МКФ со апел до сите хумани луѓе за помош на Стеван Гешоски

Македонската кошаркарска федерација упатува јавен апел до сите хумани луѓе на просторите на Република Македонија. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички како и поранешен технички директор на македонската репрезентација, Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица од ударот поранешниот кошаркар има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Првичниот третман од физикална терапија речиси и да не помогнал, па лекарите на Стеван Гешоски му препорачале операција со која…

повеќе...

Македонија 3:0 Белорусија

Македонската А репрезентација ја победи Белорусија со 3:0 на пријателскиот натпревар на Националната арена во Скопје. Нашиот најдобар репрезентативен тим одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и заслужено славеше убедлив триумф. Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Најпрвин на капитенот му асистираше Тричковски, а за вториот гол асистент беше Алиоски. МАКЕДОНИЈА – Белорусија 3:0 (1:0) Пријателски натпревар / Национална арена „Филип Втори“ Стрелци: 1:0 – Стефан Спировски (40`), 2:0 – Горан Пандев (61`),…

повеќе...

Македонската репрезентација до 21 година ја совлада и Бугарија

Македонската репрезентација до 21 година ја победи Бугарија со 1:0 во пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на Благоја Милевски заслужено се радуваа на нов триумф откако целосно доминираа на денешната пресметка. Фудбалерите кои ќе не претставуваат на ЕП во Полска создадоа многу шанси, искористивме една, промашивме и пенал, а притоа не му дозволивме на противникот ниту еднаш сериозно да се закани кон нашиот гол. Марјан Радески во 43. минута беше стрелец на голот за Македонија. Првата прилика за отворање на резултатот нашата репрезентација го…

повеќе...

Кајакарската федерација на Македонија со најава на претстојните активности

Денес се одржа првата прес-конференција на Македонската кајак федерација на која се најавија тековните настани. На прес конференцијата се произнесоа Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Марјан Спасески, Спортскиот директор на Кајакарската Федерација на Македонија Атанас Николовски и раководителот на сектор спорт во Град Скопје Зоран Шишковски. Директорот на Агенција за млади и Спорт Марјан Спасески ги соопшти тековните настани ставајќи акцент на финансиската поддршка на Агенцијата за Млади и Спорт за истите. „Викендов сме домаќини на Европски куп во спуст 1ви април (сабота), а на 8ми и 9ти април…

повеќе...

Два сребрени медали за Бојан Трајковски на Светските зимски игри на Специјална олимпијада

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски се сретна со Бојан Трајковски, претставник на Република Македонија на Светските зимски игри на Специјална олимпијада. Бојан Трајковски, на овие Светски зимски игри на Специјална олимпијада, одржана во Австрија, во дисциплините велеслалом и супер велеслалом, постигна голем успех и освои два сребрени медали. МОК упатува искрени честитки за Бојан и верува во уште подобри резултати на нашите најдобри спортисти, идни учесници на Специјалната олимпијада.

повеќе...

Одредени календарите за Плеј Оф и Плеј Аут во машката ракометна Суперлига

На Конференцијата на клубови од машката Суперлига што денеска се одржа во просториите на РФМ, извлечени беа натпреварувачките броеви на екипите учесници во Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата, по што беа одредени и распоредите и календарите до крајот на сезоната. КАЛЕНДАР ПЛЕЈ ОФ – СЕЗОНА 2016/17 КАЛЕНДАР ПЛЕЈ АУТ – СЕЗОНА 2016/17 Првото коло од Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата ќе се одигра наредниот викенд (01/02.04.2017), а двете натпреварувања, според распоредот треба да завршат на 03/04.06.2017.

повеќе...

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот во втората фаза на СП Франција 2017

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017. На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка. Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија…

повеќе...

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје Опен 2017“

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се натпреваруваа на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017“ во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје. Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања. „Со рекордниот број натпреварувачи кои се пријавија, овој турнир дефинитивно е најголем, а верувам ќе биде и најквалитетен…

повеќе...

РК Охрид го освои првото место од регуларниот дел во Суперлигата

Тимот на РК Охрид и официјално го освои првото место од регуларниот дел во Македонската ВИП Суперлига. Вечерва во Радовиш, охридскиот тим успеа да го совлада домаќинот – тимот на РК Радовиш со резултат 25-33. По 18 одиграни рунди, РК Охрид и РК Пелистер освоија ист број бодови, иста гол-разлика, но тимот на РК Охрид има дадено 2 голови повеќе од Пелистер. Ова воедно е најдобар пласман и историски успех за РК Охрид. Ракометарите на РК Охрид ќе ги очекува далеку посериозна конкуренција во плеј-офот кој што следува, каде покрај првите…

повеќе...

Лихтенштајн 0:3 Македонија

Најдобрата репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц славеше со убедливи 0:3 над Лихтенштајн, во натпревар од петото коло од квалификациите за Светското Првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија. Погодија Николов и два пати Несторовски. Македонија тргна офанзивно и првата закана дојде уште во 6-тата минута кога Пандев и Спировски убаво си проиграа во противничкиот казнен простор, а силниот шут на нашиот капитен го одбрани домашниот голман Јехле. Во 25-тата минута во шанса се најде Спировски, но биеше непрецизно покрај голот. Нашите репрезентативци продолжија да вршат притисок…

повеќе...