Децата треба да се вакцинираат, сите до едно, е ставот на лекарите. Небулози и кардинални бесмислици се, велат, информациите на интернет страниците и социјалните мрежи за наводните несакани последици од имунизацијата. Ако родителите ги следат, само ќе се исплашат и ќе бидат доведени во заблуда. „Во Македонија, откако вакцинираме до денес, нема потешка несакана реакција освен вообичаените, прикажани во упатството како очекувани, висока температура, болка на место на оток, ретки случаи со конвулзии, еден до два годишно,“ изјави д-р Јованка Костовска, национален координатор за имунизација на РМ во Светската здравствена…
повеќе...Tag: здравство
Се намалува бројот на заболени од грип во Македонија
Во текот на 10-тата недела од 2014 година (од 03.03.2014 – 09.03.2014 година), во Република Македонија се пријавени 2.502 (МБ 12,2/10.000) новозаболени oд грип, што е намалувње од 23,6% во однос на минатата недела. Во споредба со бројот на заболени во 10-тата недела од минатата сезона, се бележи зголемување за 4,7%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, зголемувањето e за околу 3 пати. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 10-тата недела, 2014 година) вкупниот број на заболени од грип во републиката…
повеќе...Врвни италијански кардиохирурзи ќе работат во Државната кардиохирургија
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, во придружба на министерот за здравство Никола Тодоров, оствари средба со реномираните италијански кардиохирурзи Роберто Чини и Антонино Маруло. Во рамките на заложбата на Владата за соработка со врвни медицински центри и медицински стручњаци во светот, Владата договори конкретна соработка и ангажман на овие кардиохирурзи во Република Македонија. Ангажманот на Чини и Маруло ќе се реализира преку нивна практична работа на проектот Државна кардиохирургија, односно нивно директно учество во медицинските активности во овој проект. Исто така двајцата доктори ќе вршат и едукација…
повеќе...Се воведуваат подвижни аптеки во места до илјада жители
Согласно последните измени на Законот за лекови и медицински помагала, се дава можност за функционирање на подвижни рурални аптеки (лековите ќе бидат доставувани со посебно возило) во места со најмногу 1.000 жители. Од оваа нова мерка директен бенефит ќе имаат над 266 илјади жители во вкупно 1.400 населени места во државата. Во таа насока Министерството за здравство ќе додели 24 лиценти за подвижни аптеки кои опфаќаат и по неколку општини со поголем број села и помали населени места. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој…
повеќе...Се намалува бројот на заболени од грип
Во текот на 9-тата недела од 2014 година (од 24.02.2014 – 02.03.2014 година), во Република Македонија се пријавени 3.277 (МБ 15,95/10.000) новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што намалувње од 17,5% во однос на минатата недела. Заболени се пријавени од 29 извештајни единици (од вкупно 31). Во споредба со бројот на заболени во 9-тата недела од минатата сезона (2.252), се бележи зголемување за 45,5%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.518, се регистрира зголемување за 2,2…
повеќе...Во Македонија пријавени се 3.973 новозаболени од грип
Во текот на 8-мата недела од 2014 година (од 17.02.2014 – 23.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 3.973 (МБ 19,3/10.000) новозаболени од грип, што е приближно исто со бројот на заболени во претходната недела (3.975) . Во споредба со бројот на заболени во 8-мата недела од минатата сезона, се бележи зголемување за 34,3%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува, се регистрира зголемување за 2,1 пати. Во сезоната 2013/2014 (од 40 недела, 2013 заклучно со 8-мата недела, 2014…
повеќе...ЈЗУ Здравствен Дом Охрид успешно го спроведува Проектот „Рурален доктор“ на подрачјето на Охрид и Дебарца
Во изминатиов период, односно од почетокот на јануари 2014 година, ЈЗУ Здравствен Дом Охрид го спроведува Проектот на Владата на РМ „Рурален доктор“ на подрачјето на општина Охрид и општина Дебарца. Целта на овој проект е доближување на здравствената дејност на примарно ниво до целокупното население. Од тие причини и Здравствениот Дом е должен да организира вршење на здравствена дејност на примарно ниво во населени места надвор од своето седиште. Континуирано, согласно утврдена Програма, со одредена динамика се посетуваат сите села во двете општини од страна на медицински тим составен…
повеќе...Брзи, прецизни операции без конци и крварење на Торакална хирургија
Брзи, прецизни хируршки интервенции без употреба на конци и крварење овозможува апаратот за препарирање ткива што првпат е набавен на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. Овој т.н. генератор за фузионирање крвни садови, вреден 2,975 милиони денари, е веќе пуштен во употреба. Се користи при интервенции за хранопровод, бели дробови, дојка и тироидна жлезда. Мобилен е, што овозможува, кога е потребно, негово користење и на другите клиники. „Станува збор за најсоврмен апарат, вид златен стандард во васкуларната хирургија. Овозможува поголема безбедност при интервенциите преку минимизирање на евентуалните грешки и…
повеќе...Зголемен бројот на заболени од грип
Во текот на 7-мата недела од 2014 година (од 10.02.2014 – 16.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 3.975 (МБ 19,3/10.000) новозаболени од грип, што во однос на минатата недела претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи за 26% . Во споредба со бројот на заболени во 7-мата недела од минатата сезона, се бележи зголемување за 51,1%, а во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, се регистрира зголемување за 55,9%. Во сезоната 2013/2014 (од 40 недела, 2013 заклучно со 7-мата недела, 2014…
повеќе...Промовирана Листа на ОТЦ лекови за продажба во супермаркети и бензински станици
Формирана е Листата на ОТЦ лековите наменети за продажба во согласност со последните измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински помагала кои стапија на сила на 13 февруари со кои се овозможува продажба на утврдената листа на лекови без рецепт и надвор од аптеките односно во определени места за продажба, како што се супермаркетите и бензинските станици кои ги исполнуваат потребните услови и имаат дозвола од Министерството да вршат продажба на лекови без рецепт. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека…
повеќе...