Отворена изложба со дела од академик Глигор Чемерски

Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, синоќа во преполниот салон на галеријата на Српската академија на науките и уметностите во Белград, Република Србија се обрати на отворањето на изложбата со дела од творештвото на еден од најзначајните современи македонски уметници, академик Глигор Чемерски, насловена „Настани и знаци на земјата македонска“. Во присуство на голем број гости од општествениот и културниот живот на Република Србија, меѓу кои и српскиот министер за култура Иван Тасовац, академици од Српската и од Македонската академија на науките и уметностите, амбасадорката на Република Македонија во оваа земја…

повеќе...

Во завршна фаза се активностите за конзервација на Еврејските гробишта во Штип

По археолошките истражувања, најпрвин беа извршени конзерваторски зафати на секторите со гробните места кои беа најмногу оштетени, а потоа се премина и на конзервација на помалку оштетените. За време на активностите, досега се конзервирани повеќе од 73 гробни места, кои целосно ќе бидат заштитени до крајот на овој месец … Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, во завршна фаза се активностите за конзервација и реставрација на Еврејските гробишта во Штип, со што овој значаен комплекс ќе биде ставен во функција на промоција на културното и историското…

повеќе...

Националните галерии на Македонија и на Албанија потпишаа Меморандум за соработка

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, на покана од албанскиот заменик-министер за култура Зев Чуни, деновиве престојуваше во Тирана, Република Албанија. За време на престојот, државниот секретар Шехаби оствари средба и со министерката за култура на Република Албанија Мирела Кумбаро, на која беше констатирана успешната соработка во сферата на култура меѓу двете земји, а која е резултат на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Со Програмата се отвори…

повеќе...

Меѓународна министерска конференција „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”

Вчера и денеска, во Софија, Република Бугарија, се одржува Меѓународна министерска конференција: „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” која што е организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Свое учество на министерката конференција зеде и министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски која говорејќи на темата рече дека во последните децении, Република…

повеќе...

Реконципирана музејската поставка во Спомен-собата на Гоце Делчев

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети НУ Конзерваторски центар – Скопје, каде што во завршна фаза е Спомен-собата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. „Ние и во Програмата на Владата ставивме реконципирање на музејските поставки во нашите институции. Спомен-собата на Гоце Делчев е реализирана во таа насока. Се работи за една мултимедијална, интерактивна музејска поставка, која е прекрасно изработена. Идејата е на Румен Ќамилов, а проектот е од огромно и исклучително значење во делот на едукативната мисија“ – рече Канческа-Милевска. Таа информира дека посетителите ќе имаат можност да се…

повеќе...

Зголемен бројот на термини и на прегледи

Бројот на термини за преглед овој месец е зголемен за 12 проценти споредено со истиот период минатата година. Поконкретно, во мај 2015 година во системот се евидентирани 380.784 термини, додека овој месец 425.979 термини. За 16 проценти, пак, е зголемен бројот на прегледи. Ова го покажуваат податоците од Национален систем за електронски евиденции во здравството „Мој термин“, кои денеска на прес-конференција ги презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Eдна од реформите, која доби меѓународни признанија и е меѓународно призната, нагласи, е реформата „Мој термин“. „Наша постојана битка е да го…

повеќе...

Отворени 44-тите Мајски оперски вечери

Годинешните „Мајски оперски вечери“ вклучуваат 15 настани, 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери“. Публиката покрај „Евгениј Онегин“ ќе има можност да ги чуе и оперите „Риголето“, „Хофманови приказни“, „Турандот“ и Вердиевата „Аида“ со која традиционално на 31 мај се затвораат „Мајските оперски вечери“ … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонската опера и балет присуствуваше на премиера на операта „Евгениј Онегин“ на Петар Илич Чајковски, со која свечено беа отворени 44-тото издание на традиционалната манифестација „Мајски оперски вечери“. Операта „Евгениј Онегин“ во…

повеќе...

Поддршка од претседателите на Словенија, Хрватска и Црна Гора за што побрза интеграција на Македонија во НАТО

На вториот ден од Форумот „To Be Secure” на Претседателскиот панел „Presidential Discussions: Sharing Security = Sharing Responsibility” претседателите на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ и Република Словенија, Борут Пахор истакнаа дека Република Мaкедонија треба што поскоро да се интегрира во евроатлантските структури. Претседателот Пахор побара политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа беше истакнато дека земјите од регионот припаѓаат на Европа, и затоа не треба процесот на нивна интеграција да го именуваме како проширување, туку како консолидирање на Европа. Затоа и двата…

повеќе...

Македонија е партнер од доверба подготвен да биде дел од НАТО: министерот Јолевски на меѓународен форум во Црна Гора

„Република Македонија е партнер од доверба кој ги исполни сите критериуми да биде дел од НАТО и од Европската Унија. Ние вложивме големи напори да обезбедиме хумани услови за мигрантите и нивен транзит низ нашата земја“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски во денешното обраќање на меѓународниот форум „To Be Secure“ кој денес и утре се одржува во Будва, Црна Гора. Во однос на решавањето на овие предизвици, министерот Јолевски го поздрави договорот помеѓу Европската Унија и Турција и повика на создавање на сеопфатна стратегија која ќе ги опфати не…

повеќе...

Завршни активности околу непосредната заштита на црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран

Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија се реализира непосредната заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век. Проектот, кој го спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, целосно ќе биде завршен до крајот на годинава во спомен на стогодишнината од бомбардирањето на црквата во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставена надвор од употреба. Неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба.…

повеќе...