МЗ предлага закон за употреба на канабис во медицински цели

Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија подготви Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во насока на легална контролирана употреба на производи од канабис за медицински цели во Република Македонија. Се очекува негова имплементација во февруари. Според Предлог-законот, канабисот ќе може да се произведува и користи само во Македонија. Ќе може да го произведуваат само правни лица. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека Предлог-законот за…

повеќе...

Груевски: Инвестициски циклус од 150 милиони евра во инфрструктура и 100 милиони во опрема во здравството

Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, во рамки на тој дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек, истакна премиерот Никола Груевски. Меѓу позначајните ги напомена новата Универзитеска клилника за гинекологија и акушерство пуштена во 2011 година, новиот Дијагностичко-ургентен центар во Клиничката болница – Тетово, реконструираната Општа болница во Охрид, реконструираната болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“ во Велес, реконструираната поликлиника „Букурешт“, потоа ПЕТ Центарот кој е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде пуштен,…

повеќе...

Зголемување на капитацијата за матични лекари

Примарната здравствена заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење како „капија“, за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга, согледување на ризиците и рано откривање на определените заболувања што е од огромно значење за превенцијата и навременото лекување. ФЗОМ постојано ги следи услугите и го унапредува начинот на функционирање на примарната здравствена заштита со тенденција на долг рок да обезбеди поквалитетна услуга, односно подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за…

повеќе...

Договор помеѓу Македонија и Словачка за социјално и здравствено осигурување

На 1 декември 2015 година стапи во сила Договорот помеѓу Република Македонија и Словачка за социјално осигурување на основа на кој осигурените лица на едната држава договорничка за време на привремен или за време на постојан престој на територија на другата држава договорничка, можат да користат бесплатни здравствени услуги. Фондот за здравствено осигурување на Македонија потпиша Договор за користење на европската картичка за здравствено осигурување (EHIC) на територијата на Република Македонија за осигурените лица на Словачка кој ќе се применува со стапувањето во сила на Договорот. На основа на Европската…

повеќе...

Две нови намалувања на цените на лековите наредната година

По осумте досегашни намалувања на цените на лековите, во вредност од 33 милиони евра, наредната година се планирани две нови намалувања, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови. Она што е значајно е дека овој тренд ќе продолжи и во следната година и тоа двапати, еднаш во март и еднаш во октомври. Тоа значи дополнителни две нови намалувања на цените на…

повеќе...

Нов современ компјутерски томограф за Клиниката за неврологија

Полесно и побрзо дијагностицирање на пациентите на Клиниката за неврологија во Скопје ќе овозможи новиот современ компјутерски томограф што денеска беше пуштен во употреба. Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари. Досега на Клиниката имало еднослајсен компјутерски томограф со постара технологија, поради што пациентите оттука биле препраќани на Клиниката за радиологија. „Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување…

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на стари лица во Охрид и Дебрца

Денес се заокружуваат активностите кои се реализираа во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во организација на Црвен крст Охрид. Во тек се бесплатни здравствени прегледи на стари лица во општината Дебрца, кои ги изведува медицински тим на Црвен крст Охрид, кој го сочинуваат лекар-кардиолог од Клиниката за кардиологија во Скопје, лекар-невролог од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и медицинска сестра. Прегледите ќе се изведуваат и во Охрид на плоштадот Крушевска Република (Чинар) денес од 13:00 часот. Покрај едукативните материјали и совети од стручните лица, на старите…

повеќе...

Министерството за здравство од декември почнува со новите сет-мерки за бремени жени

Министерството за здравство од декември, годинава, почнува со реализација на новите мерки за унапредување на здравјето на бремените жени и доенчиња. Од 1 декември ќе бидат ослободени од партиципација за сите прегледи, согласно антенаталното упатство, бремените жени кои се здравствено осигурани, што значи дека за сите услуги што треба да ги направат на секундарно ниво како лабораториски и микробиолошки прегледи и скрининзи за кои е потребна партиципација нема да плаќа ниту една бремена осигурена жена, информираше на прс-конференција д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство. Сите здравствени установи…

повеќе...

Без партиципација, ин-витро може да се користи и за трето и четврто дете

Од сега партиципацијата од 6000 денари за остварување на право на ин витро на товар на буџетот на Фондот и овозможено право на ин витро за трето и четврто дете, покрај правото за прво и второ до три обиди. Правото на ин витро е една од програмите на Фондот кој е со исклучително висок приоритет. „Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Токму затоа, Фондот за здравствено осигурување со задоволство информира дека од…

повеќе...

Олеснување на казнената политика – нови поволности во работењето на матичните лекари и стоматолозите

Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опомената ќе замени голем дел на казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме да ја зајакнеме партнерската улога со лекарите. Измените се следни: Осум договорни казни од ¼ капитација ги префрливме во опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во…

повеќе...