Британски производители заинтересирани за влез на македонскиот пазар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на билатералната средба со својот колега, британскиот министер за земјоделство и храна Дејвид Хит, во Лондон, ги повика бизнисмените од Обединетото Кралство да инвестираат во Македонија поради поволните услови што ги нуди, особено во земјоделството. „Нашите врати се отворени за инвестиции во производството или во откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи за да ги пласираат на британскиот пазар“, рече Димовски на средбата. Осврнувајќи се на актуелните состојби во аграрот, Димовски нагласи дека Македонија ја усогласи легислативата согласно барањата на ЕУ и успеа…

повеќе...

Владата го услови увозот на пченица и брашно

Владата на Република Македонија донесе Одлука за воведување на мерката за заштита на пазарот на пченица и брашно, со врзување на количините на увоз на пченица и брашно со откуп на пченица произведена во Република Македонија. Мерката се воведува во согласност со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој (Член 46, став 4) за заштита на пазарот на меркантилна пченица и брашно од пченица и превенирање на  опасност од сериозни нарушувања на пазарот со овие производи кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика. Мерката треба да…

повеќе...

Информативен ден за користење на средствата од ИПАРД фондовите

Врз основа на претходната  најава за објавување на јавен повик 1/2013 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата) која е објавена  во петок на 31.05.2013 во дневните весници Вечер, Дневник  и Коха, како и на интернет страниците на Секторот за управување на ИПАРД и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, Секторот за управување со ИПАРД, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година во соработка со Секторот…

повеќе...

Министерството за финансии исплати 254 милиони денари субвенции

Министерството за финансии денеска исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки. Исплатени се 85 милиони денари за мерката одржување на постоечки лозови насади, 2,9 милиони денари за нови лозови насади, како и 84 милиони денари за тутун за реколтата 2011. За одржување на овошни насади исплатени се 15 милиони денари, како и 9,8 милиони денари за нови овошни насади, додека за поддршка на градинарството 13,5 милиони денари. Исто така, исплатени се субвенции за одгледување на ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и…

повеќе...

Продолжува обуката на македонските земјоделци од израелски експерти за подобрување на постбербените активности

Поголемо образование, помош од науката и поддршка од државата, се трите клучни фактори неопходни за подобрување на постбербените активности во македонското земјоделство. Како што порачуваат израелските експерти, во целиот процес на усовршување на земјоделските практики мора да се вклучи и бизнис секторот. Квалитетот на свежото овошје и зеленчук не само што ќе го подобри пласманот дома, туку ќе овозможи и етаблирање на надворешните пазари. „Слабости има во делот на калибрирањето, сместувањето, разладувањето, пакувањето… Експертите тоа го воочија. За поквалитетни постбербени активности ни е потребен посеопфатен пристап, нивните сугестиите се во…

повеќе...

Заврши АгБиз програмата на УСАИД

Креирање на 637 нови работни места и обезбедување на дополнителен приход за преку 42.400 рурални домаќинства во Македонија, како и развивање на 35 нови производи во изминатите шест години овозможи АгБиз програмата на УСАИД чие официјално затворање беше означено денеска. Целта на Програмата беше да се зголеми економскиот раст на Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност и оспособување на производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво. Придонесе за зголемување на извозот на македонските земјоделски производи за над…

повеќе...

Владата повикува на поголем интерес и искористување на ИПАРД програмата

Владата е насочена кон стратешка поддршка на земјоделството. Тоа се огледа преку серија на реформи, мерки и активности кои се преземаат а чија цел е поддршка на земјоделското производство, како што се земјоделските субвенции, распределбата на државно земјоделско земјиште и мерките за кофинансирање на набавка на опрема, и кофинансирање на останати потреби на земјоделците. Во насока на остварување на дополнителна поддршка на земјоделството, Владата на Република Македонија одлучи во рок не подолг од еден месец Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да го распише јавниот повик за…

повеќе...

Со средства од ЕУ ќе се зајакнуваат институционалните капацитети за органско производство

Зајакнување на институционалните капацитети и подобро функционирање на секторите за органско земјоделство е целта на проектот финансиран од Европската унија што ќе се спроведува во Македонија до мај 2014 година. За овој период ќе биде направена анализа на институционалните потреби и ќе се идентификуваат производите кои можат да бидат со заштитна ознака и да се регистрираат во соодветни регистри. За спроведување на овие активности ќе бидат ангажирани меѓународни експерти кои ќе бидат вклучени во обуки, работилници и работни средби. Проектот чини 700 илјади евра, а твининг партнер на македонското министерство…

повеќе...

Промовирана Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска ја промовираше Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието во општина Охрид. Канцеларијата ќе работи секој  ден од 8 до 16 часот во состав на Секторот за туризам и локален економски развој. „Ние како сектор за Локален економски развој и туризам веќе активно работиме на голем број проекти и за брзо време ќе имаме и практична реализација на истите. Се надеваме дека со оваа активност ќе ги зголемиме активностите кои  што ги имаме во однос на промоцијата и подршката на земјоделството. Истовремено…

повеќе...

Работна средба во секторот ТЛЕР со претставници на шпанската компанија „Фрубелса“

Во  Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, денес се реализираше работна средба со извршниот директор Јоан Борас Алаберн и комерцијалниот менаџер за Источна Европа на шпанската компанија за производство, подготовка, производство и трговија со градинарски и овоштарски производи  ФРУБЕЛСА, која  е една од најголемите компании за производство и пласман на овошје како и еден од најголемите производители на домати во светот со сопствен пласман на производи во Европа, Русија и Арапските земји. На средбата беа разгледани можностите и условите за инвестирање во производство на градинарски и…

повеќе...