Едукативно предавање „Реонскиот полицаец Ве советува“ во ОУ „Кочо Рацин“

„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј. Типизираните предавања содржат низа корисни информации за учениците поврзани со работата на полицијата, совети за безбедност на патот до училиштата и средби со непознати, совети за безбедно возење велосипед, безбедност од дрога и пиротехника, безбедност на интернет и други теми. Предавањата, што ќе се реализираат низ сите основни училишта во општинава, пред учениците ќе ги одржи инспектор од…

повеќе...

Одржано едукативно предавање „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид. Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот. На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни…

повеќе...

Започнува новиот циклус Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид a со поддршка на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот Мировен корпус, во периодот од септември до декември 2015 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот јазик и ќе ја…

повеќе...

Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца

Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот. Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: -Копија од важечка УЕФА Б Диплома -Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа. -Важечко лекарско уверение -Уплатница за…

повеќе...

Над 340 здравствени работници на едукација во странство од почетокот на годинава

Од почетокот на годинава над 340 здравствени работници се испратени на едукација во реномирани медицински центри во Европа и светот во рамки на проектот за едукација на здравствениот кадар во странство, што континуирано се спроведува во изминатите три години. За овој месец, соопшти Министерството за здравство, се одобрени едукации во странство на 90 здравствени работници, од кои досега се испратени 72 здравствени работници, во повеќе медицински центри во Европа и САД меѓу кои: Универзитетски медицински центар АКХ – Виена; медицински центар Роналд Реган – УКЛА, САД; Клиника Штутгарт; Универзитетски клинички…

повеќе...

Едукативни предавања за превенција од зависности

Во рамки на реализација на проектот „Превенција од зависност“, денес, во Основното училиште „Христо Узунов“, претставници од одделението за превенција при СВР Охрид, одржаа предавање за превенција од злоупотреба на дрога, цигари и алкохол. На учениците од седмо и осмо одделение им беа презентирани штетните последици од употребата на дрога, алкохол и цигари. Исто така им беа презентирани и начините за заштита од истите. Вакви предавања од страна на претставници од СВР Охрид ќе се одржат во сите основни училишта во општина Охрид.

повеќе...

Финансиска едукација за учениците преку интерактивна детска игра

Преку интерактивна детска игра, учениците од ОУ „Александар Македонски“ денеска имаа можност да се запознаат со постоењето на финансиските ризиците, а индиректно со тоа да се запознаат дека осугурувањето претставива важен елемен како да се справат со тие ризици. Кампањата е дел од одбележувањето на „Глобалната неделата на парите“, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување и Министерството за образование. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека е неопходно учениците да се вклучат во процесот на едукација во делот на менаџирање на ризиците и средствата. „Министерството за…

повеќе...

Едукативно предавање во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање на теми од сексуално и репродуктивно здравје во соработка со Министерството за образование и Министерството за здравство. Предавањата се одвиваа за време на класните часови и ги опфати учениците од сите класови од четирите наставни години. Предавачи беа лица ангажирани од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, д-р Даниела Чингоска која имаше предавање на тема „Контрацепција“, додека д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска одржа предавање за „Сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА“. На учениците им беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите…

повеќе...

Едукација на матични лекари 2014 / 2015

Почитувани, согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), започнуваат едукациите за избрани лекари организирани од Министерството за здравство. Присуството е задолжително. За повеќе информации датумот, местото и времето на одржување на едукациите погледнете го РАСПОРЕДОТ. а. РАСПОРЕД (ЛИНК) – АЖУРИРАН (17.12.2014) б. Групи Пункт Битола – Ажуриран список  Пункт Велес – Ажуриран список Пункт Гостивар – Ажуриран список Пункт Кочани – НОВ Ажуриран список Пункт Куманово – Ажуриран список Пункт Охрид – Ажуриран список Пункт Прилеп…

повеќе...

Отворена недела на едукација за компјутерската наука на Универзитетот „Св. Апостол Павле“

На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“. „Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.“– велат од универзитетот. Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива…

повеќе...