АВ Охрид го совлада Кожув

Во рамките на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид ја забележа втората победа оваа сезона. АВ Охрид на домашен терен го совлада Кожув со 86-74. Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18) АВ Охрид: Крег (24 поени), Бери (18), Михајловски (14), Донески (9), Лефкоски (7), Јанески (6), Глигоријевиќ (4), Лаим (2), Цого (2). Кожув: Пековиќ (23 поени), Мишковиќ (15), Шалев (13), Петров (10), Тодоровиќ (5), Тасков (4), Апостолов (3), Ангелов (1). WebOhrid

повеќе...

Вршац речиси двојно подобар од АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид го одигра третиот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и третиот пораз оваа сезона. Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АВ Охрид го пречека лидерот на табелата во АБА 2 лигата – тимот на Вршац. Гостите од Вршац играа одлично на целиот натпревар, беа надмоќни и успеаа да победат со 61:111, односно првата четвртина ја добија со 18-28, втората со 14-25, третата со 18-23 и четвртата со 11-35. По овој натпревар екипата на Вршац се зацврсти на првото место од АБА 2 лигата,…

повеќе...

МКФ: Котизацијата е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на членовите, играчите и нивните родители

Македонската кошаркарска федерација, излезе со соопштение со кое упатува апел до родителите на младите кошаркари и кошаркарки во врска со плаќање на котизациите за учество во младинските лиги. „Со овој допис, сакаме да ја информираме сета јавност во Република Македонија дека котизацијата која се плаќа за учество во една лига е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на неговите членови односно играчи како и нивните родители. Кошарката е спорт кој треба да биде достапен за сите деца подеднакво, а не луксуз на поединци. Клубовите треба да овозможуваат…

повеќе...

Фени Индустри поуспешен од АВ Охрид

Во рамките од третото коло од Првата Македонска кошаркарска лига, тимот на Фени Индустри беше поуспешен од АВ Охрид. На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона. „Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав. Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23,…

повеќе...

АВ Охрид претрпе пораз од Ловќен во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид го одигра вториот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и вториот пораз оваа сезона. Охриѓани гостуваа против тимот на Ловќен 1947 Цетиње. Домаќинот беше супериорен во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја доби со 24-17, втората со 23-20, третата со 24-17 и четвртата со 23-18, за вкупен резултат од 94-72. „Можам да бидам задоволен со резултатот. Ова е прва победа, но не премногу добра, поради екипата од Охрид која цело време играше зонска одбрана што не ни даде шанса да се разиграме.…

повеќе...

АВ Охрид поразен од Куманово

Денес беа одиграни натпреварите од второто коло од Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција. Екипата на АВ Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид го пречека тимот на Куманово. Гостите беа надмоќни на овој натпревар, а тоа го покажаа уште во првата четвртина. АВ Охрид се обиде да ја анулира предноста, но безуспешно. На крајот Куманово успеа да оствари висока победа со резултат 73-91. АВ Охрид – Куманово 73-91 (12-31, 26-19, 13-16, 22-25) WebOhrid

повеќе...

АВ Охрид со пораз ги започна натпреварите од АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид дебитираше во АБА 2 лигата. Во Спортската сала „Билјанини извори“, АВ Охрид претрпе пораз 62-82 (14-21, 19-20, 18-20, 11-21) од српскиот тим Борац од Чачак. „Резултатски минавме лошо, но игравме добро. Не знам зошто се предадовме во последната четвртина иако губевме десетина разлика. НАтпреварите во АБА лигата ќе ни послужат за добро искуство и за акумулирање на самодоверба.“ – изјави Петар Чочороски, тренерот на АВ Охрид. „На моите играчи им честитам за заслужената победа, додека на охридскиот кошаркарски клуб му посакувам многу среќа во понатамошните натпревари. Има…

повеќе...

АВ Охрид со победа ја започна новата сезона

Екипата на АВ Охрид со победа ја започна новата натпреварувачка сезона 2017/2018. Во првото коло од Првата македонска кошаркарска лига, АВ Охрид гостуваше во Струмица, каде успеа да победи со резултат 76-90 (15-24, 29-24, 15-25 и 17-17). WebOhrid

повеќе...

Одредени натпреварите за новата сезона од Првата кошаркарска лига (мажи)

Денес во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа ждребот за паровите во првото коло за претстојната натпреварувачка сезона (2017/2018) во Првата лига (мажи). Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув. Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од…

повеќе...

Скопје подготвено за првиот 3х3 FIBA ENDORSED турнир во баскет

Претстојниот викенд сето внимание на љубителите на кошарката во Македонија ќе биде вперено кон Градскиот парк во Скопје. За првпат ќе биде одржан турнир „3х3“, поддржан од ФИБА, Македонската кошаркарска федерација и од Агенцијата за млади и спорт. Со одржување на турнирот, македонските ’баскетџии’ и љубителите на уличниот баскет ќе имаат прилика одблизу да се запознаат со правилата на играта, но и да уживаат во одлична игра демонстрирана од екипите кои ќе земат учество. Планиран е формат од 24 екипи, меѓу кои и една од Република Македонија, во зависност од…

повеќе...