравството е веќе започната и се очекува следната недела да бидат објавени првите огласи. Главно ќе се вработуваат лекари и медицински сестри, но ќе има и други профили како лаборанти, физиотерапевти“,.., изјави Груевски во одговор на…

повеќе...

Промовиран нов современ дигитален мамограф во Поликлиниката Букурешт

Нов современ дигитален мамограф со висока резолуција и одличен квалитет на снимка е ставен во функција во Поликлиниката Букурешт во Скопје. По тој повод, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Поликлиниката Букурешт, по што изјави дека станува збор за најсовремена технологија и за најсовремен мамограф со најдобри перформанси во однос на сите останати инсталирани во државата досега. Посочи дека со новиот мамограф ќе може да се прават двојно поголем број снимања во таа јавна здравствена установа. „Ако досега се правеле шест снимања дневно сега ќе се…

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Медицинскиот симулациски центар доби нова опрема и простор

Медицинскиот симулациски центар е преместен во комплетно нов и целосно опремен простор од 260 метри квадратни, каде се нуди едукација на студентите по медицина и специјализанти, но и на сите вработени во јавното здравство, изјави при денешната посета Министерот за здравство Никола Тодоров. „Симулацијата како пристап во учењето е одамна правило во развиените и високо рангирани универзитети. Симулаторите кои што ги имаме се најдобрите можни симулатори што ги има во светот и на кои може да се симулираат скоро сите патолошки појави и состојби на човекот“, истакна Тодоров. Посочи дека…

повеќе...

МЗ ќе објави оглас за кофинансирани приватни специјализации за 47 гинеколози

Министерството за здравство одлучи да распише и нов трет оглас за т.н. кофинансирани приватни специјализациии, кој ќе биде објавен утре и преку него ќе се обидеме да обезбедиме 47 матични гинеколози за цела држава, истакна денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој рече дека подолг временски период се обидуваат да го пополнат недостигот од гинеколози на сите нивоа, а прв фокус им бил да го пополнат недостигот од гинеколози на терциерно и секударно ниво на здравствена заштита односно во клиниките и во болниците. – Во голема…

повеќе...

Зголемено користењето на електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ. Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право. Во прилог подолу…

повеќе...