Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник „Браќа Миладиновци“ на СВП 2016

Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот. Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и рече дека „Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградта „Димитар Митрев“ за…

повеќе...

Свечено доделени наградите на победниците на Охридскиот пливачки маратон

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов свечено им ги врачи пехарите и наградите на победниците на годинешниот, 30-ти по ред Охридски пливачки маратон, на македонскиот пливач Томи Стефановски и победникот во женска конкуренција, Олга Козидуб од Украина. Претседателот Иванов во поздравното обраќање на свечениот приемна пливачките маратонци истакна дека чест и задоволство е да се биде покровител на една од најзначајните спортски манифестации во Македонија. „ Дозволете од се срце да им честитам за постигнатото и на победниците и на оние кои годинава не се закитија со трофеите. Сакам…

повеќе...

Иванов ќе се обрати на свечениот прием на пливачите-маратонци и ќе ги врачи наградите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес присуствува на големата спортска меѓународна манифестација „Охридски пливачки маратон”, кој годинава се одржува по 30 – ти пат. Трката стартува од комплексот „Св. Наум” во 12:00 часот, а се очекува првите маратонци да пристигнат на целта кај градското пристаниште после 17:00 часот. На 30 километри долгата патека „Климе Савин” ќе се натпреваруваат вкупно 17 пливачи од целиот свет, 8 во машка и 9 во женска конкуренција. На годинешниот маратон Република Македонија ја претставуваат Евгениј Поп Ацев, Томи Стефановски и Александар Илиевски. Претседателот Иванов, вечерва со…

повеќе...

Златен медал за ученичка од „Христо Узунов“ на 20-та јуниорска математичка олимпијада

На 20-та јуниорска математичка олимпијада, што се одржа на 28.05 2016 година, во конкуренција од 54 ученици на возраст до 15,5 години, ученичката од ОУ „Христо Узунов“, Oхрид, Христина Митреска VIII одделение под менторство на наставничката Виолета Китеска освои златен медал.

повеќе...

Награди за ученици од ОУ „Григор Прличев“ на XX Јуниорска математичка македонска олимпијада

На XX Јуниорска математичка македонска олимпијада  што се одржа на 28ми мај во Скопје, учениците од ОУ „Григор Прличев“, Охрид ги постигнаа следните резултати: -Ангела Трпческа, IX одделение -златен медал, ментор: Марика Бубеска -Ана Димоска, VIII одделение -сребрен медал, ментор: Лилјана Фанкоска -Венеса Бакреска IX одделение -пофалница, ментор: Марика Бубеска -Петар Мишов, VII одделение -пофалница, ментор: Александар Ангелавски.

повеќе...

Бројни успеси на основците од „Григор Прличев“ на Регионалните и Државните натпревари

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ со бројни успеси на Државните и Регионалните натпревари. На Државниот натпревар по физика одржан на 21.05.2016 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учениците од ОУ „Григор Прличев” постигнаа високи резултати и ги освоија следните награди: Ана Димоска VIII одд прва награда Венеса Бакреска IX одд прва награда Кирил Ковачески IX одд трета награда Петар Лекоски IX одд трета награда Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска. На државниот натпревар по географија ученикот Горан Кичеец IX одд. го освои I место, под менторство на наставникот…

повеќе...

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ трети на Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“

Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12ти до 15ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. На натпреварот учествуваа средни стручни училишта од Балканот – Србија, Словенија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го…

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ учествуваа на Државната изложба на детски ликовни творби

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа на 41-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Ученичката Барбара Ѓореска од VIII – 3 одделение ја освои првата награда, под менторство на наставникот Ристе Никлески, а додека ученикот Филип Настоски од I -3, под менторство на наставничката Славица Настоска се здоби со диплома за успешно учество.

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ освои второ место на училишните игри без граници

Основците од ОУ  „Живко Чинго“, Велгошти освоија второ место на овогодинешните училишни игри без граници. Групата ја сочинуваа учениците: Ивана Коческа, Кристина Латкоска, Дарко Ложанкоски, Филип Пердулоски, ученици од осмо одделение. „Честитки на учениците за постигнатиот висок успех на натпреварот, им посакувам и понатамошни успеси во спортот“ – вели директорот Ѓоко Чингоски. WebOhrid

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ освоија две први места на Регионалниот натпревар „Детски Семафор“

На регионалниот натпревар на сообраќајно- воспитната манифестација „ Детски семафор“, што викендов се одржа во Кичево, учениците од ОУ „Кочо Рацин“ освоија две први места и второ место во екипна конкуренција. Со ваквиот резултат, охридската екипа обезбеди пласман на Државниот натпревар кој на 20 мај ќе се одржи во Скопје. Првото место во машка конкуренција го освои Петар Вељаноски, а во женска конкуренција Каролина Ѓореска. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничката Јулија Крстева, во екипна конкуренција го освоија второто место. Целта на сообраќајно-воспитната манифестација “Детски семафор” е…

повеќе...