Превентивна активност „Летен хепенинг 2015“

Утре на плажа во Претор на Преспанското езеро, Полициската Станица Ресен ќе реализира превентивна активност „Летен хепенинг 2015“. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата. Целта на проектот и самата манифестација е заеднички, во партнерство со низа фактори од локалната заедница да се делува врз безбедноста на граѓаните и туристите кои ги посетуваат плажите во Преспа, со…

повеќе...

„Бело лето“ – магнет за охриѓани и гостите

Со туристичко- промотивната манифестација „Бело лето“, што по трет пат ја организира Локалната самоуправа на Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој, официјално се означи почетокот на годинешната главна туристичка сезона. Посетеноста на овој спектакл покажа дека не очекува успешна туристичка сезона. Бројни охриѓани и гости од земјата и странство, со уживање ги проследија настапите на Слаткаристика, Тајзи и „Саунд месинџерс“, а на плоштадот „Чинар“ можеа да ги следат бројните фолклорни настапи. Охрид живееше деноноќно, налик на познатите туристички места, за што сведочеа преполните ресторани и кафулиња.…

повеќе...

Од утре почнува режимот за тешки товарни возила на патот Скопје – Охрид – Скопје

Од АМСМ информираат дека од утре (среда) ќе започне примена на времениот режим на сообраќај во летниот период од први јули  до 7 до 01.09 први септември на магистрален пат А2 делница, Скопје – Охрид – Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 7,5 тони. Забраната ќе важи во петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот, недела од 07.00 до 22.00 часот.

повеќе...

Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Летен камп за средношколци

Членовите на Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22-ри до 24-ти јуни учествуваа на летниот камп за средношколци. Учесници на кампот беа Дајана Сиљаноска, Игор Дуноски, Анастасија Чутрова и Џемил Јакуповски. Кампот е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија. На кампот се изучуваа основите на претприеништвото, креативното размислување, тимска работа, лидерство. Кампот беше наменет за сите средношколци кои сакаат да работаат сами за себе и да основаат сопствен бизнис, за сите оние…

повеќе...

Објавена програмата за манифестацијата „Бело лето 2015“

Со промотивната културно-забавна манифестација „Бело лето” што ќе се одржи на четврти јули и годинава во Охрид официјално ќе стартува летната туристичката сезона. Случувањето започнува со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад во Охрид. „На малиот плоштад, на Долна порта ќе имаме промоција на традиционалните занаети и вештини, овој пат во соработка со неколку невладини организации, здруженија на занаетчии, ќе имаме презентација на рачно изработени накити, ракотворби и др, занаетчиски производи, што исто за гостите ќе претставува една добра можност да видат и да се запознаат со сето она…

повеќе...

Замина првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Првата група деца од семејства од социјален ризик денеска заминаа на бесплатен летен одмор во Струга. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија. „Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100-тина деца од Скопје и Куманово. И на секои седум дена се до крајот на август ќе се реализира овој преокт со што ќе се…

повеќе...

Денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денес 21-ви јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22-ри септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата. Летото почнува во 18:39 чaсoт, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, со температура до 22 Целзусови степени.

повеќе...

Почнува кампањата „Лето без пожари“

Денес Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП„Македонски Шуми“, Шумската Полиција и АД „Горска Вода“ на платото пред Жичарата на Средно Водно, започна со реализација на традиционалната превентивна кампањата – „Лето без пожари“. Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од истите и на тој начин зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Активностите…

повеќе...

Министерот Адеми им го честиташе завршувањето на учебната година на сите ученици

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите ученици им го честиташе завршувањето на учебната 2014/2015 година. Тој им посака да го поминат летниот распуст во добро расположение. На учениците кои завршија со основното образование им посака успех при уписот во средните училишта, а на средношколците од завршните години во средните училишта им посака да се запишат на факултетите на кои ќе можат да постигнат најдобри резултати. „Денес е последниот ден од учебната 2014/2015 година, по овој повод од училиштето „ Јашар бег – Шкупи “ на сите ученици…

повеќе...

Охрид и ова лето домаќин на врвни спортски настани

Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев денеска остварија работна средба со раководството на Кошаркарската федерација на Македонија. Повод за средбата беше претстојното европско првенство во кошарка за жени- кадети што од 12-ти до 24-ти август, годинава ќе се одржува во Охрид и Струга. На состанокот се разговараше за аспектите на соработка во делот на организација на ова големо спортско случување. Двете страни се заложија за обострана соработка со цел одлично организирање на настанот кој што е значаен за промоција на Македонија во делот на спортот…

повеќе...