Земјоделци – Поднесете барање за паушално оданочување за 2014 година

Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2014 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги. КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ? Најдоцна до 31 јануари 2015 година на шалтерите на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/, треба да поднесете: 1. Пријава…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.4%, а кај аутпутот е зголемен за 6.6%. Во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3. Во делот аутпут, во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на…

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделските производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2014 година изнесува 1 214 562 илјади денари што претставува зголемување за 11.5% во споредба со август 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 39.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 0.1%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекотo и млечните производи, додека намалување се забележува…

повеќе...

Со претфинансирање на земјоделците до поголемо повлекување средства од ИПАРД

Македонија ќе ги искористи искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 Програмата за успешно реализирање на следната, ИПАРД-2. Со цел максимално повлекување европски пари во периодот 2014–2020 година, меѓу останатите мерки се предвидува и формирање фонд за претфинансирање кој би ги помогнал земјоделците. Како што изјави ресорниот министер Михаил Цветков пред денешната седница на Агросоветот, главни причини за слабата искористеност на ЕУ-фондовите се уште се токму недоволната финансиска моќ на нашите производители и критериумите што ги поставува Европската комисија. „Имајќи ги предвид искуствата од спроведувањето на ИПАРД-1 Програмата која досега е искористена…

повеќе...

Субвенции и инвестиции во земјоделството во првите 100 дена работа на МЗШВ

Во првите 100 дена од работењето на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реализира и почна голем број проекти. Како што рече денеска на прес-конференција ресорниот министер Михаил Цветков, успешно заврши и аплицирањето за субвенции. Поднесени се вкупно 74.000 барања, а дел од нив веќе се процесирани и исплатени. „Од оваа година земјоделците ги добиваат субвенциите по однапред дефиниран „Календар за субвенции“ со кој точно е определена динамиката на аплицирање и на исплатата според потребите на земјоделците. Досега, според овој календар се исплатени тутунарите, а во периодот септември-октомври следи…

повеќе...

Регионални сметки во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 33.3%, потоа Пелагонискиот со 20.8% итн., додека најмало учество има Североисточниот регион со 3.7%. Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 38.2%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21.3%.

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.2%, а кај аутпутот е зголемен за 6.6%. Во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.1. Во делот аутпут, во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, индексот на…

повеќе...

Откуп и продажба на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2014 година изнесува 1 072 337 илјади денари што претставува зголемување за 7.4% во споредба со јули 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 8.6%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 6.4%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај…

повеќе...

Со новото АД за водоснабдување земјоделците очекуваат подобри услуги

Со формирањето на Акционерското друштво за водоснабдување во државна сопственост, земјоделците очекуваат дека наводнувањето ќе биде поефикасно и ќе се подобрат услугите што им се нудат, со што и приносите ќе бидат поголеми. По денешната јавна расправа организирана од ресорното Министерство за Предлог-законот со кој се предвидува формирање на новото АД, претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев изјави дека досега имале голем број проблеми, но оти со формирањето на новото водостопанско претпријатие тие ќе бидат надминати. „Во следните 10 години Владата планира да инвестира околу 250 милиони евра за…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5.3%, а кај аутпутот е намален за 4.7%. Во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.9. Во делот аутпут, во јули 2014 година, во споредба со јули 2013 година, индексот на…

повеќе...