ВМРО-НП нема да учествува на изборите на 5 јуни

ВМРО-Народна партија, чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, објави дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Од партијата велат дека нема да приклучат кон ниту една политичка коалиција. „ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите во согласност со препораките на меѓународната заедница, кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Договорот од Пржино, предизвика жестоки реакции и на…

повеќе...

ВМРО-НП: Редно е Бакрачески и Спасески да сработат нешто

ОК на ВМРО-Народна партија Охрид денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На вчерашана седница на Советот на Општина Охрид, Димитар Спасески во улога на секретар, а во името на градоначалникот Бакрачески, уште еднаш покажа дека Локалната самоуправа нема слух за образованието во Охрид. Имено, за информација на граѓаните, инвестициите на Бакрачески и Спасески во образованието во 2015 година изнесуваат вкупно цели 16.000 евра. Исто така, Владата на Република Македонија единствените средства вложени во образованието во Охрид ги вложи во реконструкција на мала училишна сала во Косел. За трагедијата…

повеќе...

ВМРО-НП: Владата да ги повлече предлог проектите и да ја запре постапката за измени на планот за управување со НП Галичица

ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Почитувани Охриѓани и граѓани на Република Македонија, ВМРО – Народна партија, како единствена демо-христијанска партија со цврста десничарска ориентација во своите идеолошки определби, будно го следи процесот на јавната расправа по предлог измените на планот за управување со Националниот парк Галичица и во оваа прилика сакаме јавно да го истакнеме нашиот став по основ на истото. Следејќи го целиот процес уште од самиот почеток, односно афирмацијата на Субрата Рој од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,…

повеќе...

ВМРО-НП со честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба

ВМРО – Народна партија упатува честитки до сите граѓани по повод Денот на Македонската револуционерна борба. „Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ. Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале. Борбата за слобода продолжува!“ –…

повеќе...

ВМРО-НП со честитка до граѓаните по повод 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание

ВМРО – Народна партија на сите граѓани на Охрид и Охридско им ја честита 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание. „Овој значаен дел од македонската историја посебно за Охрид во кој востаниците на чело со војводата Петар Чаулев успале да ги протераат српските војски и администрацијата од регионот во Охрид и Струга, не смее никако да биде заборавен. Востанието е исто така значајно што македонските чети го кренале заедно со албанскиот револуционерен округ со кои заедно заробиле неколку српски офицери на овие простори. По десетина дена борба, за жал…

повеќе...

Заврши фестивалот за народна култура „Пображење“ – Вевчани

Синоќа на Анфитеатарот во Вевчани со Етно звуците на Ансамблот на народни инструменти и песни „Стефче Стојкоски“ од Скопје заврши Фестивалот на народна култура „Пображење“ – Вевчани кој годинава се одржа по 5-ти пат,  од 17-ти до 19-ти август. Организаторите, КУД „Дримкол“ од Вевчани задоволни од ова издание и мотивирани за уште поголеми залгања на „Пображење“ во Вевчани. „Преображение Христово е голем празник кој сам по себе носи голема радост кај сите Вевчанци, а фестивалот за народна култура „Пображење“ е само дополнение на таа радост, збогатување на културната и туристичка понуда…

повеќе...

Фестивал на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Под покровителство на Министерството за култура вчера во Вевчани започна петтиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење“. На отворањето на фестивалот пред присутните се обрати заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој истакна дека како на ниту едно друго место во Македонија, традицијата не се чува како семејна вредност како во Вевчани. „Македонските народни ора кои ќе бидат презентирани во рамките на фестивалот имаат важно место во македонскиот фолклор и во музичка традиција. Токму ова нематеријално културно наследство како духовно богатство на македонскиот народ, пренесувано од генерација на генерација, сведочи…

повеќе...

„Непокор“ – проект за афирмација и поддршка на македонската изворна музика

Во Музејот на македонската борба синоќа беше промовирано аудиоизданието„Непокор“, проект во продукција на Македонската радио телевизија, во соработка и со поддршка на Министерството за култура. Целта на проектот е афирмирање и поддршка на македонската музика, творештво и музичка сцена. Дел од песните веќе беа телевизиски промовирани во ревијалниот дел на фестивалот „Цветници 2015“. „Непокор“ содржи 12 стари револуционерни песни од македонската музичка ризница во аранжман и обработка на Никола Мицевски, а посветени на дел од најпознатите личности и настани од македонското револуционерно минато од Илинденскиот период, опеани во народот и оставени…

повеќе...

ВМРО-НП: Охрид не е град на палмите

ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија не се согласува со поставувањето на новите палми во Охрид. Во недостиг на проекти, власта сака да ја замајува јавноста со вакви непромислени потези и постапки. Охрид не е препознатлив по палми. Ваков сличен експеримент и самите власти видоа дека не успева уште пред две години кога се поставуваа и други палми во градот кои за брзо време самите се уништија. Залудно потрошените пари за палмите ќе останат како една од многуте лоши постапки на…

повеќе...

ВМРО-НП: Се гледа крајот на режимот

ОК на ВМРО – Народна партија испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Резултатот од добрите и успешни политики на ДПМНЕ, како на централно, така и на локално ниво, ги видовме на „големиот народен“ собир на партијата. Дебаклот кој го доживеаја во саботата ги покажа одговорот на граѓаните за нивното работење. Автобусите кои беа донесени од скоро цела западна и централна Македонија не помогнаа да се наполни салата и Груевски да се обрати пред полна сала. Да не зборуваме за охриѓани кои беа во многу мал број иако во изминатите…

повеќе...