Одржан Интернационален фолклорен фестивал „Денови на Дебрца”

На плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорна Асоцијација „Играорец”, Ансамбл “Скопје”, Фолклорен Фестивал „Здравко Банар“и МКЦ- Зоран Стрезовски, се одржа Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Денови на Дебрца”. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Словачка, Бугарија, Естонија, Хрватска, Албанија, Полска, Грција и Романија. На фестивалот имаше околу 450 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Пиволенд 2016- Петдневен пивски маратон во Скопје

Утре започнува фестивалот кој сите со нетрпение го очекуваме- Пиволенд 2016. Од среда па се до недела, посетителите на Скопското Кале ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе слушаат добра музика и ќе уживаат во голем број атракции кои ги нуди фестивалот оваа година. Голем избор на пива од различни страни на светот ќе може да се купат на 20-те пивски штандови на фестивалот, како и скара, грицки и мезиња. Официјално фестивалските врати ќе бидат отворени во среда од 18:00 за сите посетители, а влезот е бесплатен. Музичката програма ќе…

повеќе...

Започна фестивалот на вино и сирење

Синоќа во Охрид беше отворен фестивалот на Вино и сирење. На повеќе штандови на плоштадот кај Чинарот, вкупно четиринаесет излагачи изложија квалитетни домашни вина, сирења и други традиционални прехрамбени производи. Македонски винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирењe, се дел од овогодинешниот фестивал .На чинот на отворање бројните посетители ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и изминатите ја продолжува традицијата на одржување на Фестивалот на вино и…

повеќе...

Вистинско уживање со џез музиката на „Летниот џез караван“

Синоќа со настапот на Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет, успешно заврши реализацијата на пилот проектот „Летен џез караван“ кој поддржан од Министерството за култура во рамките на „Топол културен бран“ а во организација на општина Охрид се одржа во барот „Куба Либре“. Низа манифестации оставаат културен белег во Охрид ја збогатуваат понудата ,нудат вистинско уживање и полека го афирмираат градот како културна туристичка дестинација. Во иднина, збогатувањето на програмските активности и културната понуда на Охрид со уште еден „Охридски џез фестивал“, ќе го направи Охрид привлечен и посакуван за љубителите…

повеќе...

Охридски Хорски фестивал 2016 по деветти пат во Охрид

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по деветти пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 25.08.2016 (четврток), а ќе трае до 29.08.2016 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорa од 11 европски земји. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк. Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Габор Ковач (Унгарија), Запро Запров…

повеќе...

Вкусовите на Македонија повторно во Охрид

Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и претходните години го организира Фестивалот на Вино и сирење „Кај Чинарот“, кој ќе се одржи на 26ти (петок) и 27ми август (сабота). На овој фестивал ќе учествуваат повеќе мали и средни производители на вино и сирење. Учеството на овој Фестивал значи зголемен обем на продажба и заработувачка, а за посетителите можност за запознавање со производите и вкусовите на домашните вина и сирења и прилика за дружење, а за градот…

повеќе...

Охрид фест – Охридски трубадури 2016

Од 22ри до 25ти август на летната сцена Долни Сарај во Охрид се одржува 23то издание на Интернационалниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури 2016. Фестивалот беше отворен со програмата „Чунга Лунга”, а синоќа беше вечер посветена на фолк музиката. Специјален гостин на вечерта беше пејачот Бобан Рајовиќ. Денес ќе се одржи поп вечерта, а фестивалот ќе биде затворен во четврток (25ти август) со интернационалната вечер.  А.Андриоски

повеќе...

Со македонски чалгии заврши фестивалот за народна култура „Пображење“ Вевчани

Синоќа на анфитеатарот во Вевчани заврши шестото издание на фестивалот за народна култура „Пображење“ во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани. Фестивалот беше затворен со македонска чалгиска музика во изведба на ориент бенд „Чалгии“ од Скопје. Во име на организаторот, добредојде на публиката со песна им посакаа членовите на пејачката група „Каданка“ кој исполнија изворни песни од различни краишта на Македонија. Стручниот совет на фестивалот во состав: проф.др. Мирјана Мирческа, проф.др. Даворин Трпески, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, м-р Ивона Татарческа-Опетческа, Јовица Блажески и Наташа Кукоска синоќа ја доделија и плакетата „Чувари…

повеќе...

Во Охрид одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Maкедонско Сонце“

Викендов во Охруд на плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорен фестивал „Здравко Банар“, се одржа Интернационалниот фолклорен фестивал „Македонско Сонце”. Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Турција. Босна и Херцеговина и Романија. На фестивалот имаше околу 280 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

повеќе...

Утре започнува Фестивалот „Пображење“ во Вевчани

Во периодот од 17 до 19 Август Вевчани e домаќин на 6 по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани. „Целта на овој фестивал е да ја презентира Македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот, да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Вевчани одсекогаш бил достоен чувар на Македонската традиција, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, па токму затоа и овој фестивал е само уште една потврда за…

повеќе...