37.814 хронични пациенти контактирани од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 37.814 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика, информираат од ФЗОМ. „Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, со задоволство може да констатираме дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Право на итна и неопходна здравствена заштита на осигурените лица на ФЗОМ во странство

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигурени лица дека за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита со двојазичен образец надвор од територијата на Република Македонија, и тоа во следните 17 држави: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија. Под итна и неопходни здравствена заштита се подразбира користење на здравствени услуги чиешто пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.…

повеќе...

Избрани 74 кандидати на вториот оглас за кофинансирани специјализации

Избрани се 74 кандидати на вториот оглас за кофинансирани специјализации распишан од Министерството за здравство, со кои ќе се зајакне капацитетот на специјалистичко ниво во 17 јавни здравствени установи низ државата. Вториот оглас за кофинансирани специјализации беше наменет исклучиво за општи доктори кои не се запишани на специјализација и не се вработени во ЈЗУ. Првиот оглас за кофинансирани специјализации беше наменет само за доктори веќе запишани на приватна специјализација и согласно Законот се потпишале договорите за кофинансирање. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече…

повеќе...

Наскоро ќе профункционираат првите амбуланти во руралните средини

Во втората половина или најдоцна до крајот на месецов ќе почнат со работа првите амбуланти во руралните средини за кои неодамна го отворивме огласот за отворање ординации на матични доктори по општа медицина, најави денеска министерот за здрвство Никола Тодоров. Прецизира дека во постапката за отворање за најголем дел од амбулантите веќе е завршена или е во финална фаза постапката за доделување под закуп. „Во општина Охрид веќе е во завршна фаза отворање на ординацијата во село Пештани, со што ова населено место повторно после неколку години ќе добие матичен…

повеќе...

ФЗОМ: Зголемено користењето на електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, ФЗОМ овозможи сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ. Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право. Заверка на…

повеќе...

Во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина

Од денес до 21 мај, за прв пат, во Скопје се одржува Основна обука за воздухопловна медицина, во организација на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје. Обуката е акредитирана од Агенцијата за циивилно воздухопловство, согласно позитивните законски прописи во земјава од оваа област, а ќе ја посетат 24 лица- лекари, психолози како и медицински персонал од повеќе здравствени установи во земјава. Предавањата ќе ги реализираат еминентни стручни лица од сферата на воздухопловната медицина од Хрватска и Србија, како и врвни специјалисти од повеќе области од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“…

повеќе...

Нов КТ симулатор за радиотерапија

Министерството за здравство набави и испорача нов КТ симулатор за радиотерапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Неговата инсталација треба да заврши до крајот на јуни годинава, по што ќе биде достапен за пациентите. Вредноста на апаратот е 32,8 милиони денари. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров. Со апаратот, како што појасни, се врши планирање на радиотерапијата, која претставува основа за модерната терапија. Вообичаено, на КТ симулаторот секој пациент поминува по еднаш, согласно досегашната динамика на апаратот поминуваа по околу 7 пациенти дневно,…

повеќе...

Зголемен бројот на термини и на прегледи

Бројот на термини за преглед овој месец е зголемен за 12 проценти споредено со истиот период минатата година. Поконкретно, во мај 2015 година во системот се евидентирани 380.784 термини, додека овој месец 425.979 термини. За 16 проценти, пак, е зголемен бројот на прегледи. Ова го покажуваат податоците од Национален систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, кои денеска на прес-конференција ги презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Eдна од реформите, која доби меѓународни признанија и е меѓународно призната, нагласи, е реформата „Мој термин“. „Наша постојана битка е да го…

повеќе...

Со проектот „Наш специјалист“ граѓаните ќе заштедат време и пари

Бенефитот од проектот „Наш специјалист“ е во тоа што побрзо се добива здравствена услуга, бидејќи пациентот не мора да патува во друг град, му се заштедуваат време и пари, но пред се рано се дијагностицира заболувањето и навремено се заштитува здравјето на луѓето. Во Валандово 578 пациенти требало да одат до Струмица или до Гевгелија за да бидат прегледани од оториноларинголог. На тие 578 пациенти, тоа им заштедило време, но и пари кои требало да ги издвојат за патување. Во Крива Паланка, пак, 1755 пациенти биле поштедени да патуваат до…

повеќе...