Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Делогожда

Вчера во Полициската Станица Струга, З.А. од с.Делогожда пријавил дека во неговата куќа oд страна на непознат сторител е извршена тешка кражба, при што е одземено мал куфер во кој имало лични документи, документи за идентификација и разновиден златен накит, со што причинил материјална штета од околу 150.000 денари. Имено, сторителот со подесен алат ја отворил балконската врата, влегол внатре, се упатил во спалната соба ги одзел наведените работи и го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Охрид поради тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид. На 6 овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче, а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите. Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради тешка кражба во маркет

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (33) од Охрид. Пријавениот, кривичното дело го сторил на 11 овој месец околу 03 часот во маркетот „Ем“ на улицата „Партизанска“ во Охрид. Тој од фрижидерот и рафтовите земал неколку паштети, салами, леб и други производи по што одбил да ја плати сметката и заминал од маркетот. Пријавениот го игнорирал барањето на вработената за наплата на сметката дрско реагирајќи дека нема потреба од плаќање и упатувајќи поздрав до сопственикот на маркетот.

повеќе...

Кривична пријава против албански државјани и жители од Франгово и Радолишта поради бесправна сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против албанските државјани: Г.Г.(30), Ф.Ч.(15), И.Б.(35) сите од Либражд и М.К.(25) од Поградец. Со пријавата опфатени се и Л.М.(35), П.М.(42),Л.И.(30) сите од струшкото село Франгово и А.Б. (51) од селото Радолишта. На втори овој месец, на место викано „Гропа“ атар на селото Франгово, полициски службеници од гранична полиција Регионалниот центар „Запад“ ги затекнале албанските државјани како спротивно на Законот за шуми и Кривичниот законик вршат бесправна сеча на…

повеќе...

Охриѓанец извршил тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „Тешка кражба“ и едно дело „Кражба“, СВР Охрид против С.А.(24) од Охрид поднесе кривична пријава. По основ на помагање на сторител во извршено кривично дело, во пријавата офатена е и К.Д. (18) од охридското село Велгошти. Пријавениот С.А. кривичните дела ги извршил во текот на изминатите два месеца во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни…

повеќе...

Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти. На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле…

повеќе...

Кривични пријави за стружани кој нелегално сечеле дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С. (23), Ш.А. (24) и Е.С. (36) сите од струшкото село Лабуништа. Пријавените, на 11-ти овој месец кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа, од страна на полициските службеници од полициската станица за граничен надзор Лабуништа биле затекнати во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи на кои биле натоварени по 1,7 м³ нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила. Заедно…

повеќе...

Двајца кичевчани извршиле тешки кражби во куќи во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против едно малолетно лице од Кичево и Б.Ч. (18) од кичевското село Брждани. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека заедно сториле две казнени дела „Тешка кражба“. Двајцата, од две куќи на улицата „Париска комуна“ во Охрид одзеле 400 евра, 300 американски долари, 2000 српски динари, мобилен телефон, алкохолни пијалоци и еден детски велосипед. Пријавените, во текот на март годинава преку кров од соседна барака со физичка сила успеале да го скршат таванот и да направат отвор преку кој влегле…

повеќе...

Тешка кражба во куќа во Велешта

На 04.09.2014 година во с.Велешта, струшко, во куќата на Х.Л.(51), непознат сторител со употреба на погоден алат извршил „тешка кражба“, одземајќи златен накит, рачни часовници, техничка опрема и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 350.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Октиси поради кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш.(31) од с. Октиси, струшко за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „кражба“. Пријавениот континуирано во периодот од 13.07. до 21.08.2014 година, на различни локации во Охрид со употреба на физичка сила и погоден алат и при згодна прилика, извршил серија на тешки кражби и кражби при што одзел пари, мобилни телефони, седативи, велосипеди и друго, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 337.000 денари.

повеќе...