Трипати е намален бројот на доктори што доцнеле на закажаните термини во октомври за разлика од претходниот месец, а 45.000 пациенти што закажале преку „Мој термин“ не дошле на преглед, изјави на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. „Бројот на доктори кои доцнеле трипати или повеќе од трипати подолго од еден час на првиот закажан преглед во октомври е значително намален, односно е намален за четири пати во однос на септември кога се детектирани 162 доктори кои доцнеле. За сите се поведени дисциплински постапки, како што сме информирани од директорите…
повеќе...Tag: здравство
Намалени малопродажните цени на 434 лекови
Согласно Законот за лекови и медицински помагала и Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите намалени се 434 малопродажни цени на лекови и максималните цени на вкупно 589 генерички и оригинатори (иновативни) лекови. Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција појасни дека ова е шсто по ред намалување на цените на лековите со кое се опфатени 228 малопродажни цени на генерички лекови и 206 иновативни лекови и оригинатори. „Намалувањето на цените на лековите е една системска реформа на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, која во…
повеќе...Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции
Две реномирани француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција. Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово. „Денеска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет. Се работи за потполно идентичен…
повеќе...Министерот Тодоров се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во рамки на работната посета на Виена, се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано. На средбата, соопшти Министерството за здравство, беа разгледани можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу Агенцијата и релевантните институции од Република Македонија, особено по изборот на Република Македонија за член на Бордот на гувернери на Агенцијата, со што се отвораат повеќе можности од аспект на стручна соработка, како и простор за реализирање на националните приоритети на државите-членки. Воедно, на средбата стана збор и за…
повеќе...Од понеделник започнува вакцинирањето на населението против сезонски грип
ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид од 27.10.2014 г. (понеделник) започнува со вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центар за јавно здравје Охрид, секој работен ден од 8:30-15:00 ч. Овогодинешната вакцина против сезонски грип „Influvac“ е од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцина со аплицикација е 400,00 денари.
повеќе...Тематска работилница од областа на здравството за лицата со телесен инвалидитет
„Мобилност Македонија”, во својата програма за грижа на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија, опфаќа повеќе сегменти на делување меѓу кои организација на тематски работилнци од областа на образованието, едукација, здравствена заштита и другo. Во организација на Мобилност Кичево, а со поддршка на Мобилност Македонија, викендов во Кичево се одржа тематска работилница со цел специфичната група „Мултиплекс склероза“ да добие повеќе информации од областа на здравството. „Предавачите беа исклучително квалитетни, презентациите кои ги интерпретираа пред нашето членство беа содржајни, и дадоа доволно информации за одредени чекори кои тие понатаму…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка со Фондацијата за здравствена заштита од Белгија
Меморандум за соработка потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Фондацијата за здравствена заштита од Белгија, д-р Жак де Тоуф. Фондацијата има меѓународна соработка со голем број држави, на ниво на министерства за здравство, академски институции и болници, од аспект на размена на академски и клинички искуства, третман на пациенти, како и имплементација на здравствени технологии. Министерот Тодоров истакна дека со меморандумот се овозможуваат едукации за доктори-специјалисти, медицински сестри, рентген-техничари и други здравствени работници, како и за останатиот медицински и технички персонал и организациските менаџери од Република…
повеќе...За 60 дена 66 рурални населени места ќе добијат аптеки
Шеесет и шест населени места до 3.500 жители во рок од 60 дена ќе добијат аптеки или аптекарски станици, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Решенија за отворање аптеки се доделени во 37 општини, од кои секоја е застапена со едно или повеќе населени места и ќе бидат опфатени над 132.000 жители. За општините Битола, Струга и Струмица се доделени по четири решенија. По три се доделени за Гази Баба, Кичево и Ресен, за Сарај седум, по две решенија добија Велес, Гостивар, Липково, Пробиштип, Радовиш, Студеничани и…
повеќе...Обука за 40 доктори од трауматологија
Четириесет лекари од одделенијата за трауматологија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар, Специјалната болница по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, Општата болница во Охрид и други ќе бидат обучувани за спасување на живот, односно животнозагрижувачка здравствена состојба од шест лекари специјалисти од САД . Министерот за здравство Никола Тодоров, кој присуствуваше на првото предавање од оваа обука во Центарот за континуирана медицинска едукација, појасни дека обуката која ја спроведуваат докторите од САД, од бласта на трауматологија, е…
повеќе...Тодоров: За првпат се воведува можноста за паралелен увоз на инсулин
За првпат во историјата на Република Македонија се воведува можноста за паралелен увоз на инсулини. Граѓаните добиваат инсулини од трите најдобри врвни компании за производство на инсулин во светот, oва го истакна министерот Тодоров при гостувањето во Дневникот на МРТ. „Се пуштија некои тези дека наводно критериумите се така направени да се во фунција на еден или друг добавувач. Напротив, критериумите се така направени за да првпат може да се јават многу повеќе фирми на тендерот него што се јавувале порано. Тоа е она што смета. За првпат, можат да…
повеќе...