Едукација на децата од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ за орално здравје

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на детето, денес во градинката Јасна Ристеска се реализираше почетната фаза од проектот за здрави заби и грижа за оралното здравје. Во соработка со ординацијата д-р. Сашо Стоев, ординацијата Денториа, Лакалут и поддржано од Лајонс клуб од Охрид беше извршена теоретска и практична едукација на дечињата за одржување на оралното здравје, правилно четкање на запчињата, а беа извршени и стоматолошки прегледи на дечињата од 4 – 6 годишна возраст. Активноста продолжува со континуирано следење на здравјето на забите. Следната фаза ќе биде на…

повеќе...

Продолжуваат бесплатните курсеви и практичната настава за идните мајки во Црвениот крст

Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период. Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана кај доенчињата. Заинтересираните…

повеќе...

Црвен крст организира едукативна презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот

Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност. „Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на правилното дишење како клуч…

повеќе...

Интервју: Како работат директорите на охридските основни училишта?

Воспитно-образовниот процес е одговорна и комплексна работа која бара посветеност и одговорност од сите нејзини чинители, како од наставниците и стручните соработници, така и од учениците и родителите. За да биде сето тоа и сите тие фактори да бидат обединети и координирани на патот кон својата цел, потребно е нивниот заеднички водач и раководител – директорот, да биде пред се’ посветен и одговорен менаџер на училиштето со кое раководи. Kaко работат и колку се посветени на својата работа директорите на охридските училишта, ќе дознаете од симултаното интервју кое го водиме…

повеќе...

Глобални млади лидери од 44 земји се едуцираат во Македонија

Mлади лидери од 44 различни земји, свечено по трет пат пат ја отворија летната школа “Институт за подготовка на глобални лидери” на Првиот приватен универзитет ФОН во Струга. Институтот е дизајниран да ги обучува идните генерации за ефикасно и етичко глобално лидерство, организиран од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи “ТРЕТ МИЛЕНИУМ”, и освен во Струга ќе се одржи во Битола и Скопје, до 24 август годинава. „Институтот до сега се покажа како успешна светска приказна затоа што го организираме со цел да ги подготвиме идните млади…

повеќе...