Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз. На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на комисијата за тековната и наредната година, со поставување на нова глобална развојна агенда. Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата. Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо…
повеќе...Tag: комисија
Горивата поевтинуваат за 3,5 денари
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.
повеќе...Николоски во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексадар Николоски од утре, 10-ти до 12-ти декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. На Мониторинг комисијата, Николоски ќе учествува во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските превземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, пост-миониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгедува…
повеќе...За рурален развој Македонија доби 20 милиони евра неповратни средства од ЕК
Европската комисија и додели 20 милиони евра грант на Македонија за развој на земјоделството и руралните општини, кои ќе бидат искористени во рамки на два проекта – едниот наменет за инфраструктурни проекти во рурални општини и вториот за наводнување како дел од ИПАРД програмата. Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра. Договорите денеска во Министерството за финансии ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставерски, вицепремиерот за евроинетрации Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ…
повеќе...И годинава висока оценка од Европската комисија за Агенцијата за храна и ветеринарство
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и оваа година доби висока оценка од страна на Европската комисија за напредокот во евро-интеграциските процеси за периодот октомври 2013-септември 2014 година, за Поглавјето 12 кое се однесува на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. Во претходните извештаи од страна на Европската комисија беше истакнато дека е обезбедено високо ниво на усогласеност со европското законодавство и политиките, вклучително и делот на административниот капацитет, a во последниот извештај на Комисијата, како клучни новини се потенцирани посветеноста на Агенцијата во имплементацијата на усвоеното…
повеќе...Од полноќ поскапуваат бензините
Од вечерва на полноќ поскапуваат бензините, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,71%. Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 55,00 ден/лит. Малопродажната цена…
повеќе...