Света литургија за празникот Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски

Утре 1ви ноемрви (среда), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник – Охрид (едноцрквие). Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.

повеќе...

При претрес во домот на охриѓанец пронајдена дрога

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”. На 12.04.2017 година, во Охрид при претрес во домот на пријавениот, пронајдени се најлонска паковка со 1,23 грама марихуана и најлонска паковка со 5,17 грама хероин.

повеќе...

Театар Комедија од Скопје гостува во Охрид

Актерите од Театар Комедија на 4-ти ноември, во 20 часот, пред охридската публика ќе ја играат 101-та изведба на мега популарната претстава „Стујардеси“. Претставата „Стјуардеси“ е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Режисер на претставата е Синиша Евтимов, сценографија и костимографијата – Илина Ангеловска, музика – Драган Ѓаконовски Шпато.Играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков. Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка…

повеќе...

Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција. „Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да…

повеќе...

Во ОУ „Григор Прличев“ се реализира едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“

Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност. Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството…

повеќе...

Охриѓанка фалсификувала банкноти од 1000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради бесправна сеча на огревно дрво

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“, „кражба“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Охрид. Пријавениот, во текот на август оваа година, во атарот на охридските села Плаќе и Речица, со моторна пила неовластено извршил бесправна сеча, односно без одобрение за сеча соборил 4 метри просторни буково огревно дрво кое, на повеќе наврати го натоварил во патничко моторно возило „Застава 101-скала 55“ и го пренесол во својот дом на улицата ,,Абас Емин” во Охрид. При транспортот, пријавениот бил забележан од…

повеќе...

Премиера на „Човекот-делфин“ во Охрид

Приказната за „Човекот-делфин“ во режија на Лефтерис Чаритос ќе може да ја погледнат и охриѓани. Ова е воодушевувачката приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв ќе ја достигне длабочината од 100 метри со слободно нуркање. Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој е главната инспирација и за „Големото синило“ на Лик Бесон. Кој би рекол дека оддалечувањето од површината, каде што сè ни е познато, значи доближување до себеси и до морето од каде што сме излегле? Кој би…

повеќе...

Изгубениот Спајдермен пронајден во шумите во Дебрца

Поминаа нешто повеќе од 4 години откако Спајдермен леташе над Охрид, пред да биде пронајден во шумите во Дебрца. Кој би рекол дека токму тој Спајдермен еден ден ќе биде пронајден и тоа како виси на дрвјата. Станува збор за потполно идентичен балон во форма на Спајдермен како оној кој леташе над Охрид во 2013 година. WebOhrid

повеќе...

Осветен храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во Лешани

Денес, во 21 Недела по Педесетница, во Неделата на светите Отци, и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши осветување на параклисот посветен на празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид. Параклисот започна да се гради во 2012 година, а се изгради со манастирски средства и со донациите на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на…

повеќе...