Стандардизирани здравствените прегледи на работниците

Здравствените прегледи кои им се вршат на работниците треба да бидат со стандарден минимум (кој се состои од анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, основни лабораториски анализи, испитување на функција на видот, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ инт.), задолжителен за сите систематски, претходни, насочени и периодични прегледи. Ова е обврска на секоја овластена здравствената установа  согласно Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените, изработена согласно измените на Законот за безбедност и здравје при работа. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече…

повеќе...

Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори

Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ. Како што соопшти Министерството, станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци кои секојдневно со својот ангажман посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и…

повеќе...

Наскоро електронски наместо хартиен рецепт

Од 15 мај почнува воведувањето на електронски рецепт во здравствениот систем, прво како пилот-проект, а од почетокот на јуни ќе се спроведува на цела територија на Македонија. Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени…

повеќе...

Точков: Водата е здравствено безбедна и квалитетна за пиење

На денешната прес средба која се одржа во просториите на Центарот за јавно здравје беа презентирани резултатите од анализата на водата за пиење и површинските води од регионот на Охрид, Струга и Дебар за периодот на првото тримесечје од 2013 година, кога се соочуваме со зголемен доток и количество на вода во водните базени. „Лабораториите на Центарот за јавно здравје за испитување на квалитетот на сите видови на вода се акредитирани по стандардот 17.025, со соодветно решение од институтот за акредитација на Р.Македонија, така да од месец јануари и овој…

повеќе...

Поефикасно лекување на новороденчиња со респираторни заболувања на Детската клиника

Најсовремен апарат за понеагресивно водење на новородени бебиња кои имаат потреба од механичко вентилирање на белите дробови после критични раѓања, e инсталиран на Детската клиника. Со апаратот се применува помалку инвазивна техника со која лекувањето е побрзо во однос на класичната машина за дишење, поголем е процентот на преживување на предвреме родените бебиња и нема оштетувања на белите дробови и на мозокот. Апаратот е донација од доктор Лоренс Волин, неонатолог кој го води Одделот за неонатологија во Northside hospital во Атланта, Џорџија. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција…

повеќе...

Од 15 март намалување на цените на нови 202 лекови

Од 15 овој месец ќе бидат намалени цените на 202 лека од кои 92 се иновативни, а останатите 110 се генерички лекови. Станува збор за трето по ред намалување на цените на лековите по донесување на новата методологија за утврдување на максималните цени на лекови во државата. Во Македонија се постави кредибилен систем за регулирање на цените на лековите кој функционира и дава резултати. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека третото по ред намалување на цените на лековите е сериозна потврда за…

повеќе...

Секретаријатот на здравствената мрежа за земјите од ЈИЕ со седиште во Скопје

Седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа за земјите од Југоисточна Европа е отворено денеска во Скопје. По инаугурацијата на седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа за земјите од ЈИЕ,  министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека станува збор за мрежа која ќе помогне за една многу подлабока соработка меѓу 10 земји-членки на оваа мрежа, во поглед на развој на јавното здравство, на организирање или имплементација на заеднички проекти, во поглед на соработка на сите нивоа на здравството и здравствената политика. „Моите очекувања од функционирањето на оваа мрежа се големи. Очекувам…

повеќе...

51 аптека ќе бидат отворени во рурални средини

Педесет и една аптека ќе бидат отворени во рурални средини и во поголеми населени места низ државата. Бенефит од ова ќе имаат околу 100 илјади граѓани во Македонија. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека целта е да им се излезе во пресрет на граѓаните кои живеат во руралните области каде досега воопшто немало аптека или немало аптека која има договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Поради ова, посочи министерот, поголем број граѓани морале да патуваат по неколку десетици километри за…

повеќе...

Презентиран електронски систем за закажување пациенти и интервенции

Национален електронски систем за закажување пациенти и интервенции во здравствениот систем во Македонија, денеска презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Станува збор за многу напреден систем, еден од ретките во поширокиот регион кој нуди сеопфатна можност за закажување од примарно до терцијарно ниво на здравствена заштита. „Секој пациент кога оди на матичен лекар, тој треба да го прегледа. Ако оцени дека треба да се заврши целата процедура, може да ја утврди дијагнозата и да му препише терапија, но ако оцени дека има определени проблеми за кои треба да биде консултиран…

повеќе...