ДИК даде амин за избори, Чичаковски и двајцата членови од СДСМ ја напуштиле седницата

Државната изборна комисија со шест гласа „за“ го донесе заклучокот во кој се вели дека избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, информираат за „Мета“ од ДИК. Претходно, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и двајца членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, ја напуштиле седницата и не сакале воопшто да гласаат за оваа точка од дневниот ред. Вметнување точка на дневниот ред со заклучок за тоа дали се исполнети условите за фер и демократски избори, побарале амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и…

повеќе...

Контролорите на ДИК од денеска на обука

Вкупно 80 контролори, вработени во подрачните одделенија на Државната изборна комисија, од денеска се на обука за спроведување на теренската проверка за прочистување на избирачкиот список. Обуката на контролорите што ќе ја надгледуваат работата на анкетарите се очекува да заврши за неколку дена, а од сабота тимот анкетари треба да почне со теренската проверка на сомнителните гласачи. На вчерашната седница, членовите на ДИК одлучија да се проверат вкупно 89.383 лица. Основаноста на сомнежите ќе се испитува преку анкетни прашалници, а од ДИК велат дека нема веднаш да се бришат спорните…

повеќе...

ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори. „Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, пишува…

повеќе...

ДИК: Граѓаните можат да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список

Им овозможуваме на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции, велат од ДИК. „Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции, Државната изборна комисија во најкраток можен рок ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список во согласност со усвоениот правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени…

повеќе...

Димитриев на средба со членовите на ДИК

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев вчера попладне имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во функција на одржување на парламентарните избори на 24 април годинава. Димитриев средбата ја оцени како позитивна и конструктивна, посочувајќи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница. „Дискутиравме за заклучоците кои Владата ги донесе на една од претходните седници, но нотиравме и доста нови предлог-заклучоци кои ќе бидат предмет на дискусија на…

повеќе...

Нема да се доделува повелба Патрон на Охрид – „Свети Климент Охридски“ за 2015

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, денес ги разгледа апликациите по Конкурсот за доделување повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“. Комисијата со жалење констатираше дека се пристигнати само 3 апликации за доделување на Повелбата што не е добар сигнал и што изразува демотивираност за општинските највисоки признанија. Охридската доблест и значење секако дека заслужува многу подобро и многу повеќе и како квантитет и како квалитет. Воедно, со цел задржување на реномето на највисоките Општински признанија Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија едногласно одлучи за 2015 година да не…

повеќе...

Цената на нафтените деривати останува иста

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,02%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.09.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,63%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.06.2015 година и со…

повеќе...

Честитка од Комисијата за одбележување празници и манифестации при охридскиот Совет по повод 23-ти мај

Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, Дејан Пановски во име на Комисијата по повод 23-ти мај, Националниот ден на Власите, упатува честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид. „Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град .Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојотна Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот,воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина.Охрид, чувствувајќи ја таа посветеност и присутност ги нарекол деловите од својата целовитост како…

повеќе...

Средба на претседателот на Собрание Вељаноски со делегацијата на мониторниг комисијата на ПССЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски денес оствари средба со Делегацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во состав г.Стефан Шенах, претседател на Мониторинг Комисијата, г.Роберт Валтер, известител на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија и г.Андреас Грос, претседател на Групата на социјалисти на ПС. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и случувања во Република Македонија. Соговорниците разменија мислења за бојкотот на опозицијата на работата на Собранието како институција која има пресудно значење во градењето на демократијата и функционирањето на едно општество.…

повеќе...