Во Градската општа болица „8 Септември“ е реализирана прва интервенција на интервентна кардиологија. Тим предводен од доктор Владимир Ристовски, кој неодамна се вратил од доедукација во Дедиње, вчера интервенирал на 63 годишна пациентка, која, според докторот, се чувствува одлично и денеска е пуштена на домашно лекување. „Пациентката беше со докажана коронарна артериска болест, по направени неколку неинвазивни дијагностички испитувања. Беше со нестабилна ангина. Направени се испитувања, коронографија и се е завршено“, информира доктор Ристовски. Со реализација на првата интервенција, според министерот за здравство Никола Тодоров, Градската општа болница „8 Септември“…
повеќе...Tag: здравство
Нови 56 биохемиски анализатори за 54 ЈЗУ
Нови 56 биохемиски анализатори идниот месец ќе бидат испорачани во 54 јавни здравствени установи во државата, меѓу кои се опфатени повеќе општи, специјални болници, клиники, здравствени домови, заводи и институти. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека постапката за јавна набавка на 56 нови биохемиски анализатори е завршена и со нив ќе се овозможи побрзо добивање здравствена услуга, како и подигнување на нивото на квалитет и зголемување на точноста на биохемиските анализи. Министерството за здравство, посочи, продолжува со докажаната практика на набавка на апарати по принципот на…
повеќе...Директорите на ФЗОМ Стефаноски и Рамадани во посета на подрачната служба во Струга
При денешната посета на подрачната служба во Струга, директорите д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани информираа дека се отворени четири нови аптекарски станици и една нова подвижна аптека. Новите 5 субјекти значат полесна достапност до лекови за 23.000 граѓани. Новите пет аптекарски субјекти се во следниве населени места: 1. Село Ливада, Струга; 2. Село Буково, Битола; 3. Село Слатино, Теарце, Тетово; 4. Село Морани, Студеничани; и 5. Една подвижна аптека во Валандово. Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита на…
повеќе...Комплетна реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид
Министерството за здравство продолжува со инвестицискиот циклус во здравствена инфраструктура, во рамки на кој значителен број проекти се комплетно реализирани, започнати и во тек на реализација, а одреден број проекти ќе почне да се реализираат во претстојниот период. Овие инвестиции се од особено значење имајќи предвид дека целокупниот квалитет на еден здравствен систем во голема мера зависи од квалитетот на инфраструктурата. Од Министерството за здравство информираат за почетокот на еден крупен инфраструктурен проект, а тоа е комплетната реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, за која веќе…
повеќе...Груевски: Трајно се решава проблемот со лековите за ретки болести
Во финална фаза е решавањето на проблемот со лековите за ретки болести. Од вкупно 21 лек колку им се потребни на пациентите, 11 се стасани и распределени, шест се во фаза на распределба, а четири се во фаза на набавка. На ваков начин трајно ќе се реши проблемот на пациентите со ретки болести, бидејќи мерката не е еднократна. Годишно за неа ќе се издвојуваат по околу 3,7 милиони евра. „Ние се обврзавме да го решиме проблемот со лековите за ретките болести и можам да кажам дека сме во финишот на…
повеќе...Пуштен во употреба нов апарат за ангиографија во ГОБ „8 Септември“
Во ГОБ „8 Септември“ денеска официјално беше пуштен во употреба нов современ апарат ангиограф кој ќе извршува многу процедури, вклучувајќи и процедури од областа на интервентната кардиологија. „Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури“, рече премиерот Никола Груевски кој во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров го пушти во употреба апаратот. Набавката на…
повеќе...Груевски: Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството
Дополнителни 1,1 милион евра ќе се инвестираат во здравството до крајот на годината. Ќе биде набавена опрема за клиниките за детски болести и за гинекологија и за поликлиниката „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Ова го најави премиерот Никола Груевски по денешното пуштање во употреба на новиот објект на ОУ „Живко Брајковски“. „Континуирано вложуваме во здравството. Имавме еден проект за вложување на 100 милиони евра во набавка на опрема и тој проект во најголем дел е реализиран. Сега започнавме нова набавка на опрема за неонатална интензивна нега за Универзитетската Клиника за…
повеќе...Годинава 1.000 лекари и друг медицински персонал на обука во странство
Проектот за обука на лекарите и останатиот медицински персонал во современите медицински центри во странство се спроведува успешно. До август веќе се испратени околу 600 лекари и медицински персонал, а до крајот на годината се очекува да бидат пратени на обука уште 400 со цел да се заокружи бројката од 1.000 лекари и медицински персонал, оцени премиерот Никола Груевски. Одговарајки на новинарско прашање, премиерот Груевски посочи дека две години по ред во познатите болници во странство се испратени по 500 лекари и медицински персонал, а оти од годинава согласно законот…
повеќе...На клиниката за радиологија првпат изведена нова ендоваскуларна метода
За првпат во Македонија, на Клиниката за радиологија се извршени интервенции со пласирање на пренасочувачи на проток (flow diverters), кои служат за ремоделирање на артериите и пренасочување на крвен проток. Станува збор за ендоваскуларна метода (со пункција на артерија со катетер, без отворање на черепот), кај која за првпат се применети пренасочувачи на проток. Изминатата недела беа третирани вкупно 6 пациенти, од кои: 3 со крваречки сложени големи аневризми (аневризмите се проширувања на артериите во мозокот) 2 некрваречки 1 артериовенска фистула (неприродна комуникација помеѓу артериите и вените во мозокот) Поставени…
повеќе...Нова мерка на МЗ – 20 отсто понизок надомест за приватна специјализација
Сите специјализанти кои во моментот се запишани или во иднина ќе се запишат на приватна специјализација да плаќаат за 20 отсто понизок финансиски надоместок од оној кој досега го плаќале. Ова се предвидува со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои беа разгледани на седница на Владата, а за кои во наредниот период ќе се одржи поширока јавна дебата. Станува збор за нова мерка од која бенефит ќе има поголема група млади луѓе кои во моментот се во тек на специјализација во некоја медицинска област или во иднина ќе…
повеќе...