Во текот на 51-вата недела од 2013 година (од 16.12 – 22.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 161 лице со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 51-вата недела од минатата сезона (40), се бележи зголемување за 4 пати, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (48), се регистрираат 3,4 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 51-ва недела, изнесува 746 лица.…
повеќе...Tag: здравство
Прегледи за рано откривање на болести на срце, бубрези и дијабетес
Еден милион и 200 илјади граѓани во следните две години ќе бидат повикани од своите матични лекари да направат превентивни прегледи за рано откривање на кардиоваскуларни и бубрежни заболувања и дијабетес. Оваа превентивна мерка чие спроведување ќе започне од 1 јануари следната година денеска на прес-конференција ја соопштија портпаролот на Владата Алексндар Ѓорѓиев и директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова. Владата за оваа намена одвоила околу 20 милиони евра, односно по 10 годишно, рече Ѓорѓиев. Превентивниот преглед што ќе се реализира на повик на матичниот лекар содржи…
повеќе...Со законски измени лековите без рецепти подостапни за граѓаните
Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната седница во Владата на Република Македонија рече дека со измените и дополнувањата во Законот за лекови и медицински помагала се предвидува продажба на лекови кои се издаваат без рецепти освен во аптеките да се продаваат и во супермаркети, бензински пумпи, продавници, со што ќе се овозможи намалување на цените на овие лекови поради зголемувањето на конкурентноста. Тој истакна дека најбараните од овие лекови се аналгин, андол, ацисал и други секојдневни лекови. „На овој начин овие лекови ќе бидат подостапни на граѓаните и ќе…
повеќе...Во Македонија од почетокот на сезоната 2013/2014, 585 лица се заболени од грип
Во текот на 50-тата недела од 2013 година (од 09.12-15.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 153 лица со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 50-тата недела од минатата сезона (88), се бележи зголемување за 73,9%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (32), се регистрираат 4,8 пати повеќе заболени лица. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 50-та недела, изнесува 585 лица. Во овој период…
повеќе...Состојба со грип во Република Македонија, сезона 2013/2014
Во текот на 49-тата недела од 2013 година (од 02.12-08.12.2013 година), во Република Македонија, на групните пријави за грип се пријавени 61 лица со симптоми на грип. Во споредба со бројот на заболени за 49-тата недела од минатата сезона (80), се бележи намалување за 31,1%, а во однос на просечниот број заболени во изминатиот 10-годишен период (21), се регистрираат 2,9 пати повеќе заболени лица од грип. Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 49-тата недела, изнесува 432 лица. Во…
повеќе...Втор здравствен самит „Со превенција може да се каже не“
Само со превенција може да се каже не. Ова е заклучокот на Вториот здравствен самит што се одржува денеска во Скопје, во организација на меѓународниот проект Хелтгрупер. Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека не е возможно да се обезбеди се но, како што рече, клучно е да се стремиме секогаш да обезбедуваме повеќе и да се зголеми опсегот на услуги. Потсети дека кога пред година и половина се разработувал проектот за почнување на неонатална кардиохургија имал прашање дали ќе се воведат контрацептивни средства на позитивна листа на лекови, на…
повеќе...Од 16 декември СМС потсетување за пациентите за закажан термин за преглед
На 16 декември официјално стартува проектот за СМС известување на пациентите за датумот и часот на нивниот закажан термин за преглед во јавните здравствени установи. Станува збор за уште еден нов модул или нова функциналност на системот за електронски евиденции во здравството и електронско упатување „Мој термин“. Првите СМС пораки за закажани прегледи беа испратени на 1 декември. Дневно ќе бидат испраќани над 5.000 СМС пораки во кои граѓаните ќе се потсетуваат за тоа кога им е закажан терминот во определена здравствена установа, рече министерот за здравство Никола Тодоров најавувајќи…
повеќе...Тодоров: Распишан оглас за 400 нови вработувања во здравството
Министерот за здравство Никола Тодоров најави нови 400 вработувања во јавното здравство. Владата на почетокот на годината, нагласи тој, донесе една стратешка, но и историска одлука за вработување на 800 здравствени работни во јавното здравство. „Со тоа што беше договорено првите 400 да бидат во првата половина од годината, а вторите 400 во втората половина, односно при крајот на оваа година. Веќе се распишани огласите за 400 вработувања во јавното здравство, од кои половина се докторски кадар, односно специјалисти или специјализанти, а другата половина се сестри, болничари, акушерки и друг…
повеќе...Македонски лекари ќе се обучуваат во израелскиот медицински центар Шнајдер
Министерот за здравство Никола Тодоров, кој придружуван од директорката на Универзитетската клиника за детски болести д-р Аспазија Софијанова, е во еднодневна посета на Израел, потпиша Меморандум за соработка со реномираниот Детски медицински центар Шнајдер, со седиште во Тел Авив. Детскиот медицински центар Шнајдер, соопшти Министерството за здравство, од своето основање во 1991 година е претпознатлив како институција за медицински и академски достигнувања. Меморандумот е со важност од пет години, со можност за продолжување и подразбира соработка во делот на медицинската едукација и обука во следните области: педијатриска кардиологија и кардиохирургија,…
повеќе...Тодоров ја најави акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“
Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџоски денеска во дворот на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле засадија дрвца со што го најавија почетокот на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, која ќе се одржи на 27 ноември. Министерот Тодоров изјави дека оваа година „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“ има здравствено мото „Садење за подобро здравје“. „Има и посебна симболика што сме тука во дворот на Институтот. Човекот задолжително треба да се грижи за белите дробови и за своето здравје. Дрвјата…
повеќе...