Вардар поразен со високи 0:6 од Реал Сосиедад

Вардар го претрпе и третиот пораз во групната фаза од Лигата на Европа. Вечерва Реал Сосиедад славеше триумф над „црвено-црните“ со убедливи 0:6. Противникот беше подобар, поискусен од нашиот тим, и сосема заслужено треба да им се честита на овој триумф. Момците на Чедомир Јаневски шансата за првите бодови ќе мора да ја чекаат на некој од следните натпревари во ова натпреварување. Уште по првиот дел Вардар имаше негатива од три гола. Реал Сосиедад успеа да дојде до убедливо водство. Три гола во мрежата на Гачевски, во прв дел со…

повеќе...

Убедлив пораз за Вардар на стартот од Лигата Европа

На првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, Вардар убедливо беше поразен од Зенит. На Националната Арена „Филип Втори“, рускиот тим беше подобар противник, и заслужено си заминува со трите бода. Зенит ја оправда фаворитската улога и стигна до победа. Тоа е прва екипа која што со бодови си замина од Скопје. Уште во првото полувреме со трите гола во мрежата на Гачевски, Зенит се доближи до триумфот. Во шестата минута Вардар имаше негатива. Изведе корнер Нобоа од десната страна на првата статива каде што Кокорин со глава…

повеќе...

Одржана спортската манифестација „Трчај, играј, активирај се“

Денес се одржа спортската манифестација под мотото ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” која е во рамки на одбележување на Денот на независноста ,,8 Септември”. Место на одржување беше на кејот на реката Вардар, каде се собраа голем број млади луѓе кои дојдоа да се дружат, да играат, трчаат и пред се, кои разменија нови идеи и започнаа нови другарства. Во рамки на спортскиот настан се организираа натпреварувања во одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности, а главниот настан беше рекреативната атлетска трка на која учествуваа скоро сите…

повеќе...

Вардар ќе игра против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг во групната фаза од Лигата Европа

Денес во Монако по групи беа распоредени тимовите за натпреварите од групната фаза во Лигата Европа. Во 12-те групи од Лигата Европа ќе играат вкупно 48 тимови, од кои 16 тимови директно обезбедија учество во групите од Лигата Европа, 10 клубови кои изгубија во плеј-офот за Лигата на шампиони, како и 22 тимови кои вчера победија во плеј-офот за Лигата Европа, меѓу кои и нашиот Вардар. Вардар ќе игра во Групата Л против Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг. Натпреварите ќе се играат на 14 и 28 септември, 19 октомври, 2…

повеќе...

Историски успех на ФК Вардар

ФК Вардар успеа да обезбеди учество во групната фаза од Лигата Европа. Со тоа, Вардар успеа да биде првиот македонски фудбалски тим кој обезбедил пласман во оваа фаза на натпреварување. Вечерва во Турција, Вардар успеа повторно да го надмудри тимот на Фенербахче. Овој пат со победа од 2:1 и со вкупни 4:1 Вардар оди понатаму, во групната фаза од Лигата Европа. Стрелци на головите беа Нојштадер за 1:0 за Фенербахче во 61 минута, на 1:1 изедначи Џигаури во 68 минута, а Глигоров во последните моменти од натпреварот (90+1) успеа да…

повеќе...

Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар

Чедомир Јаневски е нов тренер на Вардар. Поранешниот фудбалер на нашиот тим ја презеде клупата и го замени Гоце Седлоски кој што поднесе оставка на местото стручен штаб на Вардар. Јаневски после 28 години повторно се враќа во Вардар, сега прв пат како тренер и ќе ја води екипата во следните две години. На вечерашната прес-конференција беше претставен од страна на претседателот на клубот Мирко Спасески. „Ме радува што уште една вардарова легенда се приклучи во нашиот клуб. По 28 години во нашиот клуб се врати Чедомир Јаневски. Му посакувам…

повеќе...

Вардар 1:0 Копенхаген

Вардар со минимална предност ќе патува на реваншот во Копенхаген во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во одлична атмосфера и пред околу 12.000 гледачи на трибините на „Телеком Арената“, Вардарци го совладаа Копенхаген со 1:0. Победата на нашиот тим можеше да биде и поубедлив доколку беа искористени уште некоја од шансите кои ги направија на натпреварот. Вредниот триумф го донесе голот на Балотели кој што погоди во 65. минута. Претходно овој играч имаше прилика за порано да го донесе Вардар во водство, а Фелипе во финишот…

повеќе...

РК Вардар е шампион на Европа

Ракометниот клуб Вардар е шампион на Европа. Синоќа во финалето од Лигата на шампиони, со гол во последните секунди од натпреварот Вардар го победи ПСЖ со 24-23, со што нашиот најтрофеен ракометен клуб ја израдува целата македонска јавност. Вардарци испишаа историја во македонскиот ракомет, освојувајќи го најелитното европско ракометно злато. WebOhrid

повеќе...

Дарко Панчев промовиран за нов спортски директор на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека легендата на клубот Дарко Панчев, е промовиран за нов спортски директор на „црвено-црните“. Денеска на прес-конференција во Фудбалската Академија на ФК Вардар раководството на тимот предводено од претседателот Мирко Спасески и од извршниот директор Самоил Симев, го презентираше Панчев како нов член во раководството на нашиот клуб. Почнувајќи ја фудбалската кариера токму во „црвено-црниот“ дрес, Дарко Панчев на прес-конференцијата истакна дека му е особена чест што се враќа во клубот во кој што му е во срцето. „Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите…

повеќе...

Вардар ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони

Екипата на Вардар ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони. Термините за одигрување на натпреварите ќе бидат дополнително утврдени, каде што првиот натпревар треба да се одигра во Скопје на 12 или 13 јули, додека пак повратниот дуел треба да се игра една недела подоцна во Загреб на 19 или 20 јули. WebOhrid

повеќе...