Охрид се промовира и преку спортот

Ракометниот клуб „Охрид 2013“ оваа година ги доживува своите најсветли моменти од своето постоење. На едно коло пред крајот на есенската полусезона е втор на табелата зад гигантот „Металург“, при што во досега одиграните 8 натпревари, 6 пати победуваше. Целта за оваа натпреварувачка сезона е пласман во плеј- офот, односно во четирите најдобро пласирани екипи на табелата. Годинава беа донесени четири странски засилувања меѓу кои и францускиот интернационалец Малик Хогас. Со неговите добри игри веднаш се наметна во екипата, но и стана миленик на охридската публика. Неговиот престој во Охрид и…

повеќе...

Уште една победа за КК „АВ Охрид“

КК „АВ Охрид“ забележа нова, трета победа по ред, во рамките од Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат, охриѓани играа во гости против екипата на КК „Гостивар 2015“ и на крајот славеа со 76-82. По три одиграни натпревари, тимот на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место од Втората македонска лига, со 6 бодови, исто колку што имаат и КК „Вардар“ и КК „Водњански лисици“. Следната сабота (14 ноември) во Спортската сала „Билјанини Извори“, КК „АВ Охрид“ ќе игра против екипата на КК „Водњански лисици“. WebOhrid

повеќе...

КК „АВ Охрид“ во сабота ќе дебитира во втората Македонска кошаркарска лига

Кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“ викендов ќе го има својот дебитантски настап во Втората македонска кошаркарска лига. „Се покануваат сите љубители на кошарката од Охрид и Струга во сабота да ги бодрат охридските кошаркари да ја извојуваат првата победа пред охридската публика.“ – вели техничкиот секретар на КК „АВ Охрид“, Марјан Бошалевски. Натпреварот е закажан во сабота (17 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.  

повеќе...

РК „Лихнид“ ја започнува новата историја во охридскиот ракомет

Ракометниот клуб „Моби Дик“ од Охрид годинава со ново име. Со решение од Централниот регистар на Република Македонија, клубот продолжува под името РК „Лихнид“. Како и минатата година, така и оваа, РК „Лихнид“ ќе се натпреварува во женската пионерска ракометна лига во Република Македонија. Главна цел во оваа натпреварувачка сезона е освојување на едно од првите две места во групата во која се натпреварува, кои водат во завршното разигрување каде ќе се одлучува шампионот на Македонија во оваа конкуренција. Првиот натпревар РК „Лихнид“ го игра во сабота со почеток во…

повеќе...

Членови на „Брег на младоста“ ќе учествуваат на Меѓународниот волонтерски камп „Краљево 2015“

Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ – Охрид, по втор пат годинава со пет свои членови ќе учествува на Младинската работна акција– Меѓународниот волонтерски камп „Краљево 2015“ – Р. Србија. Заедно од 9-ти  до 23-ти август со 100 волонтери – акцијаши од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија ќе работат на санација на поплавените подрачја и на пошумување на реони зафатени од огромните пожари. „Во исто време ќе се дружиме и ќе ги афирмираме културните, природните и историските вредности на Охрид и Македонија. Преземаме неопходни активности да го претставиме Охрид…

повеќе...

Меѓународен турнир „Илинден 2015“ во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид, во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“ и Општински стрелачки сојуз „Охрид“ се одржа традиционалниот меѓународен Турнир – „Илинден 2015“ во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма на кој учествуваа клубови од Македонија, Р.Бугарија и Р. Србија. „Доказ дека стрелаштвото во соседството отиде многу далеку е и овај турнир, на кој доминираа стрелците од Врање, Сандански и Благоевград.“– велат од СК „Охрид“. Еве ги резултатите: Нашиот најдобар стрелец, Михаил Шишкоски се пласира на втората позиција со резултат од 392,7 кругови зад првопласираниот Никола Ристиќ…

повеќе...

Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид: Спектактуларно шоу на балканската дива

Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија. Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што утре петок (24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија. Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката. Заедно со Јелена доаѓа тимот кој се…

повеќе...

Охрид домаќин на Меѓународна Лидерска академија за млади жени

Во Охрид ќе се одржи втората меѓународна Лидерска академија за млади жени организирана од страна на Сороптимист Македонија. Иницијативата за формирање Сороптимист клуб во Струга, започна во 2010 година после Студиската посета на Катерина Василеска во САД. Василевска таму имаше средба со претставничките на Сороптимист од Њујорк кои ја поврзаа со Европската Сороптимист Федерација. Со голема поддршка од Тони Филедкок од Холандија, клубот се формираше во октомври 2012 година. Меѓу 2010 и 2012 година, група жени од Струга помогнаа за поставувањето на темелите на клубот преку организирање разни активности за…

повеќе...

Охридските стрелци го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција

Со завршувањето на натпреварите во гаѓање со воздушно оружје – национална програма, пионерите и пионерките за првпат после години недостижно лидерство, го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција, информираат од СК „Охрид“. „Непознавањето на судиите на правилата ги чинеше охридските стрелци губење на првата позиција. Имено при ист број на кругови, како во поединечен така и во екипен пласман треба да одлучува последната подобра серија, но судиите одлучија истото да го направат по одредување кој има повеќе 10-ки во последната серија. После прогласувањето на победниците и напишаниот…

повеќе...

Охридските стрелци повторно со солидни резулати

Викендов на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески- Корчагин во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци. Еве го и пласманот на Стрелачкиот клуб од Охрид: Во категорија сениори прво место за Михаил Шишкоски со резултат од 587,9 кругови. Во категорија јуниори прво место за Мартин Гоџоски со резултат од 574,6 кругови. Кај јуниорките Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 384,2 круга, додека пак младата јуниорка Мартина Петровска на која ова и е втор настап се…

повеќе...