По 25 години направена е првата кадаверична трансплантација

На Универзитетската клиника за урологија ноќеска по подолг период направена е првата кадаверична трансплатација. Трансплантирани се бубрези кај двајца пациенти од починат донатор. Министерот за здравство Никола Тодоров и тимот лекари што работеле на трансплантацијата денеска му се заблагодарија на семејството на донаторот, кое, како што рекоа, ја почуствува големината на тоа да се овозможи да се спасат други два животи.  „Тоа е голем чекор и мислам дека сите во Македонија треба да го следиме овој пример на едно семејство, кое во состојба на голема тага одлучи да помогне на…

повеќе...

Во Македонија зголемен бројот на заболени од грип

Во текот на 5-тата недела од 2014 година (од 27.01.2014 – 02.02.2014 година), во Република Македонија се пријавени 2.350 (МБ 11,4/10.000) новозаболени на групни пријави за заболени од грип, што во однос на минатата недела претставува згголемување на бројот на регистрирани случаи за 12,4%. Заболените се пријавени од  28 извештајни единици (од вкупно 31). Во споредба со бројот на заболени во 5-тата недела од минатата сезона (2.190), се бележи зголемување за 7,3%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период,…

повеќе...

Пререгистрација на невработени лица во ФЗОМ

Согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 142/08, 64/09, 156/09, 166/10 , 53/11, 185/2011 , 44/2012 , 15/2013, 91/2013 и 170/2013), предвидени се определени правила за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ. Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнуваjќи од 03 февруари 2014 (понеделник)…

повеќе...

Светски познат кардиохирург дел од тимот на Државната кардиохирургија

Врвниот кардиохирург Антонино Маруло од Италија, со богато искуство во повеќе светски реномирани болници за кардиохирургија, ќе биде дел од тимот на новоформираната ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија. Маруло е хируршки експерт во кардиохирургија за возрасни, коронарна кардиохирургија, валвуларна хирургија, хирургија на аорта и на срцеви мани, вклучувајќи и трансплантација на срце. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека кардиохируршкиот тим ќе го сочинуваат од пет до седум кардиохирурзи, од кои четворица се врвни кардиохирурзи од странство и другите се доктори од…

повеќе...

Расте бројот на заболени од грип во Македонија

Во текот на 3-тата недела од 2014 година (од 13.01.2014 – 19.01.2014 година), од вкупно 31 извештајна единица во Република Македонија, групни пријави за заболени од грип се добиени од 25 единици, со вкупен број на заболени од 1.385 (МБ 6,7/10.000). Во споредба со бројот на заболени во 3-тата недела од минатата сезона (748), се бележи зголемување за 85,2%, а во однос на епидемискиот праг (просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, кој изнесува 1.027), се регистрира зголемување за 34,9%. Вкупниот број на заболени од грип…

повеќе...

Првпат во Македонија се воведува Протокол за безбедна хирургија

Протокол за безбедна хирургија првпат се воведува во сите хирушки одделенија во јавните и приватните здравствени установи во Република Македонија согласно искуствата и практиките на СЗО.  Протоколот е објавен во Службен весник и неговата примена е задолжителна за сите хирушки одделенија. Целта е воведување национални стандарди за безбедна хирургија, што значително ќе придонесе за минимизирање на ризикот за компликации и несакани настани што можат да се превенираат при вршење хируршки интервенции. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, по средбата со членовите на советодавниот комитет: проф.…

повеќе...

Во текот на првата недела од 2014 година само 13 лица пријавени со симптоми на грип

Во текот на 1-та недела од 2014 година (од 30.12.2013 – 05.01.2014 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, само 13 пријавиле заболени лица со симптоми на грип (на групни пријави за заболени од грип), со вкупен број 366 (МБ 1,8/10.000). Во споредба со бројот на заболени за 1-та недела од минатата сезона (143), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (1172), се регистрираат 3,2 пати помалку заболени лица. Вкупниот број на заболени од…

повеќе...

Повеќе ЈЗУ ќе добијат современа медицинска опрема

Министерството за здравство почнува постапка за набавка на нова современа медицинска опрема која вклучува три апарати за компјутерска томографија, два акцелератора, и по еден ангиограф, мамограф и дигитален рендген апарат за повеќе јавни здравствени установи. Со новата опрема пациентите ќе имаат можност на исто место да добијат и дијагностика и лекување, без да бидат препратени за дијагностика во друга здравствена установа и потоа повторно да се вратат за лекување во претходната ЈЗУ. Ова денеска на прес-конференција го истакна ресорниот министер Никола Тодоров, кој рече дека вкупна проценета вредност на новата…

повеќе...

Бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип во Македонија бележи континуиран пораст

Во текот на 52-рата недела од 2013 година (од 23.12 – 29.12.2013 година), во Република Македонија, од вкупно 31 извештајна единица, 14 пријавиле 231 лице со симптоми на грип, на групни пријави за заболени од грип. Во споредба со бројот на заболени за 52-рата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 2,6 пати, а во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период (65), се регистрираат 3,6 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната…

повеќе...

Премиерот најави големи инвестиции во повеќе медицински центри

Оваа година планирани се градби и реконструкции на повеќе болници, покрај комплексот клиники „Мајка Тереза“, најави денеска премиерот Никола Груевски.  Ќе се реконструираат и градат кичевската, штипската и струмичката болница, како и болниците „8 Септемвври“, „Свети Наум Охридски“, детската клиника во Козле, а почна и градбата на ПЕТ-центарот во Скопје. „Во 2014 предвидени се повеќе градби и реконструкции на други болници. Покрај комплексот клиники „Мајка Тереза“, на 8 јануари се објавува тендерот за градба на кичевската болница, како што ветивме пред неколку месеци, претпоставувам некаде на пролет ќе почне градбата.…

повеќе...