Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираа фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. Натпреварот се одигра во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 8:6, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел. WebOhrid

повеќе...

Одиграно 27 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 27 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Македонија ЃП  0:0  Шкупи Пелистер  0:1  Шкендија Работнички  3:1  Брегалница Ренова  1:0  Победа Силекс  0:1  Вардар Сите денешни натпревари започнаа со едноминутно молчење – сочувство за Филип Лазаревски, младиот 15-годишен фудбалер на Академија Пандев, кој вчера трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа. На врвот од табелата останува Вардар со 65 бодови, пред Шкендија на второто место со 54 бодови. WebOhrid

повеќе...

Повик за учество на младинска конференција во Малта „Youth for Tomorrow’s Europe“

Во периодот 14-17 мај 2017 г, во Малта ќе се одржи младинска конференција каде ќе учествуваат претставници на младински организации, претставници на институции одговорни за младински политики и директори/министри за млади. Настанот се организира во рамки на претседавањето на Малта со Советот на Европска Унија по големата младинска конференција за структурен дијалог која се одржа во периодот 20-24 март 2017 г во Малта. За таа цел, Агенцијата за млади и спорт објавува повик за младински претставник кој ќе учествува на конференцијата. Се повикуваат сите млади луѓе на возраст од 14-29…

повеќе...

ФФМ ќе инкасира вкупно 2450 евра од неколку клубови поради слаба организација на натпревари

Дисциплинската комисија на ФФМ, постапувајки по пријавите од Комисија за натпреварување на ФФМ на ден 13.04.2017 ги донесе следните одлуки: ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ;  Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци; ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 – ФК Вардар…

повеќе...

Одиграно третото коло од футсал лигата за основни училишта

Денес во рамките на училишните спортски лиги  за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид  под покровителство на Локалната самоуправа Охрид го организира третото коло од футсал лигата за основни училишта. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ учество зедоа учениците од VI и VII одделение во машка  конкуренција, а постигнати беа следните резултати : ОУ „Братство Единство“  2:3  ОУ „Св.Наум Охридски“ ОУ „Св.Климент Охридски“ 0:2  ОУ „Христо Узунов“ ОУ „Григор Прличев“  3:1  ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти  4:1  ОУ „Кочо Рацин“ ТАБЕЛА Ред.број Група…

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираат фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел. Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 17.04.2017 (Втор ден Велигден) во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Бронзен медал за Дејан Георгиевски на Европското првенство во таеквондо

Македонскиот јунак, борец со големо срце, нашата надеж за следните олимписки игри, најдобриот таеквондо борец Дејан Георгиевски го освои историскиот медал на едно Европско првенство. Местото на случување е Софија, Република Бугарија, Европско првенство за јуниори и помлади сениори. Македонија настапи со осум натпреварувачи, од кои седум испаднаа уште во првото коло. Остана надежта во нашиот најдобар борец, кој со само 17 години им пркосеше на постарите и далеку поискусни борци. И се ќе беше поинаку, ако уште во првата борба Дејан не осетеше болка во стапалото, за која подоцна се…

повеќе...

ФФМ положи цвеќе на споменикот со првата топка по повод Денот на македонскиот фудбал

На денешен ден, 9 април, пред точно 108 години во Скопје се одиграл првиот официјален фудбалски натревар на територијата на Македонија. По повод одбележувањето на 9 април – Денот на македонскиот фудбал, претставници на Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар Филип Поповски, наши фудбалски великани и фудбалски хроничари положија свежо цвеќе пред споменикот со првата фудбалска топка. На денешното скромно одбележување на денот на првиот натпревар кратко предавање за историјата на нашиот фудбал пред младите фудбалери од Академијата на ФФМ одржа Ивко Панговски. Во 1909…

повеќе...

Одиграно 26 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 26 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница  1:0  Македонија ЃП Победа  0:0  Работнички Шкендија  1:1  Ренова Шкупи  3:1  Силекс Вардар  3:1  Пелистер Вардар е осамен на врвот од табелата со 62 бодови, пред Шкендија на второто место со 51 бод. WebOhrid

повеќе...

Дарко Панчев промовиран за нов спортски директор на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека легендата на клубот Дарко Панчев, е промовиран за нов спортски директор на „црвено-црните“. Денеска на прес-конференција во Фудбалската Академија на ФК Вардар раководството на тимот предводено од претседателот Мирко Спасески и од извршниот директор Самоил Симев, го презентираше Панчев како нов член во раководството на нашиот клуб. Почнувајќи ја фудбалската кариера токму во „црвено-црниот“ дрес, Дарко Панчев на прес-конференцијата истакна дека му е особена чест што се враќа во клубот во кој што му е во срцето. „Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите…

повеќе...