Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел за запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија, организира едукативна работилница на 25-ти март (вторник), во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 18:00 часот. Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната и како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството…
повеќе...Tag: земјоделство
Бруто-додадената вредност во земјоделството пораснала за 2,7%
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2012 година изнесува 42 841 милиони денари и во однос на 2011 година бележи номинален раст од 2.7%. Благ раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 0.8% во однос на 2011 година. Растителното производство во 2012 година (кое во вкупното производство учествува со 69.0%) бележи раст од 0.6% во однос на 2011 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 23.2%) порасна за 2.8% во однос на 2011 година. Меѓуфазната потрошувачка, во 2012…
повеќе...Земјоделците и таксистите опфатени со законските измени во патниот сообраќај
Носителите на семејно земјоделско стопанство евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои имаат во сопственост или под лизинг најмногу две возила за сопствени потреби не треба да поседуваат лиценца, превозот можат да го вршат врз основа на потврда издадена од Министерството за транспорт и врски. Ова е една од новините на Законот за превоз во патниот сообраќај што денеска на прес-конференција ги презентираа министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика, Миле Јанакиески и Диме Спасов. Новини има и во такси превозот. Како што истакна…
повеќе...Денес е Светски ден на енергетската ефикасност
По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“, ја известува јавноста дека трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. „Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори…
повеќе...Исплатени 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци
Министерството за финансии соопшти дека исплатило 109,5 милиони денари субвенции на 6.986 земјоделци по повеќе основи. За мерката полјоделски култури исплатени се 18,6 милиони денари на 1.527 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари. За градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 7 милиони денари на 489 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар. На 419 овоштари исплатени се 9,3 милиони денари за одржување постоечки овошни насади. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 15.000 до…
повеќе...Исплатени 170,7 милиони денари субвенции на над 7000 земјоделци
Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи. За мерката поледелски култури се исплатени 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина изнесува 9.000 денари. За градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 12,6 милиони денари на 758 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар. За одржување постоечки лозови насади се исплатени 24,2 милиони денари на 557 лозари. Финансиската поддршка која ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40 илјади денари…
повеќе...Презентирани можностите за користење средства од ИПАРД програмата
Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниоит економски развој, започнаа со реализација на едукативни работилници за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД програмата (2007- 2013). Во склоп на овие активности во селото Куратица на 24- ти февруари се одржа едукативна работилница за селата Опеница, Завој, Плаќе, Речица и Свиништа, додека на 25-ти февруари во Долно Лакочереј едукативна работилница се одржа за жителите на…
повеќе...Исплатени 146,6 милиони денари субвенции за овошје
Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади. Финансиската поддршка, како што информираат од Министерството, изнесува од 15.000 до 33.000 денари по хектар, во зависност од видот на овошната култура. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат круша, вишна, јаболко, праска, кајсија, цреша, дуња, мушмула, слива, калинка, смоква, аронија, боровинка, рибизла, малина, капина, јагода и други видови овошки низ цела територија на Република Македонија. Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците, како што е наведено во соопштението од Министерството за…
повеќе...Исплатени 305,2 милиони денари субвенции за полјоделски култури
Министерството за финансии исплати 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури. Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, леќа, кикирики, соја, маслодајна репка, добиточна репка, афион, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут и луцерка низ цела територија на Република Македонија. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.
повеќе...Јавен повик за користење на средства од ИПАРД програмата
Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани физички и правни лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 15 февруари 2014 година, објави Јавен повик бр.01/2014 за користење на средства од ИПАРД програмата 2007 – 2013 според V компонента за следните мерки: Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на…
повеќе...