Република Македонија и натаму останува свесна дека прашањето на безбедност претставува заедничка грижа на сите земји во светот. Целосно ја поддржуваме и промовираме идејата дека успешните стратегии за борба против криминалот, особено за организиран криминал и тероризам кои сериозно и директно ги загрозуваат државите, може да бидат ефективни само доколку се спроведуваат со заедничко дејствување, меѓународна соработка, навремена размена на информации и постојана будност во однос на преземање мерки и акции. Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето излагање на 83. Генерално собрание на Интерпол…
повеќе...Tag: министерка
Одбележани „Денови на приватното обезбедување 2014“
Со промоција на современ Обучен и испитен центар за кадрите од областа на приватното обезбедување и „Коментар на законот за приватно обезбедување“ во издание на Комората, денеска беа одбележани „Денови на приватното обезбедување 2014“. „Коментарот“, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која присуствуваше на одбележвуањето, значи појаснување на сите законски одредби со реални ситуации во праксата, кои, подвлече, во голема мера ќе им помогнат на работниците во делот на приватното обезбедување во нивното секојдневно спроведување на Законот. „Од крајот на оваа година се воведува и сосема нов систем на…
повеќе...Нова музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940–1949″
Амбиентот на новата музејска поставка е збогатен со употреба на ликовно решение насловено како „Патека на децата бегалци“ кое овозможува секој посетител да стане дел од нивното минато и барем за миг, да се соочи со голготата низ која поминале илјадници семејства кои изоделе пеш 100 километри од тогашната грчко-југословенска граница до Преспа … Во Музејот на Македонија денеска беше промовирана новата музејска поставка „Македонците бегалци во Втората светска војна и граѓанската војна во Грција 1940 – 1949″. На 400 квадратни метри претставена е една нова потресна аудио-возуелна нарација на…
повеќе...Меѓународна конференција во Охрид – „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“
„Разменетите искуства и согледувања изнесени на оваа меѓународна конференција ќе допринесат во разбирањето на феноменот на радикализација на младите лица но и во изнаоѓање соодветни модели за негово сузбивање и превенирање“, истакна, меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во денешното поздравно обраќање во рамки на дводневната меѓународна конференција на тема – “Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“ што се одржува во Охрид. Јанкулоска потенцираше дека станува збор за комплексна појава, каде посебно ранлива категорија се млади лица со нецелосно оформено образование, најчесто од нестабилни социјални средини,…
повеќе...Македонија и Италија негуваат исклучително добра соработка во областа на културата
Канческа-Милевска информираше и дека во Република Македонија со низа настани, ќе се одбележи претседателството на Република Италија со Европската Унија. Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку културни содржини кои се организираат во соработка со Амбасадата на Република Италија … „Република Македонија и Република Италија негуваат исклучително добра соработка во областа на културата, а оваа за нас пријателска земја е истовремено и наш голем партнер и поддржувач во реализацијата на бројни културни иницијативи“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонскиот народен театар, за…
повеќе...Министерката за култура се обрати на Третиот светски форум за култура и културни индустрии
На панел-дискусијата, пред присутните експерти и други гости, меѓу кои и амбасадорот на Република Македонија во Италија, Оливер Шамбевски, министерката за култура потенцираше дека развојот на културата во РМ е правопропорционален со развојот на државата … „Зачувување, а не уништување, конструктивен пристап, а не деструкција, заедништво и заемна почит – тоа се основните принципи на културата кои сите ние треба да ги почитуваме,“ истакна министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска денеска во своето обраќање пред многу присутните на Третиот светски форум за култура и културни индустрии кој на темата „Култура, креативност…
повеќе...Свечен прием за делегатите на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Музејот на македонската борба се обрати на свеченоста по повод започнувањето на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори, чиј домаќин, од 28 до 30 септември, е Сојузот на композиторите на Македонија … Во присуство на Алфонс Карабуда, претседател на Европската алијанса на композиторите (ЕАКС); Сони Петровски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) и Јана Андреевска, претставник на СОКОМ во ЕАКС, Канческа-Милевска на присутните делегати им посака срдечно и топло добредојде. „Уште на почетокот би сакала да го изразам задоволството за…
повеќе...Иконата „Ангел од Курбиново” за тројцата добитници на наградите на „Браќа Манаки”
Пред свеченото доделување на наградите, на коктелот во хотелот Епинал, на ѕвездата на фестивалот Жулиет Бинош, директорката на фестивалот, Лабина Митевска и’ подари во името на Министерството за култура и министерката Канческа-Милевска икона со Ангелот од Курбиново, а директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Дарко Башески на актерката и’ подари гердан со македонски рубин. Како што беше објавено, 35-тото издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 13 до 19 септември. Во Битола доаѓа една од најголемите светски актерки, Оскаровката Жулиет Бинош. Добитник на специјалната награда „Златна камера…
повеќе...Борис Трајанов одликуван со титулата „национален уметник на Република Македонија“
Оперскиот пејач Борис Трајанов денеска во присуство на личности од политичкиот и општествениот живот, меѓу кои и неговата професорка, 91-годишната Бисерка Цвејиќ, во чија класа магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Белград, ја прими титулата „национален уметник на Република Македонија“. Титулата национален уметник на Трајанов, кој е четврти носител на ова престижно признание, му ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. „Борис Трајанов со својот глас на најпрестижните светски оперски сцени ја претставува Република Македонија во најдобро светло и посведочува за нашата култура, уметност и духовност. Со овој…
повеќе...Претставувања на македонската култура низ светот до крајот на 2014
Македонската култура преку проектите на националните установи до крајот на годинава ќе биде претставена во неколку светски центри. Покрај фестивалските гостувања, подготвени се и меѓународни презентации со кои Република Македонија ќе одбележи две децении од воспоставување дипломатски односи – со Австрија, Чешка и Јапонија … Планираните активности денеска на прес-конференција ги најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, истакнувајќи дека меѓународното претставување на македонската култура е еден од приоритетите во културната политика. „Во периодот што претстои атрактивни културни содржини од сите дејности на културата ќе бидат презентирани во неколку светски метрополи……
повеќе...