Изгубениот Спајдермен пронајден во шумите во Дебрца

Поминаа нешто повеќе од 4 години откако Спајдермен леташе над Охрид, пред да биде пронајден во шумите во Дебрца. Кој би рекол дека токму тој Спајдермен еден ден ќе биде пронајден и тоа како виси на дрвјата. Станува збор за потполно идентичен балон во форма на Спајдермен како оној кој леташе над Охрид во 2013 година. WebOhrid

повеќе...

Трајкоски: Oпштина Дебрца ја предаваме со позитивно салдо од 879.269 денари

Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца. „Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме…

повеќе...

Зоран Ногачески од денес е новиот градоначалник на општина Дебрца

Градоначалникот Зоран Ногачески денеска од Општинската изборна комисија Дебрца го доби уверението со кое се верификува неговиот избор за градоначалник на Општина Дебрца. Новиот градоначалник Ногачески  од СДСМ и коалицијата доаѓа на местото од досегашниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Трајкоски.  Со пригоден говор градоначалникот Ногачески изрази задоволство што изборите минале во мирна и демократска атмосфера и им посака успешна работа на новоизбраните членови на Советот на Општина Дебрца. „Дебрца успеа, граѓаните на Дебрца покажаа дека слободата и демократија се најважна вредност во нашето општество. Ви честитам на сите што се одваживте…

повеќе...

Утре ќе бидат врачени уверенијата за градоначалник и советници во Дебрца

Општинската изборна комисија Дебрца, утре со почеток во 11 часот, на новоизбраниот Градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески од СДСМ и коалицијата, како и новоизбраните членови на Советот на општината свечено ќе им ги врачи уверенијата за избор.

повеќе...

Жителите на Дебрца се изјаснија против изградба на регионална депонија

Заедно со локалните избори кои се одржаа во неделата на ниво на општина Дебрца се спроведе и реферндум. Граѓаните имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца. Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани. Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека…

повеќе...

Ова се новите советници во Советот на општина Дебрца

Државната изборна комисија на Република Македонија ги објави мандатите за совет на општините од Локалните избори 2017, кои што се одржаа во неделата. Ова се новите советници во општина Дебрца:

повеќе...

Ногачески: Ветив и ветувам дека ќе бидам Градоначалник за сите

Новоизбраниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани граѓани на слободарска Дебрца, Од ова место, од слободарските Сливовски Анови, од местото каде што во НОБ тргна факелот на слободата и го донесе новото сонце на слободата над Македонија, сакам Ви испратам порака: Дебрца успеа, граѓаните на Дебрца покажаа дека слободата и демократија се најважна вредност во нашето општество. Ви честитам на сите што се одваживте и гласавте за промени во нашата општина! Ви благодарам на сите кои го дадовте гласот за мене и…

повеќе...

Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општина Дебрца

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за Општина Дебрца, Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општината. Тој доаѓа на местото на досегашниот Игор Трајкоски, кој му беше и противкандидат на овие локални избори. Зоран Ногачески освои 1.785 гласови, односно 56,70%, Игор Трајкоски 1.212 или 38,50%, а Јадранка Бибан 55 гласови, односно 1,75%. WebOhrid

повеќе...

Одржан завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Белчишта

Денес во Домот на Културата во Белчишта се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „На 15ти октомври ќе си ја вратиме нашата Дебрца, слободарска Дебрца. Дебрца е наш заеднички дом. Во Дебрца сите треба да си ја гледаме својата шанса и својата иднина. Затоа со мојот тим, со кандидатите за советници имаме визија, имаме план да ја развиваме Дебрца, да ги искористиме нејзините силни…

повеќе...

Трајкоски: Го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа во општина Дебрца

Низ сиот изборен циклус се обидовме до Вас да ја доближиме и презентираме програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори. Во очи на изборниот молк би сакал од вас да ги согледате проектите кои ги остваривме во текот на изминативе четири години како и проектите кои ќе ги спроведиме понатаму. Пред вас нека стојат фотографиите и размислите за тоа каква општина беше Дебрца пред само четири години и каква е денес, а според програмата каква ќе биде во иднина. Ние го бараме вашиот глас бидејќи тој е двигател за понатамошна работа…

повеќе...