Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014-та се доделени вкупно 375 стипендии за кои Министерството годишно наменува по околу два милиона денари. Стипендиите се доделуваат за сите три циклуси на високо образование (додипломски, магистерски и докторски студии) и за специјализација. Годинашните стипендисти ќе се едуцираат на познати високообразовни институции во Париз, Лас Вегас, Бостон, Москва,…

повеќе...

Јанкулоска: „Вие сте тука за да им служите и да ги штитите граѓаните“

Денес во Центарот за обука во Идризово, со чинот на положување свечена заклетва, беа промовирани 400-тината нови полициски службеници од генерацијата 2014/2015 година кои што во изминативе 12 месеци, по ригорозната селекција од јавниот оглас објавен минатата есен, ја завршија едногодишната обука и сега како полициски службеници ќе бидат распоредени во различни организациони единици при МВР. Како што истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето поздравно обраќање до новите полициски службеници, особено е импозантен фактот што оваа едногодишна обука е завршена со среден просек од 91,27%, што…

повеќе...

Регистрација на македонските интернет-страници на кирилица

Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање веб-страници на кирилица со националниот домен „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката – љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ … Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа-Милевска, доменот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет-простор. Со тоа Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален домен на кирилица по Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Првата интернет-страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена. „Направивме…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска ја отвори сувенирницата во Вевчани

Министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска денеска во Вевчани го пушти во употреба објектот за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал. Овој монтажен објект е дел од проектот на Министерството за култура за изработка, поставување и ставање во функција на дваесет унифицирани монтажно-демонтажни објекти предвидени за ваква намена. Како што најави министерката Канческа-Милевска, во овој монтажен објект сите посетители на Вевчани, посебно додека се одржува Вевчанскиот карневал, ќе имаат одлична можност да купат културно-туристички промотивен материјал што ќе го понесат со себе како автентичен сувенир…

повеќе...

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ на највисоко ниво

Безбедносната состојба во Скопје за време на новогодишната ноќ беше на највисоко ниво и со исклучок на неколку поситни нарушувања и сообраќајни несреќи без смртни последици, вечерта помина со многу помалку ициденти и случувања во кои беше потребна полициска интервенција од која било друга вечер во годината. Ова беше истакнато од страна на новиот Началник на СВР Скопје, Ивица Вучевски на брифингот со Министерката Гордана Јанкулоска. Сите полициски службеници, согласно предвидениот план максимално професионално ги извршиле своите задачи обезбедувајќи ги локациите каде што имаше организиран дочек и поголема фреквенција на…

повеќе...

Канческа-Милевска: Над 1.700 проекти ја унапредија културата во 2014

Во 2014 година се завршени повеќе од 1.700 проекти што е 98 отсто реализираност од планираните. Најмаркантни за годината што завршува се отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија, кој за два месеца има 10.000 посетители, и новата зграда на Велешкиот театар по 66 години театарска дејност во градот. „2014 беше година на културата и на проекти за кои се чекаше со години. Тие ја унапредија културната клима во нашата држава, ја збогатија културната понуда за граѓаните и беа соодветен одговор на нивните потреби и барања,“ рече министерката Елизабета Канческа-Милевска на…

повеќе...

Расте задоволството на граѓаните од полициското работење

„Ми претставува задоволство што денес можеме да презентираме уште еден извештај кој ни укажува во каква насока се движиме и во колкава мера ги исполнуваме очекувањата на граѓаните. Токму мислењето на граѓаните за нас е една од најрелевантните оценки бидејќи на избори тие ги казнуваат и наградуваат вистинските или погрешните политики, но и го даваат мандатот и ги поддржуваат проектите и програмите за кои мислат дека ќе го подобрат нивниот живот“. Ова меѓу другото го истакна денес министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на презентацијата на извештајот што ОБСЕ во…

повеќе...

Златото на Лихнитида изложено во Куќата на Робевци

Во куќата на Робевци во Охрид, која е еден од најрепрезентативните примероци на старата градска охридска архитектура, ќе бидат сместени највредните и најблескавите археолошки движни предмети кои прикажуваат различни етапи од развјот на оваа област. Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п. н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат целиот цивилизацискиот континуитет на овие простори. Постојаната музејска поставка „Златото…

повеќе...

Свеченост по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес во Куќата на Уранија во Охрид ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“. Поставката која се наоѓа во Музејот на Робевци содржи повеќе од 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера.

повеќе...

Предлог – законот за безбедност во сообраќајот го мина владиниот филтер

На денешната отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека се прават напори за една посериозна реформа во делот на сообраќајот. Голем дел од законот е усогласен со европски директиви, коишто постојано се менуваат. „Законот беше на јавна дебата односно ставен на ЕНЕР 78 дена односно од 2 октомври па се до пред два дена. Прифативме дел од сугестиите што пристигаа до нас формално или неформално. Еве на пример велосипедистите излегоа со некои предлози кои им беа прифатени“, рече Јанкулоска.…

повеќе...