Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска поднесе оставка од функцијата. Како што пренесува МИА, за одлуката Јанкулоска писмено го известила премиерот Никола Груевски. Јанкулоска во оставката истакнува дека во изминатиот период работела професионално и посветено раководејќи се од интересите на граѓаните и на државата. „Почитуван претседателе Груевски, Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте да бидам дел од Вашиот тим и да раководам со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во изминативе години, не штедејќи време и енергија, работев професионално и посветено, секогаш раководејќи…
повеќе...Tag: министерка
Арсовска Томовска во посета на Италијанската национална школа за администрација во Рим
Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, ја посети Италијанската национална школа за администрација во Рим, каде оствари средба со претседателот на школата проф. Џовани Триа. Целта на посетата беше да се согледаат конкретните можности за воспоставување директна соработка на Република Македонија со Италијанската национална школа за администрација, во насока на размена на искуства и курикулуми за обуки, со цел зајакнување на капацитетите пред сè на раководните структури во администрацијата во Република Македонија. На средбата се дискутираше за актуелните реформи во јавната администрација во двете земји, како…
повеќе...Ќе се унапредува грижата за лицата со посебни потреби
Меморандум за соработка меѓу министерствата за култура и за труд и социјална политика, преку чија имлементација ќе се реализира проектот насловен „Инклузивни и креативни“ со кој ќе се унапреди заедничката грижа за лицата со посебни потреби, потпишаа денеска ресорните министри Елизабета Канческа-Милевска и Диме Спасов. Станува збор за исклучително значаен документ со кој даваат придонес во подигањето на свеста за лицата со посебни потреби кои се рамноправни и корисни чинители во општествената заедница. Министерката Канческа-Милевска истакна дека проектот „Инклузивни и креативни“ ќе овозможи лицата со посебни потреби кои се сместени…
повеќе...Литературата за деца и млади од македонски автори ќе добие антологија
„Антологија на македонската литература за млади и деца“ е насловен новиот проект на Министерството за култура, кој ќе ги обедини на едно место најзначајните поетски и прозни книжевни форми што во изминатиот период имаа големо влијание врз развојот на целокупната македонска литература за деца и млади. Проектот денеска го промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на Саемот на книгата. Едицијата, информира, ќе содржи триесет томови и во неа ќе бидат застапени книги со кои сме растеле сите ние, како што се: „Белото циганче“, „Силјан штркот“, „Зоки Поки“, „Големи…
повеќе...Честитка од Јанкулоска по повод Денот на полицијата
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска честитајќи им го 7 Мај – Денот на полицијата, на вработените во МВР им се заблагодари за нивната пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност на работата со кои се гордеат граѓаните на Република Македонија. Вие, нагласува во честитката Јанкулоска, постојано ни покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите. Од ден во ден, подвлекува, ја манифестирате Вашата човечност и големина кои ќе останат пример за идните генерации. „Вашата храброст која секојдневно ја демонстрирате ќе ја помнат македонските граѓани…
повеќе...Министерот Јолевски во посета на Турција
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, присуствува на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија „ИДЕФ 15“ во Истанбул, Република Турција, кој се одржува под покровителство и поддршка од Министерство за национална одбрана на Република Турција. Посетата ќе биде искористена за средби со Министерот за национална одбрана на Република Турција, Исмет Јилмаз, Началникот на Турските воени сили, генерал Неџдет Озел, посета на Командата на воените академии на Република Турција, како и за средби со други министри и високи гости кои ќе присуствуваат на саемот. Во рамки на неговата посета на…
повеќе...Oтворен 27-от Саем на книгата
„Република Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност. Од 2008 година досега се издадени над 4.200 книги и изданија на македонски јазик и на јазикот на заедниците, а се откупени над 47.000 публикации со кои континуирано се збогатува библиотечниот фонд на институциите низ државава“ – истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во вечерашниот говор пред отворањето на 27. Саем на книгата. Во Македонија, нагласи Канческа-Милевска, првпат се реализираат и голем број капитални проекти кои го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот…
повеќе...Дебата за предлог-измени на Законот за угостителска дејност
Министрите за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и за економија, Беким Незири, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, угостители од Скопје и претставници на куќни совети од станбени згради денеска дебатираа за предлог- измени на Законот за угостителска дејност, во врска со прашањата за зголемената бучава од угостителските објекти, и нарушувањето на јавниот ред и мир на кои се жалат граѓаните. Целта на предложените измени, потенцираа Јанкулкоска, Незири и Трајановски, е да се направи баланс помеѓу потребите за бизнисот на угостителите и барањата на граѓаните за мирно и спокојно живеење, како…
повеќе...Министерката за култура оствари работна средба со италијанскиот амбасадор во Република Македонија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели, на која стана збор за активностите од областа на културата кои ќе се реализираат претстојниот период. На средбата двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Република Италија негуваат одлични културни врски кои се потврдени и со реализација на бројни активности и претставувања на македонската култура во оваа земја, но и со промоција на италијанските културни вредности пред македонската публика. Министерката за култура на средбата информираше дека македонската култура во…
повеќе...Конференција по повод 40 години Институт за социологија на Филозофскиот факултет
Проектите од сферата на културниот и религискиот идентитет, културниот дијалог и мултикултурализмот, културните вредности, религискиот дијалог и толеранцијата оставија трајни траги во македонската социолошка мисла, а решенијата и моделите кои беа понудени во рамките на овие проекти го унапредија македонското општество во сите аспекти на неговиот развој. Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на меѓународната научна конференција „Соочување со општествените трауми: Повик за социолошките истражувања“ по повод јубилејот 40 години од формирањето на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ. Таа им упати честитки…
повеќе...